Skip to main content
European School Education Platform
News item

Онлајн конференција на еТвининг за иницијално образование на наставници: Обезбедување соработливи, инклузивни и одржливи професионални практики за идните наставници преку еТвининг

Онлајн конференцијата на еТвининг посветена на иницијалното образование на наставници, којашто се одржа од 30 ноември до 2 декември, обезбеди сознанија, инспирација и опипливи алатки за професионалците во полето на иницијално образование на наставници.
Kampus Production

Конференцијата официјално ја отвори Вилхем Вукович од Европската комисија.

 

Емануел Сигалас и Дејвид Кроузиер, аналитичари за политики од Европската извршна агенција за образование и култура, го имаа првото главно излагање. Осврнувајќи се на нееднаквоста во училишното и во високото образование на ниво на образовни системи, говорниците објаснија дека справувањето со нееднаквоста во училиштата треба да се врши на ниво на политики. Откако презентираа податоци од неколку европски земји во однос на напорите за постигнување еднаквост, Сигалас и Кроузиер им дадоа на наставниците конкретни идеи за тоа како да му пристапат на проблемот со нееднаквоста во нивните училници.

 

По првото главно излагање следеше една од главните точки на конференцијата: прогласувањето на установата за иницијално образование на наставници на годината. Наградата за еТвининг установа на годината му беше доделена на Универзитетот на Фиренца. По примањето на наградата, едукаторите на идни наставници одржаа презентација за нивните проекти за иницијално образование на наставници и за интегрирањето на овие проекти во наставната програма.

 

 

Вториот ден од конференцијата го отвори доцентот за иновации во високото образование од Универзитетот во Мастрихт, Александра Михаи. Нејзиниот говор насловен „Осмислување на едукативните доживувања по пандемијата“ се осврна на тоа како позитивните работи што ги научивме за време на пандемијата да ги преземеме и да ги интегрираме во образовните понуди во иднина. Михаи ги охрабри слушателите да ги преосмислат и да ги усовршат своите пристапи кон дизајнот на учење со цел да создадат богата и инклузивна средина за учење.

 

По одржувањето пет сесии работилници кои вклучуваа најразлични теми, од иницијално образование на наставници за почетници, па сè до онлајн настава во високото образование, учесниците ја слушнаа презентацијата на истражувачката во областа на рана кариера, Хулија Гарсија. Нејзината презентација се фокусираше на ИКТ во дигиталната трансформација на образованието во училиштата во јужна Шпанија. Откако ги истакна целите и методологијата на истражување, Гарсија ги претстави резултатите: односно дека училиштата се потпирале на координаторите за ИКТ да ја предводат промената, меѓутоа, наставниците биле клучни за спроведувањето на дигиталната стратегија.

 

Третиот ден од конференцијата беше отворен со втора серија работилници коишто опфаќаа теми како што се учењето засновано на проекти и моќта на инклузијата. Завршната активност на конференцијата претставуваше постер-презентација во рамки на која второрангираните кандидати за наградата за иницијално образование на наставници ја претставија својата училишна работа. Професори во полето на иницијално образование на наставници од Австрија, Хрватска, Финска, Словачка, Германија, Полска и Франција ги истакнаа интегрирањето во наставната програма, спроведувањето, како и идните планови во однос на нивните проекти.

Additional information

  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Higher education institution staff
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Post-secondary non-tertiary education (ISCED 4)