еТвининг за идни наставници

Од практично применување на вештините на 21 век, па сè до учество во меѓународни проекти за соработка, активностите поврзани со „еТвининг за идни наставници“ се совршен пример за тоа како еТвининг може да помогне во развојот на новите генерации наставници.
Придонесот на еТвининг во иницијалното образование на наставниците ги нуди следниве придобивки:
- откривање и примена на проектна настава и мултидисциплинарна работа,
- развој на ИКТ и јазични вештини,
- европски, меѓународни и интеркултурни искуства,
- развој на професионални вештини (управување со проекти, поставување цели, планирање, тимска работа),
- размислување за професионалната пракса; размена со наставници од други образовни системи.
Како може да учествувате?
Моделите за воведување на еТвининг се разликуваат во зависност од земјата и установата, но вклучуваат две главни активности:
- воведување на модулот „Вовед во еТвининг“ во студиската програма за иницијално образование на наставници,
- креирање мали колаборативни еТвининг проекти за едукатори на наставници и/или за студенти идни наставници (на локално, национално и меѓународно ниво), или мали еТвининг проекти со ученици кога студентите идни наставници се на пракса во училиштата.
Националните организации за поддршка на еТвининг им обезбедуваат на установите за иницијално образование на наставници обуки, техничка поддршка и помош во поврзувањето на установите со студенти од други земји.
Со цел собирање информации за начините на кои може да се учествува, установите за иницијално образование на наставници (едукаторите и студентите идни наставници) на располагање имаат еТвининг групи, различни модели, примери на активности за иницијално образование на наставници, галерија со презентации и форум за наоѓање партнери.
Како може да се придружите?
Овој дел од еТвининг е ограничен само на одреден број установи кои мора да имаат официјален договор со националната организација за поддршка од нивната земја. Ако сте студент иден наставник или едукатор на наставници и би сакале да дознаете повеќе, обратете се кај вашата национална организација за поддршка.