Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform

Вклучете се

Веруваме во моќта на партнерствата, што ни помага да изградиме посилна, поповрзана европска образовна средина.

Без разлика дали сте експерт, просветен работник, истражувач или пак претставувате организација, можете да се поврзете со Европската платформа за училишно образование, да придонесете кон заедницата на еТвининг и да го проширите вашиот досег.

Еве како може да се вклучите  

Партнери за поддршка: Организациите и иницијативите што исполнуваат одредени услови се добредојдени да аплицираат за мрежата на Партнери за поддршка. Како партнер за поддршка можете да се поврзете со други организации и да добиете видливост. Исто така, можете да ги споделите вашите ресурси и педагошки материјали со заедницата на еТвининг и да дадете свој придонес во онлајн настани и настани на лице место организирани од Европската платформа за училишно образование.

Конференции: Нашите настани и конференции ги обединуваат на едно место наставниците од цела Европа. Доколку сте експерт за образование кој бара можности да сподели сознанија и да се вклучи во интеракција со меѓународна публика, би сакале да ве запознаеме. 

еТвининг за идни наставници – Иницијално образование на наставници: Универзитетите и истражувачите се поканети да истражат како иницијативата еТвининг за идни наставници може да ги подготви идните генерации европски наставници. Откријте ги придобивките од вклучувањето на идните просветни работници во колаборативни образовни искуства. 

Каталог на курсеви: Каталогот на курсеви на платформата е местото каде што организаторите на обуки можат да ги презентираат своите курсеви. Доколку организирате курсеви со физичко присуство како дел од активностите за мобилност на вашето училиште преку Еразмус+, каталогот е идеално место да ги претставите вашите понуди и да се поврзете со публика од цела Европа.

Станете соработник на платформата: За да дознаете за други начини на кои може да придонесете, погледнете во повикот за соработници.

Дознајте повеќе од нашата уредничка содржина 

Содржината што ја имаме објавено ги истражува идеите, политиките и практиките кои моментално го обликуваат образованието во Европа.

  • Поткасти: Истражете ја серијата поткасти „Teachers of Europe“, создадена за поддршка на наставниците кои работат во училиштата со цел справувањето со вообичаените предизвици во училницата, во која соговорници се наставници кои ќе ги инспирираат другите да ги следат нивните стапки.
  • Education Talks: Гледајте интервјуа каде експертите ги споделуваат своите сознанија и размислувања за образованието и за образовните практики.
  • Стручни статии: Прочитајте детални придонеси од експерти за образование.

Заинтересирани сте да дадете свој интерес? Вашите сознанија и експертиза се добредојдени.

Контактирајте со нас овде

Што нудиме 

За организациите што соработуваат со нас, можеме да споделиме инспиративни идеи од нашата заедница за училишно образование и од нашата заедница на еТвининг. Можеме да ви обезбедиме презентации и друга содржина приспособена на вашата публика, на пример за соработка во училиштата, учење базирано на проекти, пристап на ниво на цело училиште, граѓанско образование или инклузивни практики.

Исто така, можеме да обезбедиме кратки статии за вашите канали што го прикажуваат позитивното влијание на платформата и на еТвининг врз учениците, наставниците и врз образовните системи како целина или да понудиме интервјуа со релевантни експерти и просветни работници вклучени во успешни проекти - на пример „успешни приказни“ од проекти на еТвининг или пронаоѓање партнери од Еразмус+.

Исто така, имаме можност да објавуваме настани (како што се вебинари или семинари) или содржина од организации што соработуваат со нас.

Заинтересирани сте да разговараме за додадената вредност што можеме да им ја дадеме на вашите активности и публика? 

Контактирајте со нас овде

Визуелен идентитет и промотивни материјали