Skip to main content
European School Education Platform

Известување за заштита на податоци

Европската извршна агенција за образование и култура („EACEA“) е посветена на зачувување на заштитата на вашите лични податоци. Ова известување дава информации за вашите права во врска со заштитата на податоците и за тоа како вашите лични податоци се обработуваат од страна на EACEA во согласност со Регулативата (ЕУ) бр. 2018/1725 за заштита на личните податоци од страна на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата [1] („Регулатива за заштита на податоците“).

1. Кој е одговорен за обработка на вашите лични податоци (контролор на податоци)?

Контролор е European Education and Culture Executive Agency (EACEA), BE-1049 Brussels [Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA), BE-1049 Брисел]. 
Лице назначено како одговорно за обработката е раководителот на Одделот А6 - Платформи, студии и анализи. 
Адресата на е-пошта за контакт е eacea-eplus-esep@ec.europa.eu 

2. За која цел ги обработуваме вашите податоци?

Европската платформа за училишно образование („Платформата“) е место за средба на училишната образовна заедница - училиштен персонал, истражувачи и креатори на политики - за споделување новости, интервјуа, публикации, практични примери, курсеви и партнери за нивните Еразмус+ проекти. Нејзиниот дел за еТвининг е посветен на еТвинерите и на нивните активности.

eTвинерите се дефинирани како регистрирани корисници на Платформата кои, по постапката за валидација од страна на Националните организации за поддршка (NSO), добиваат пристап до ограничената зона од eTвининг и нејзините функционалности за соработка.

Посебниот дел од Платформата, наречен „еТвининг“, обезбедува зона со ограничен пристап за училишниот персонал (наставници, директори на училишта, библиотекари) од земјите поврзани со Еразмус+, за соработка, развивање заеднички проекти, споделување ресурси и вклучување во активности во заедницата. Пристап до зоната на еТвининг се одобрува само откако корисниците ќе бидат валидирани од страна на NSO на нивната соодветна земја.

European Schoolnet (EUN) е ангажирана од EACEA за координирање на активности поврзани со Платформата (статии, видеа, поткасти, онлајн курсеви итн.) и за извршување специфични задачи во поддршка на ангажираноста на корисниците во заедницата (конференции, работилници, настани итн.).

За платформата, обработката на податоци е неопходна за да им се овозможи на регистрираните корисници да:

  • Прават објави во делот за поврзување за да пронајдат партнери за проекти
  • Објавуваат описи на курсеви кои ќе бидат вклучени во каталогот на курсеви
  • Аплицираат за онлајн настани и настани на лице место организирани од EUN во контекст на проектните задачи
  • Учествуваат во анкети, алатки за самооценување и отворени повици
  • Учествуваат во онлајн курсеви управувани од EUN и реализирани преку EU Academy
  • Да се претплатат на информативните билтени преку Newsroom

Покрај горенаведеното, за делот на еТвининг, обработката на податоци е неопходна за да им се овозможи на еТвинерите да:

  • Споделуваат информации како дел од ангажирањето на заедницата на еТвинери и регистрирањето и спроведувањето проекти за соработка
  • Комуницираат и соработуваат во рамките на проектните активности
  • Вклучат ученици во активностите од нивниот проект што се одвиваат во ограничената зона (TwinSpace)
  • Ги олеснат активностите за следење и истражување реализирани од EUN

Дополнително, личните податоци на одредени корисници се обработуваат, со нивна согласност, при објавување статии на Платформата, вклучувајќи слики, цитати и припадност.

Обработката на податоци е потребна за:

  • Да им се овозможи на регистрираните корисници да учествуваат на онлајн и хибридни настани
  • Статистика на веб-страницата, регистрирање на искуството при прелистување на посетителот
  • Објавување уредничка содржина преку Платформата и деловите на еТвининг, што вклучува стручни статии, коишто споделуваат сознанија од експерти, и практични статии, коишто ги истакнуваат иновативните методи на настава и ги прикажуваат најдобрите практики од училиштата, наставниците и заедницата на еТвининг.
  • Запишување на регистрираните корисници на курсот на EU Academy избран преку Платформата
  • Пристап до курсот во околината на EU Academy
  • Спроведување кратки педагошки анкети и анкети за извештаи за следење за да се овозможат и олеснат активностите за следење и истражување во врска со активностите на Платформата
  • На поединците да им се обезбедат сертификати за завршување на онлајн курсеви, како и сертификати, во дигитална и печатена форма, или трофеи, во врска со Европските награди на еТвининг, ознаките за еТвининг училишта, и националните и европските ознаки за квалитет.
  • Изработка и дисеминација на видеа со најдобри практики од училишта, наставници, корисници на еТвининг, добитници на Европските награди на еТвининг
  • Обезбедување услуги за поддршка и одговарање на барања за информации од службата за помош
  • Испраќање на претплатниците новости и релевантни информации поврзани со Платформата или со еТвининг и нивно информирање за различни теми од областа на услугите на ЕК преку информативните билтени
  • Поефективно и поефикасно управување со активностите на Платформата/еТвининг на социјалните мрежи, собирање аналитички податоци за интеракцијата на публиката на сметките што Платформата ги има на социјалните мрежи со цел да се процени влијанието на комуникациските активности.

Вашите лични податоци нема да се користат за автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање.

3. Кои лични податоци се обработуваат?

За да се изврши операцијата на обработка, може да се обработуваат следниве податоци:

  • Лични идентификациски броеви (лична карта, пасош итн.)
  • Податоците за контакт на субјектите на податоци (имиња и адреси, вклучувајќи адреси на е-пошта)
  • Податоци за регистрација/учество на состанок, итн.
  • Физички карактеристики на лицата: слика, глас, видеоснимка итн.
  • Надоместоци и банкарски сметки
  • Информации за кариерата на субјектот на податоци
  • Комуникација на субјектите на податоци преку телефон, е-пошта итн.
  • Гео/локализација, IP-адреса.

Информациите за диететски барања собрани за потребите на кетеринг на настани на лице место може, во зависност од тоа што субјектот на податоци ќе одлучи да обелодени, да откријат податоци во врска со здравјето (на пр. алергии, интолеранции) или религиските или филозофските верувања (на пр. халал, кошер, вегетаријански, вегански). Таквите податоци се обработуваат само врз основа на изречна согласност од субјектот на податоци (член 10(2)(а) од Регулативата (ЕУ) 2018/1725), се пренесуваат до давателот на услугата за кетеринг во анонимизирана форма, се уништуваат веднаш по настанот и во секој случај најдоцна еден месец по настанот и не се користат за никаква друга цел.

Видови лични податоци што се собираат од корисниците на Платформата

Задолжителни податоци

За да се регистрираат на Платформата, поединците:

  • Мора да пристапат преку сметка на EU Login којашто вклучува: име, презиме и е-пошта. Таквите податоци ќе бидат обработени за да се создаде сметка на Платформата.
  • Мора да ги дадат следниве задолжителни лични податоци: префериран јазик, тип на член (улога во организацијата), ниво на образование и земја на работа.

Опционални податоци

Профили на корисниците: Може да се собираат опционални лични податоци за збогатување на профилот на корисниците, вклучувајќи: слики, опис на корисникот, локација, јазици што ги зборува, предмети и теми од интерес, врски до сметки на социјалните мрежи како што се Facebook, Instagram или LinkedIn.

Објави за пронаоѓање партнери: На корисниците им е дозволено да споделуваат содржина и фотографии што може да содржат лични информации.

Статии: Повремено, лични податоци може да бидат вклучени во статиите објавени на Платформата. Секое вклучување на лични податоци доброволно доставени од корисникот на Платформата ќе биде одговорност на корисникот.

Каталог на курсеви: Платформата нуди каталог на курсеви чија содржина ја доставуваат регистрирани корисници. Записите вклучуваат поле за слободен текст кое авторот може да го уредува и може да содржи лични податоци.

Анкети: EUN, како дел од своите проектни активности, редовно објавува анкети: евалуација на онлајн курсеви, анкети за задоволство на корисниците, прашалници за самооценување, отворени повици за учество во фокус групи или интервјуа за истражување разни педагошки прашања. Корисниците што учествуваат во овие анкети се упатуваат кон EU Survey, кое има своја изјава за приватност и до која испитаниците мора да се придржуваат. Одговорите на корисниците на анкетите, резултатите од прашањата за самооценување може да содржат лични податоци надвор од она што се собира како податоци за креирање на сметката EU Login.

Фокус групи: Корисниците што учествуваат во фокус групи и/или интервјуа може да споделат дополнителни лични податоци, чија обработка е предмет на нивната сопствена изјава за приватност.

Онлајн курсеви: Регистрираните корисници можат да учествуваат во онлајн курсевите на EU Academy. По пријавувањето, корисниците се пренасочуваат кон платформата за е-учење на EU Academy каде што се одржуваат курсевите на EU Academy. Платформата на EU Academy ја управува ЕК и има своја политика за приватност до која учесниците мора да се придржуваат. Активностите што учесниците ги спроведуваат во рамки на курсевите, вклучувајќи ги податоците од проценка и резултатите од обуките, ги обработува EUN за спроведување на проектните активности.

Информативни билтени: Корисниците може доброволно да се претплатат на информативните билтени на Платформата со уредување на нивната профилна страница или за време на регистрацијата. Личните податоци што се собираат вклучуваат: е-адреси и претпочитан јазик.

Настани од трети лица: Корисниците може да учествуваат во курсеви и настани што се одржуваат онлајн и на лице место, а кои се промовирани преку Платформата, организирани од трети лица кои имаат свои политики за приватност.

Видови лични податоци што се собираат од еТвинерите

Покрај личните податоци што се собираат од корисниците за регистрација на Платформата како што е опишано погоре, од еТвинерите се собираат и следниве податоци:

Задолжителни податоци

Земја/регион на работа, име на организација, предмети што ги предава, возраст на учениците со кои работи.

Опционални податоци во случај еТвинерот да е дополнително вклучен во активностите на еТвининг 

Сите лични податоци содржани во јавните канали, објави и содржини објавени доброволно.

eTвинерите можат да учествуваат во TwinSpaces, групи и соби. Кога се споделуваат лични податоци, тие се обработуваат на следниов начин:

TwinSpaces се простори за соработка каде наставниците работат со партнери. Учениците (кои може да се малолетни), исто така, учествуваат на покана од своите наставници откако ќе добијат претходно согласност од своите родители. Наставниците се грижат процедурите за информирана согласност, согласно обврските од Регулативата 2018/1725 и нивната национална регулатива за заштита на податоци, да бидат воспоставени и му потврдуваат на EUN, преку јасно, активно афирмативно дејство, дека добиле информирана согласност од родителите/законските старатели и писмена согласност од учениците кои се неписмени, пред да се изврши собирање на личните податоци на малолетниците. Малолетниците и нивните родители/законски старатели се информирани дека нивните лични податоци ќе бидат споделени со EUN. Тие лични податоци се бришат што е можно поскоро кога повеќе не се потребни во согласност со политиката за задржување наведена во изјавата за приватност на EUN.

еТвининг собите и групите се виртуелни простори каде што наставниците можат да дискутираат и да се среќаваат онлајн. Преку горенаведените простори за соработка не се собираат дополнителни податоци од еТвинерите, освен кога тие доброволно откриваат лични информации преку коментари, дискусии или споделена содржина.

Надворешни алатки: TwinSpaces и групите овозможуваат надворешни алатки за комуникација, соработка и објавување да бидат вградени во нивните страници. Корисниците можат доброволно да изберат да споделуваат коментари, фотографии, видеа и/или други лични податоци. Овие алатки применуваат свои политики за приватност кои јасно се споделуваат со крајните корисници.

Онлајн настани и настани на лице место: Видовите лични податоци што се собираат се: име, презиме, потписи, земја, професија, звање, податоци од слика и звук, IP-адреса, диететски барања (доколку настанот е на лице место).

Други видови податоци што се собираат, а се поврзани со активностите и услугите на Платформата

Веб-аналитика: Информации од личен карактер претежно (не)агрегирани и анонимизирани, наведени во политиката за колачиња на Платформата преку колачиња од прва страна.

Уреднички активности

  • Од автори: Основни информации за идентитетот, потписи, професија, звања, слика, кратка биографија, какви било лични податоци доброволно споделени од авторот во содржината
  • Од учесниците во повикот: име и презиме, адреса на е-пошта, земја на потекло, биографии

Сертификати за завршување на онлајн курсеви: имиња, презимиња, потписи, адреси на е-пошта и име на училиште.

Видеа и поткасти: основни информации за идентитетот, националност, професија, звање, потписи, податоци од слика и звук.

Координација на Националните организации за поддршка: основни информации за идентитетот, професија, звање, име, презиме, род, службени адреси на е-пошта, земја на потекло, организација и улога во организацијата.

Систем за техничка поддршка на корисници: име, адреса на е-пошта, какви било лични податоци што субјектот на податоци ќе избере да ги сподели во полињата за тема/текстуална порака и како прилог.

Управување со социјалните медиуми - аналитика на комуникациските активности: имиња, кориснички имиња, податоци од слики, какви било лични податоци содржани во коментари/пораки, адреси на е-пошта и поврзаната временска ознака.

4. Кој има пристап до вашите лични податоци и кому се обелоденуваат?

Податоци што се јавно достапни

Дел од личните податоци доставени од регистрирани корисници се јавно прикажани на Платформата, што ги прави таквите информации слободно достапни на интернет. Регистрираните корисници можат да ја контролираат видливоста на своите лични податоци преку функциите „видливост на профилот“ и „кој може да контактира со вас“ во своите профили. Податоците што можат да бидат јавни со согласност на корисникот се опишани подолу.

Податоци за корисниците на платформата:

  • Профилот (име, презиме, слика, доколку ја има, земја, улога, опис со слободен текст, вклучувајќи ги и сметките на социјалните медиуми) може да биде јавен ако корисникот ја овозможи видливоста на профилот за „сите на интернет“.
  • Објавите споделени од регистрираните корисници се јавни и мора да се во согласност со Условите за користење
  • Описите на курсевите се јавни во каталогот на курсеви

Податоци достапни за други регистрирани корисници

Други лични податоци може да се споделат со други регистрирани корисници на следниов начин:

  • Профилна страница, вклучувајќи ги следните информации: име, презиме, земја на работа, слика, доколку има, организација/-ии со кои е поврзан/-а, улога, какви било лични податоци што корисникот ќе избере да ги сподели во полето за слободен текст (биографија), јазици што ги говори, теми/предмети за кои е заинтересиран/-а, проекти во кои учествува и дали корисникот е валидиран од еТвининг, социјалните медиуми се достапни за други регистрирани корисници во случај видливоста да е поставена на „корисници регистрирани на Платформата“.
  • Активноста на корисниците на онлајн курсевите е достапна за сите учесници во тој курс.

Податоци достапни за одредени примачи

  • Преносот на податоци до трети лица (на пр. Портал за отворени податоци на ЕК, истражувачки центри и универзитети) може да се дозволи со посебно овластување од EACEA и во овие случаи, податоците ќе се споделуваат во агрегиран формат.
  • Имињата, адресите на е-пошта и изборот на курсеви на корисниците на Платформата кои одлучуваат да посетуваат онлајн курсеви спроведени преку платформата на EU Academy се споделуваат со персоналот назначен од платформата на EU Academy, согласно политиката за приватност на EU Academy.
  • За сите податоци собрани преку EU Survey, за кои се применува посебна изјава за одрекување од одговорност, личните податоци се споделуваат со персоналот назначен од платформата EU Survey.
  • За сите податоци собрани преку Newsroom и користени за информативни билтени, за кои се применува посебна изјава за одрекување од одговорност, личните податоци се споделуваат со персоналот назначен од службата Newsroom на ЕК.

Податоци достапни за EACEA, обработувачи и подобработувачи

Пристап до сите податоци им е обезбеден на персоналот на EACEA одговорен за извршување на оваа операција на обработка и на обработувачите на податоци и подобработувачот наведени погоре во точка 6 според принципот „треба да се знае“.

Категории на примачи на податоци во врска со личните податоци на еТвинерите

Покрај горенаведените одредби, кои важат за сите регистрирани корисници, вклучувајќи ги и еТвинерите, личните податоци на еТвинерите може да бидат видливи за одредени категории како што следува:

Податоци достапни за други еТвинери

  • Во ограничената зона на еТвининг на Платформата, eTвинерите можат да пристапат до целиот сет на лични податоци на другите eTвинери, освен адресите на е-пошта на корисниците и податоците за контакт на директорите на училиштата.
  • Сите лични податоци споделени доброволно од страна на еТвинерите се достапни во делот „Мојот еТвининг“, во групите на еТвининг, во собите и во TwinSpaces само за соодветните членови на тие делови од платформата.
  • Личните податоци на учениците, доколку се присутни во ограничените зони наменети за соработка меѓу партнерите во рамки на проектите (TwinSpaces), се видливи за другите членови на проектот.

Податоци достапни за Националните организации за поддршка (NSO)

Националните организации за поддршка имаат директен пристап до целиот сет на податоци на еТвинерите за да ја потврдат/управуваат со регистрацијата на еТвинерите и да извршуваат поврзани активности. Националните организации за поддршка имаат пристап само до податоците на корисниците од нивните соодветни земји.

Личните податоци на учениците, доколку се присутни во ограничените зони наменети за соработка меѓу партнерите во рамки на проектите (TwinSpaces), се видливи за Националната организација за поддршка во случај таквите проекти да бидат предмет на евалуација за Национални ознаки за квалитет.

Категории на примачи на податоци во врска со личните податоци и на корисниците на Платформата и на еТвинерите

Личните податоци обработени во контекст на Платформата, вклучувајќи го и делот за еТвининг, може да им бидат обелоденети на јавни органи во согласност со законодавството на Унијата и на земјите членки, како што се Европскиот суд на правдата, надлежниот национален судија, како и адвокатите и застапниците на страните во случај на судски постапки, Канцеларијата за административни истраги и дисциплински постапки на Европската комисија (IDOC), надлежниот орган за именување во случај на барање или жалба поднесена согласно член 90 од Правилникот за работни односи, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Службата за внатрешна ревизија на Комисијата (IAS), Судот на ревизори, Европскиот омбудсман, Европскиот супервизор за заштита на податоци (EDPS) и Европското јавно обвинителство (EPPO).

За онлајн настани – настани на лице место: Примачи на податоци се EUN, EACEA, Националните организации за поддршка, споменатите надворешни платформи/даватели на услуги (како што се MS Teams, YouTube и Eventtia). И онлајн настаните и хибридните настани се пренесуваат во живо преку различни канали, вклучувајќи YouTube, MS Teams, Платформата и аудиовизуелната услуга на ЕК. Диететските информации за учесниците собрани преку формулари за регистрација (во врска со настани на лице место) се споделуваат со давателот на услугата на кетеринг на анонимен начин. Што се однесува до Годишната конференција, личните податоци на учесниците се споделуваат со ангажираната туристичка агенција за да се организира патувањето и сместувањето.

За веб-аналитика: Примачи на податоци се ЕК (DIGIT), EUN и Tremend.

За уредувачки активности: Статиите се јавно достапни преку каналите на социјалните медиуми на EUN и на Платформата. Во случај да се соберат цитати, тие се прикажуваат на Платформата или на социјалните медиуми, заедно со името и презимето на соработникот. Личните податоци собрани преку формуларот за повик за придонес се достапни за соодветните Национални организации за поддршка.

За запишување на корисниците на курсеви на EU Academy: Имињата, адресите на е-пошта и изборот на курсеви на корисниците на Платформата што посетуваат курсеви за обука ќе бидат споделени и обработени од EU Academy на Европската комисија за целите на обезбедување такви обуки, согласно политиките за приватност на EU Academy. Податоците за напредокот на посетителите на обуката и исходот од курсот за обука се достапни за модераторите на Платформата заради собирање и споделување акредитиви за обука.

За анкети: Примачи на податоци се EUN, надворешната платформа (т.е. EU Survey) што се користи за спроведување анкети.

За сертификати за завршување на онлајн курсеви: Примачи на податоци се EACEA, EUN, HOFI, соодветните Национални организации за поддршка кои го оценуваат проектот и ги доделуваат Националните ознаки за квалитет, Европските ознаки за квалитет, Ознаките за еТвининг училиште и Европските еТвининг награди како дел од договорот за грант што го имаат со Агенцијата, наставниците кои ги собираат потпишаните формулари за согласност од родителите и малолетните деца.

За видеа и поткасти: Примачи на податоци се EUN, EACEA, надворешни платформи (како што е MS Teams). Локални аудиовизуелни партнери повремено се ангажираат за да снимаат на лице место во име на EUN.

За координација на Националните организации за поддршка: Примачи на податоци се EACEA, EUN, Националните организации за поддршка што се членки, надворешни платформи (како што е MS Teams).

За систем за техничка поддршка на корисници: Примачи на податоци се EUN, изведувачот од областа на информациската технологија за следење на барањата. EAC и EACEA по барање за цели на следење. Националната организација за поддршка на вклучениот корисник за цели на поддршка.

За информативни билтени (Платформата и еТвининг): Примачи на податоци се ЕК (Службата за вести), Tremend и EUN.

За управување со социјалните медиуми - аналитика на комуникациските активности: Примачи на податоци се EC, EACEA, EUN, надворешни алатки, како што е Meta.

Пренос на податоци надвор од ЕУ или ЕЕО

Регистрирани корисници на платформата

EUN директно не ги пренесува личните податоци на регистрираните корисници на Платформата во земји надвор од Европската Унија („ЕУ“) ниту од Европската економска област („ЕЕО“).

еТвинери

Личните податоци на еТвинерите може да се пренесат во трети земји надвор од ЕУ или ЕЕO: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Јордан, Либан, Косово [2], Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Палестина [2], Србија, Тунис и Турција.

Примарната цел на преносот е да им се овозможи на Националните организации за поддршка да ги потврдат личните податоци на eTвинерите, поточно нивната поврзаност со училиште во земјата каде што се наоѓа таа Национална организација за поддршка. Ова им овозможува на Националните организации за поддршка да ги исполнат своите договорни обврски според договорот за грант со EACEA, вклучително и доделување на Национални ознаки за квалитет, Европски ознаки за квалитет, Ознаки за еТвининг училиште и Европски еТвининг награди. Националните организации за поддршка добиваат лични податоци само на eTвинерите од нивната земја.

Видовите лични податоци што им се пренесуваат на Националните организации за поддршка вклучуваат:

  • Задолжителни податоци за еТвинерот: корисничко име, адреса на е-пошта, име, презиме, улога во училиштето (доколку е наставник, предметите што ги предава), јазик/-ци за комуникација, возраст на учениците, опис на корисникот
  • Податоци за директорот на училиштето: име, презиме, службена адреса на е-пошта
  • Опционални податоци што доброволно ги споделува еТвинерот (на пр. податоци од слики, лични податоци што еТвинерот избира да ги сподели на форуми и други алатки за онлајн комуникација преку коментари, фотографии и видеа).

Трансферите до овие земји се неопходни од причини од јавен интерес и се засноваат на член 50(1)(г) од Регулативата (ЕУ) 2018/1725, како што е признаено во следното право на Унијата:

  • Член 14 од Повелбата за основните права на Европската Унија
  • Член 26 од Универзалната декларација за човекови права
  • Член 11 од Договорот за Европската Унија
  • Член 15 од Договорот за функционирање на Европската Унија

Покрај тоа, податоците може да им се обелоденат на јавни органи во согласност со законодавството на Унијата и на земјите членки, како што се Европскиот суд на правдата, надлежниот национален судија, како и адвокатите и застапниците на страните во случај на судски постапки, Канцеларијата за административни истраги и дисциплински постапки на Европската комисија (IDOC), надлежниот орган за именување во случај на барање или жалба поднесена согласно член 90 од Правилникот за работни односи, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Службата за внатрешна ревизија на Комисијата (IAS), Судот на ревизори, Европскиот омбудсман, Европскиот супервизор за заштита на податоци (EDPS) и Европското јавно обвинителство (EPPO).

Лични податоци на ЕК, EACEA, EUN и на Националните организации за поддршка

Понатаму, EUN, EК, EACEA и Националните организации за поддршка пренесуваат и споделуваат документи преку наменскиот канал на Комисијата на MS Teams. Од тој аспект, ограничени лични податоци (име, презиме, адреса на е-пошта, припадност) на претставници на Националните организации за поддршка, EUN и EК може да се пренесат во Соединетите Американски Држави („САД“) преку MS 365 околината. Сите такви трансфери се предмет на соодветни заштитни мерки, имено одлуката за соодветност со САД од нејзиното стапување во сила во 2023 година.

Податоци поврзани со активностите на Платформата

За онлајн настани – настани на лице место: Меѓународниот пренос на податоци може да се изврши преку MS Teams и YouTube. Eventtia се користи за регистрација на онлајн настани и настани на лице место. Некои настани на лице место се организираат на локација надвор од ЕУ каде што се наоѓаат Националните организации за поддршка.

За уредувачки активности: Меѓународниот пренос на податоци може да се случи затоа што статиите, кои содржат лични податоци на авторите, како и цитатите собрани од соработниците, се јавно достапни на интернет.

За анкети: Меѓународниот пренос на податоци може да се случи бидејќи за спроведување на некои од анкетите се користи MS Forms.

За сертификати за завршување онлајн курсеви: Меѓународниот пренос на податоци може да се случи бидејќи некои Национални организации за поддршка што го оценуваат проектот може да се наоѓаат во земја што не е членка на ЕУ.

За видеа и поткасти: Меѓународниот пренос на податоци може да се случи бидејќи за снимање видеа/поткасти се користат MS Teams и Restream.

За координација на Националните организации за поддршка: Меѓународниот пренос на податоци може да се случи бидејќи за координирање на Националните организации за поддршка се користи MS Teams на сметката на EК. Исто така, Националните организации за поддршка комуницираат едни со други и реализираат активности заедно, а не сите организации се наоѓаат во ЕУ.

За систем за техничка поддршка на корисниците: Меѓународниот пренос на податоци може да се случи ако барателот е со седиште во земја надвор од ЕУ.

За информативни билтени (Платформата и еТвининг): Меѓународниот пренос на податоци може да се случи бидејќи корисниците кои се претплатиле на кој било од билтените може да се наоѓаат надвор од ЕУ.

За управување со социјалните медиуми - аналитика на комуникациските активности: Во принцип не се користат надворешни платформи. Исклучок се серверите на поврзаните канали, како што се Meta и X, преку кои се одвива фактичката комуникација со заинтересираните страни (корисници на социјалните медиуми). Оваа обработка/потенцијални преноси на податоци се регулирани со политиката за приватност на соодветниот канал на социјалните медиуми (кој делува како посебен контролор).

5. Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?

Процес на анонимизација на кориснички сметки

За сите регистрирани корисници, вклучувајќи ги и еТвинерите, личните податоци поврзани со нивниот профил се чуваат три години по последното најавување на корисникот. По овој период, личните податоци на корисниците автоматски се анонимизираат на следниов начин:

Две недели пред истекот на тригодишниот период, до корисникот се испраќа известување со кое се информира дека неговиот профил ќе се претвори во анонимен, освен ако не се најави во следните две недели. Доколку корисникот не се најави во рамките на овој период, сите лични податоци поврзани со профилот автоматски ќе се анонимизираат.

Корисниците со анонимизирана сметка кои сакаат да продолжат да ја користат Платформата мора повторно да се регистрираат. Анонимизираните податоци, во агрегатна форма, се чуваат исклучиво за цели на истражување и следење и им се на располагање на EACEA, Европската комисија, националните или регионалните училишни власти, органите задолжени за спроведување на Платформата и други трети лица (видете точка 6) врз основа на овластување од контролорот на податоци.

Лични податоци споделени во корпоративните алатки на EК

Периодите на чување на личните податоци обработени од ЕК за управување со сметки на EU Login, спроведување анкети и алатки за самооценување преку EU Survey и управување со онлајн курсеви преку EU Academy, се предмет на нивните соодветни политики за приватност.

Лични податоци споделени во надворешни алатки

Периодот на чување на личните податоци што корисникот на Платформата можеби ги споделил преку надворешни алатки (на пр. за време на онлајн курс кога користи надворешна онлајн алатка, како што се Facebook, Padlet итн.) или преку регистрирање за онлајн курсеви и настани или курсеви и настани на лице место организирани од трети лица, е предмет на политиката за приватност на тоа трето лице.

Периоди на чување податоци за различни активности

Информативни билтени: Личните податоци што се собираат за претплата на билтени се чуваат сè додека корисникот не ја откаже претплатата. Претплатите поврзани со анонимизирани сметки се бришат автоматски.

Онлајн настани - настани на лице место: Собраните лични податоци се чуваат максимум 5 години по завршувањето на тековниот договор за услуги или кога субјектот на податоците ќе ја повлече својата согласност. Податоците за диететските барања се уништуваат веднаш по настанот, а во секој случај не подолго од 1 месец по настанот. Податоците од слики/звук се чуваат максимум 3 години по датумот на настанот.

Веб-аналитика: Задржувањето на податоци за секој тип колаче е наведено овде.

Уредувачки активности: Собраните лични податоци се чуваат максимум 5 години по завршувањето на тековниот договор за услуги или сѐ додека субјектот на податоците не ја повлече својата согласност, односно онаа ситуација што ќе настапи порано.

Курсеви на EU Academy: Деталите за учеството во курсеви се чуваат сè додека корисникот е регистриран на Платформата. Корисниците се регистрирани на Платформата сè додека не се анонимизираат. Други податоци што може да ги споделат учесниците на курсевите се бришат веднаш по завршувањето на курсот.

Анкети: Собраните лични податоци се чуваат максимум 5 години по завршувањето на договорот или сѐ додека субјектот на податоците не ја повлече својата согласност, односно онаа ситуација што ќе настапи порано.

Сертификати за завршување на онлајн курсеви: Податоците се чуваат до крајот на активноста, имено до изработката на сертификатите. Потоа, сите податоци трајно се бришат од серверите на EUN.

Видеа и поткасти: Собраните лични податоци се чуваат максимум 5 години по завршувањето на тековниот договор за услуги или сѐ додека субјектот на податоците не ја повлече својата согласност, односно онаа ситуација што ќе настапи порано. Податоците од слика/звук се чуваат максимум 3 години по датумот на изработка.

Координација на Националните организации за поддршка: Собраните лични податоци се чуваат сè додека субјектот на податоците не ја повлече својата согласност.

Систем за техничка поддршка на корисниците: Собраните лични податоци се чуваат сè додека барањето за корисничка поддршка не биде успешно решено, по што податоците се бришат од серверите на EUN.

Управување со социјални медиуми - аналитика на комуникациски активности: Собраните лични податоци се чуваат максимум 5 години по завршувањето на тековниот договор за услуги.

6. Како ги заштитуваме и чуваме вашите лични податоци?

EACEA презема релевантни организациски и технички мерки за да ја обезбеди безбедноста на вашите лични податоци.

Назначен е Корпоративен службеник за локална информатичка безбедност (C-LISO). Неговата улога вклучува надзор над усогласеноста на Агенцијата со релевантните прописи и примената на безбедносните мерки препорачани од DIGIT.

Техничките мерки вклучуваат соодветни активности за справување со проблеми поврзани со безбедноста на интернет, ризикот од губење на податоци, измената на податоци или неовластениот пристап, земајќи го предвид ризикот што го претставува обработката, како и природата на личните податоци што се обработуваат.

Организациските мерки вклучуваат ограничување на пристапот до личните податоци само на овластени лица со легитимна потреба да ги знаат тие податоци за целите на оваа операција на обработка. Пристапот до вашите податоци се врши преку систем за автентикација на индивидуална основа преку корисничко име и лозинка. Вашите податоци се наоѓаат на серверите на Европската комисија, кои се придржуваат кон строги безбедносни мерки имплементирани од Европската комисија (DG DIGIT) за заштита на безбедноста и интегритетот на релевантните електронски средства. EACEA е воедно обврзана со Одлуката на Комисијата 2017/46 од 10.01.2017 година за безбедноста на комуникациските и информациските системи во ЕК.

Подизведувачите на EACEA се обврзани со специфична договорна клаузула за какви било операции за обработка на вашите податоци во име на EACEA и со обврските за доверливост што произлегуваат од транспонирањето на Општата регулатива за заштита на личните податоци во земјите членки на ЕУ (ОРЗЛП (ЕУ) 2016/679).

7. Кои се вашите права во врска со вашите лични податоци и како можете да ги остварите?

Според одредбите од регулативата за заштита на податоци, имате право да побарате од контролорот пристап до личните податоци што EACEA ги чува за вас, како и да ги коригирате вашите лични податоци во случај тие да се неточни или нецелосни.

Доколку е применливо, имате право да побарате бришење на вашите лични податоци и да го ограничите нивното обработување.

Исто така, имате право во секое време да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци врз основа на вашата конкретна ситуација, освен ако EACEA не покаже убедливи и преовладувачки легитимни основи или во случај на правни побарувања.

Имате право на преносливост на податоците.

Кога обработката се заснова на ваша согласност, имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време, без да влијаете на законитоста на обработката што се извршила пред таквото повлекување.

Сепак, контролорот на податоци може да ги ограничи правата на субјектите на податоци врз основа на член 25 од Регулативата за заштита на податоци (во исклучителни околности и со заштитните мерки утврдени во Регулативата). Ваквите ограничувања се предвидени во внатрешните правила усвоени од EACEA и објавени во Службениот весник на Европската Унија.

Таквото ограничување ќе биде пропорционално, временски ограничено и ќе ја почитува суштината на горенаведените права. Ќе биде укинато штом околностите што го оправдуваат ограничувањето повеќе не се применливи. Во принцип, ќе бидете информирани за главните причини за ограничувањето, освен во случај кога таквата информација би можела да го поништи ефектот на ограничувањето. Во таков случај може да се примени поконкретно известување за заштита на податоци.

8. Информации за контакт

Доколку имате прашања или сакате да ги остварите вашите права согласно Регулативата за заштита на податоци или доколку сакате да поднесете претставка во врска со обработката на вашите лични податоци, ве замолуваме да контактирате со Контролорот на податоци (видете ги податоците за контакт во точка 1).

Можете воедно да контактирате и со Службеникот за заштита на податоци на EACEA на следната е-пошта: eacea-data-protection@ec.europa.eu.

Можете да поднесете претставка до Европскиот супервизор за заштита на податоци: www.edps.europa.eu.

9. Врз која законска основа ги обработуваме вашите лични податоци?

Ги обработуваме вашите лични податоци, бидејќи:

  • обработката е неопходна заради извршување на задача што се реализира во јавен интерес или при вршење службено овластување доверено на институцијата или телото на Унијата (како што е утврдено во правото на Унијата);
  • обработката е неопходна заради извршување на договор во кој субјектот на податоци е страна или за да се преземат чекори на барање на субјектот на податоци пред склучување на договор;
  • субјектот на податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе специфични цели;

Ова се законите на Унијата кои се основа за таква обработка:

  • Регулатива на Советот бр. 58/2003 од 19 декември 2002 година, за утврдување на Статутот на извршните агенции на кои им се доверени одредени задачи во управувањето со програмите на ЕУ;
  • Одлука за спроведување (ЕУ) 2021/173 на Комисијата од 12 февруари 2021 година за основање на Европската извршна агенција за образование и култура;
  • Одлука на Комисијата C(2021)951 од 12 февруари 2021 година за делегирање на овластувања на Европската извршна агенција за образование и култура со цел извршување задачи поврзани со спроведувањето на програмите на Унијата во областа на образованието, аудиовизуелната индустрија и културата, граѓанството и солидарноста;
  • Регулатива (ЕУ) 2021/817 за воспоставување на програмата Еразмус+.

Се обработува следната посебна категорија лични податоци: здравствени податоци/диететски барања за кетеринг за време на настани на лице место. Ги обработуваме посебните категории лични податоци наведени погоре, бидејќи:

  • субјектот на податоци дал изречна согласност за обработка за една или повеќе наведени цели.


[1]

Регулатива (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018 година за заштита на физичките лица во однос на обработката на лични податоци од страна на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата и за слободното движење на таквите податоци, и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 45/2001 и Одлуката бр. 1247/2002/ЕЗ Текст од релевантност за ЕЕO, ОЈ L 295, 21.11.2018 година, стр. 39.

[2]

Косово: Оваа ознака не прејудицира ставови во однос на статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за декларацијата за независност на Косово.

Палестина: Ова означување не треба да се толкува како признавање на државата Палестина и не ги прејудицира индивидуалните ставови на земјите членки по ова прашање.