Skip to main content
European School Education Platform
Peer-reviewed article

Педагошко искуство за создавање интердисциплинарни и лонгитудинални наставни програми за граѓанско образование: студија на случај од Италија

Италијанскиот училиштен систем се обидува да внесе некои радикални промени во своите наставни програми за граѓанско образование. Наставниците од различни области имаат клучна улога во одржувањето ефективни и привлечни часови по граѓанско образование.
Children walking in the school yard
Image: Pexels / Norma Mortenson

Наставниците ја спроведуваат наставната програма согласно своите епистемиолошки и идеолошки уверувања поврзани со учењето. Оттука, важно е какви уверувања имаат наставниците во однос на целите на граѓанското образование. Потребите на учениците и училишниот контекст се клучни при изборот на целните теми и тие ја одразуваат севкупната улога на поединецот во општество со конкретни културни вредности. Преку заедницата на практика, едукаторите ги споделуваат проблемите на дадена тема и ги продлабочуваат своите знаења и стручност во таа област преку постојана интеракција.

 

За да се реализираат глобалните промени и меѓународните цели, актуелните наставни програми за граѓанско образование треба да се ревидираат. Со државниот закон 92/2019 се направи обид за редефинирање на предметот преку промовирање негова меѓудисциплинарна и заедничка евалуација. Оттука, авторите и нивните колеги од градинките и од основните и средните училишта од истиот институт посветија 25 часа на формулирање и координирање планови за час фокусирајќи се на пет главни области во граѓанското образование, имено 1) игра и правила, 2) средина, 3) дигитален идентитет, 4) приврзаност, и 5) инклузија. Избраната методологија може грубо да се дефинира како акциско истражување.

 

Иако работеа самостојно, различните групи сепак успеаја да ги следат истите упатства и на крај дојдоа до истите прашања. Првиот добиен исход е комплет практични планови за час кои служат како водилка за учениците на возраст од 3-14 години и кои ги водат низ петте столба на граѓанското образование и доследно во рамки на сите дисциплини. Помислата дека ја споделуваат истата задача создаде одредена тензија поради перципираната тежина на таквата задача, меѓутоа, комбинацијата на стручност и тимска работа резултираше со еден впечатлив процес на стекнување одговорност и иновација.

 

Клучни зборови: граѓанско образование; заедница на практика; стручност на наставниците; обука на наставници на работното место.

Автори: Lucia Bombieri, Stefania Solazzo & Alessandra Trevisan

 

Преземете го целиот напис (PDF)

 

Овој труд беше испратен на конкурсот организиран во 2022 година и беше рецензиран од надворешни рецензенти. Видете ги овде сите статии избрани во рамки на истиот конкурс.

 

Additional information

  • Education type:
    Early Childhood Education and Care
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Early childhood education (ISCED 0)
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)

Tags

School subjects

Key competences