Skip to main content
European School Education Platform

Европската платформа за училишно образование и нејзините услуги

Покрената во 2022 година, Европската платформа за училишно образование претставува централно место за средба на сите чинители во полето на училишното образование – училиштен кадар, истражувачи, креатори на политики и останати професионалци – коешто ги опфаќа сите нивоа, од предучилишно образование и грижа, па сè до основно и средно образование, вклучително и иницијално стручно образование и обука. На платформата се наоѓа и еТвининг, заедницата на училишта во Европа.

Оваа повеќејазична онлајн платформа е бесплатна за сите корисници. Овде може:

 

 

  • Да бидете во тек со нови содржини што се објавуваат секоја недела, вклучително мислења на експерти, статии, интервјуа, актуелни новости и примери од праксата.
  • Да најдете ресурси, како на пример извештаи од неодамнешни истражувања, наставни материјали изработени во рамки на европски проекти и курсеви за обука, како и Европската збирка алатки за училишта која содржи материјали за спречување на појавата на предвремено напуштање на образованието и алатка за самопроцена за да ви помогне во развојот на сопствени училишни активности.
  • Да се запознаете со можностите за финансирање преку Еразмус+, коишто се состојат од три практични алатки (каталог со курсеви, директориум со можности за мобилност и функција за пребарување стратешки партнерства) за училиштата да можат да ги подготват своите апликации за Еразмус+.
  • Да се развивате себеси преку можностите за професионален развој, како на пример бесплатни онлајн курсеви, вебинари и наставни материјали во соработка со EU Academy. 
  • Да водите интеракција, да соработувате и да развивате проекти со друг проверен училиштен кадар од Европа од заедницата на еТвининг. 

 

Европската платформа за училишно образование и заедницата на еТвининг се возможни благодарение на финансирањето од Еразмус+, Европската програма за образование, обука, млади и спорт. Тие се иницијативи на Генералниот директорат за образование, млади, спорт и  култура на Европската комисија. Со нив раководат European Schoolnet (координација, содржина и услуги) и Tremend Software Consulting SRL (техничка инфраструктура) во рамки на договори за услуги склучени со Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA).

 
Заедницата на еТвининг постои благодарение на поддршката од националните организации за поддршка финансирани од Еразмус+ преку договори за грантови склучени со Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Исто така, дел од успехот на платформата се должи и на партнерите кои даваат своја поддршка.


 

еТвининг

Покрената во 2005 година, еТвининг претставува заедница којашто е исклучиво отворена за наставници и останат училиштен кадар од полето на иницијално стручно образование и обука и од полето на образование кое го опфаќа периодот од предучилишно образование и грижа, па сè до последните години од средното образование, од земјите кои се дел од еТвининг. еТвининг е персонификација на методологија, на педагошки пристап, на заедница на пракса, и на платформа која овозможува иновација, комуникација и соработка.


Главни чинители на еТвининг се регистрираните корисници (еТвинери), националните организации за поддршка (NSO), Централната служба за поддршка (CSS), Европската комисија (Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура) и Европската извршна агенција за образование и култура.

 
Придружувајќи се на еТвининг, училишниот кадар ќе може да ги искуси придобивките што ги носи со себе членувањето во „Заедницата на училишта во Европа“. Регистрираните и проверените еТвинери имаат пристап до делот од еТвининг кој е со ограничен пристап, како и до други специјализирани функции на Европската платформа за училишно образование.


На европско ниво, актуелната Централна служба за поддршка (CSS) ја координира мрежата на национални организации за поддршка заедно со Европската комисија и со Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Таа е задолжена за делот на еТвининг, којшто претставува целосно повеќејазична веб-страница која нуди алатки и услуги преку кои училишниот кадар може да се регистрира, да најде партнери и да соработува. Исто така, Централната служба за поддршка нуди услуги за педагошка и техничка поддршка и организира обуки за наставници на еТвининг на конкретни теми.

 

Повеќе за еТвининг може да прочитате овде. 

 

 

About

Find out more about European School Education Platform

Национални организации за поддршка на еТвининг

Националните организации за поддршка се задолжени да вршат проверка на новорегистрираните корисници, да го промовираат еТвининг во нивната земја, да им помагаат на наставниците во подготовката и спроведувањето на проектите, да ги наградуваат училиштата за нивното успешно учество во проекти на еТвининг, да организираат обуки за наставници, и да се погрижат еТвининг да се развива на начин кој одговара на конкретните потреби на локалните училишта.

Erasmus+ National Agencies

The EU works with National Agencies to bring the Erasmus+ programme as close as possible to participants.

Партнери за поддршка

Партнерите за поддршка на Европската платформа за училишно образование се иницијативи, тела и невладини организации чии начела, вредности и цели се поклопуваат со оние на платформата.

еТвининг за идни наставници

еТвининг вклучува иницијално образование за наставници (ITE) како стратегија за проширување на својот опсег на делување и вклучување на идните наставници. Сè поголем број примери покажуваат дека воведувањето на еТвининг во образованието на студентите идни наставници им е од голема корист ним и на нивните установи.