Ознаките за квалитет на еТвининг им се доделуваат на наставници и на ученици за нивната индивидуална работа на проекти врз основа на заедничка рамка за евалуација.
За Европската ознака за квалитет се оценува работата на сите наставници и ученици кои учествуваат во проект на еТвининг.
Ознаката за еТвининг училиште им се доделува на училишта кои се активни во промовирањето на вредностите и педагогијата на еТвининг, кои се референтна точка за нивната локална заедница и кои претставуваат модел за другите училишта.
Европската јазична ознака е награда која го поттикнува развојот на нови техники и иницијативи во полето на учење и подучување јазици, како и унапредување на интеркултурната свест низ Европа. Таа се доделува на проекти финансирани од Еразмус+ и на други иницијативи од сите полиња на образование и обука.
Како дел од програмата за акредитација на Еразмус во рамки на Клучната акција 1, најуспешните акредитирани организации во полињата на образование на возрасни, стручно образование и обука, и училишно образование, добиваат ознаки за извонредност за спроведувањето висококвалитетни проекти за мобилност.
Европските еТвининг награди се највисоката почест што наставниците и учениците може да ја добијат за нивните извонредни залагања во рамки на еТвининг.
Европската награда за иновативна настава ги истакнува иновативните практики на подучување и учење развиени во рамки на европски проекти за соработка во полињата на училишно образование и иницијално стручно образование и обука. Иницијативата се надоврзува на програмата Еразмус+.