Skip to main content
European School Education Platform
Interview

Education Talks: „Патеки до училиштен успех“

Професор Пол Даунс, директор на Центарот за образовна обесправеност при Институтот за образование на Градскиот универзитет во Даблин, неодамна ги сподели своите размислувања за новиот предлог на Европската комисија за Препорака на Советот за „Патеки кон училиштен успех“. Документот содржи мерки за политики за справување со предвременото напуштање на образованието и слабите образовни постигнувања во однос на основните вештини.
Interview visual - Paul Downes

Јас сум професор Пол Даунс, професор по психологија на образование и директор на Центарот за образовна обесправеност при Институтот за образование на Градскиот универзитет во Даблин.

 

Кои се најголемите предизвици за подобрување на образовните исходи?

 

Голема загриженост создава опасната комбинација на сиромаштија и постпандемиско влијание. Во споредба со резултатите од ПИСА 2018 веќе се забележува загрижувачко влошување на основните вештини за читање, математика и природни науки кај еден од пет ученици во Европа.

 

Како би го дефинирале училишниот успех?

 

Тоа е во голема мера холистички пристап каде успехот се нагласува како добросостојба и социјален и личен развој на нашите деца и млади. Развивање на социјалните и личните компетенции, самосвест и се разбира, на тоа ниво, се вклучува и превенцијата на врсничко насилство, затоа што врсничкото насилство е антитеза на здравата комуникација.

 

Препорака на Советот за „Патеките кон училиштен успех“

 

Секако, еден од клучните слоеви на новата иницијатива е пораката до земјите членки да интегрираат стратегии за спречување на предвременото напуштање на образованието и на врсничкото насилство. Овде имаме низа слоеви што се додадени во Препораката на Советот од 2011 година. Тие вклучуваат поголем фокус на диференцијацијата на потребите, да се направи разлика меѓу универзалните пристапи на стратегиите од насочените пристапи кон група, и од индивидуалната интензивна поддршка. Аголот на диференцијација е клучна разлика. Исто така, препознаен е и пристапот на ниво на цело училиште, нешто што го немаше во пристапот од 2011 година, дека треба да ги гледаме училиштата како системи, системи на односи, на стратешки интервенции, како и, се разбира, мултидисциплинарните тимови во училиштата и околу нив: меѓусекторскиот аспект, за обединување на клучните сектори.

 

Како може да ги поддржиме учениците?

 

Па, со некои очигледни стратегии на превентивно ниво кои ќе треба да бидат цврсто вградени и кои ќе се засноваат на добра база на докази, како на пример, програми за носење книги дома насочени кон семејства во голема сиромаштија со цел тие да имаат добри ресурси за читање во своите домови, да им се всади љубов кон читањето коешто е клучно не само за способноста за читање, туку и за сите образовни постигнувања. Во однос на нивото на интервенција, некои од очигледните би биле, на пример, моделот на Луксембург за јазични медијатори. Нив ако ги земеме како пример, тие имаат околу 37 различни јазици, за коишто би имале медијатори за решавање на јазичните проблеми. Во однос на аспектот на компензација, мислам дека има јасни часови по компензаторно образование, дури и во конвенционалниот систем. Тие вклучуваат работи, како што се јавните признанија за достигнувања преку награди и церемонии за оддавање признание за постигнатото. Ова е нешто што не создава трошоци и што би можело почесто да се практикува во конвенционалниот систем.

 

Како можеме да им дадеме поддршка на наставниците?

 

Мислам дека очигледна можност за поддршка овде е целата област на ресторативна практика, којашто опфаќа еден дијапазон на мошне едноставни пристапи на прашување и комуникација и треба да се разликува од ресторативната правда, што претставува сосем различна иницијатива. Ресторативната практика во училиштата претставува економичен и едноставен, а сепак многу нијансиран и фокусиран начин на подобрување на културата на комуникација во училиштето преку отворени прашања кои помагаат во негување емпатија и заземање перспектива, не само кај учениците, туку и кај кадарот.

 

Преку кои мерки може да се поддржат пристапите на ниво на цело училиште?

 

Пристапите на ниво на цело училиште треба да го слушнат гласот на учениците и родителите, а особено на маргинализираните ученици и оние во ризик од исклученост, да слушнат што им создава загриженост во рамки на училишниот систем. И, се разбира, што се однесува до мултидисциплинарниот тим, ние треба да препознаеме дека ја прошируваме нашата концепција за училиштето. Училиштето не се сведува само на наставниците и учениците. Училиштето е и место каде низа други клучни професионалци може да се ангажираат околу пошироките холистички потреби во поддршка на нашите деца и млади.

 

Клучни елементи на „Патеките до училиштен успех“

 

  • Превенција/Интервенција/ Компензација
  • Пристап на ниво на цело училиште
  • Потреби на учениците
  • Ангажираност/ Постигнување/ Добросостојба
  • Собирање и следење податоци
  • Системски пристапи

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Government staff / policy maker
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator