Skip to main content
European School Education Platform
News item

Образование и поддршка за украинските бегалци

Овде ќе најдете низа написи и ресурси за поддршка на интегрирањето на младите украински бегалци во образовните системи на земјите членки на ЕУ и земјите од Еразмус+. Оваа страница ќе биде редовно ажурирана со сите последни новости.
Stand with Ukraine

Онлајн платформи и ресурси на украински јазик


Онлајн образовни ресурси на украински јазик: настава во Украина во неповолни услови: Од 14 март 2022, училишната настава во повеќето региони на Украина продолжи со учење на далечина. Украинските ученици, и оние што се во земјата, и оние надвор од неа, имаат пристап до образовни онлајн материјали на украински јазик.

 

Упатство за политики


Поддршка на образовната инклузија на раселените деца од Украина: согледувања, клучни начела и практики за учебната 2022-2023 година: Овој Работен документ на службите на Комисијата има цел да ги собере на едно место моментално достапните колективни искуства и знаења и да обезбеди информации за добри практики и практични сознанија за да им помогне на земјите членки на ЕУ во процесот на образовна инклузија на раселените деца од Украина. Тој беше изработен од службите на Комисијата во консултација со Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), претставници на министерства за образование, организации на засегнати страни кои се состануваа на настани за колегијално учење помеѓу март и јуни 2022 година, и со експерти од Мрежата која работи на социјалната димензија на образованието и обуката (NESET).

Откријте ја целата поддршка од ЕУ за Украина на порталот Европска образовна област.

 

Образование за бегалците и ажурирања за солидарноста

 

Building hope – Europe’s solidarity with Ukraine: 15 inspiring Erasmus+ and European Solidarity Corps projects providing support to people affected by the war. The publication highlights 15 concrete examples of completed and ongoing cases where projects supported under Erasmus+ and European Solidarity Corps have had a tangible and positive influence on the lives of people in and from Ukraine. (February 2024)

Документи за политики на ОЕЦД за поддршка на украинските едукатори и признавање на претходното учење: ОЕЦД објави два документа за политики во врска со поддршката на украинските едукатори и студентите во високото образование.

Девојката која ги чуваше очите отворени - книга за деца: Оваа книга за деца има за цел да ја подигне свесноста за предизвиците со кои се соочуваат децата и возрасните кои бегаат од војна.

Отпорност на образовните системи: кои лекции може да се научат од Украина? Украинските училишта и наставници го покажаа својот капацитет да испорачуваат образование во екстремни и предизвикувачки околности, разгорувајќи го интересот за издржливоста на украинскиот образовен систем.

Украински бегалци и школување: Како да се надмине „дилемата на чекање“?: За многу раселени ученици од Украина, учебната 2023/24 година веќе ќе биде трета година на нарушено школување. Сепак, не сите деца посетуваат локални училишта во нивните земји домаќини во ЕУ.

Како Европа им посакува добре дојде на украинските деца-бегалци во установите за рано детско образование и згрижување (ECEC)?: Пред нешто повеќе од една година, милиони украински семејства, многумина со многу мали деца, побараа засолниште низ Европската унија од руската воена агресија врз нивната земја. Европските влади се обврзаа да понудат топло добре дојде и да обезбедат пристап до можности за образование, вклучително и ECEC.

Образованието во време на војна, низ очите на младите УкраинциТројца истрајни млади Украинци го бараат своето право на образование за време на екот на руската инвазија во овој документарен филм кој ни го крши срцето, но сепак влева надежен, создаден како дел од кампањата #EducationNoMatterWhat на DG ECHO. 

Поддршка на родителската вклученост кај новодојдените мигрантски и бегалски семејства:Вклучувањето на родителите е важно за успехот на децата на училиште, а особено е важно за поранливите деца. Затоа, важно е да се поддржат новодојдените родители мигранти/бегалци и да се промовира активна соработка меѓу нив и училиштата. 

На Европа ѝ е потребно мировно образование – на мировното образование му е потребна Европа: Луѓето може да бидат подучени како на конструктивен начин да се справуваат со конфликтите и како да се намалат случаите на насилство. Со вклучување на сите, може да се обезбеди помирна иднина. Оние кои се залагаат за образование за мир се обврзаа да помогнат во сите корисни и неопходни процеси на учење кои одат во прилог на неговите цели. Во оваа статија, професор Ули Јегер и д-р Никол Рибер од Фондацијата „Бергхоф“ ќе ни кажат повеќе за мировното образование во Европа.

Поддршка на новодојдените ученици бегалци: Во 2022 година, училиштето бр. 361 во Варшава, Полска, имаше голем прилив на ученици бегалци од Украина. Во ова видео ќе научиме како училиштето ги пречека овие ученици и им помогна да го научат полскиот јазик, да соработуваат со своите нови врсници и што е најважно, да се чувствуваат безбедно.

Поддржување на социјалната и емоционалната благосостојба на учениците бегалци од Украина во земјите домаќини: Руската инвазија врз Украина доведе до најголемата криза со принудно раселување во поновата историја, при што голем дел од оние што бегаат се деца и млади луѓе. Училиштата играат клучна улога во справувањето со потребите на учениците бегалци и во промовирањето на нивниот социјален и емоционален развој и благосостојба. Ова е суштинска компонента за обезбедување на нивната вклученост во образованието и во општеството како целина.

Анкета за подучување историја од повеќе перспективи – Резултати: На Џорџ Сантајана му се припишува цитатот „Оние кои не ја знаат историјата, осудени се да ја повторуваат“ – и во таа насока, образованието по историја може да ја зајакне нашата колективна меморија со прикажување спротивставени погледи на историските настани. Преку оваа анкета сакаме да ги дознаеме вашите ставови за мултиперспективноста во образованието по историја.

Животи ставени на чекање: намери и перспективи за бегалците од Украина – извештај на УНХЦР: Еден неодамнешен извештај објавен од УНХЦР, Агенцијата за бегалци на ОН, го истакна влијанието од раселувањето врз бегалците од Украина и неизвесноста во која е обвиена нивната иднина.

Пристап до образование за раселените деца од Украина: што прават земјите од ЕУ? Раселените деца имаат право на пристап до образование, а земјите кои ги прифаќаат имаат обврска тоа да им го обезбедат. Како се организира ова во практика?

Поддршка на учениците бегалци од Украина во училиштата низ Европа: Руската инвазија на Украина принуди голем број луѓе да ги напуштат своите домови и да бараат заштита во соседните европски земји. Иако европските земји веќе презедоа голем број активности за задоволување на образовните потреби на учениците бегалци, подеднакво внимание треба да се посвети и на нивните психо-социјални потреби.

Поуки за подучувањето историја извлечени од претходните војни во Европа: Во периоди на конфликт, како што е војната во Украина, прашањето за историските наративи и начинот на кој тие се подучуваат одново станува актуелно. Преку ова упатство ќе се истражи како наставниците по историја може да ги изгладат несогласувањата и разликите со цел предметот да биде релевантен за сите ученици.

Што функционира во прифаќањето деца бегалци во европските училишта: Сè поголем број европски училишта прифаќаат украински семејства и деца, што значи поголема културна и образовна разноликост во нашите училници. Европската збирка алатки за училишта нуди внимателно избрани ресурси за наставници, професионалци, администратори, семејства и креатори на политики, вклучувајќи делотворни практики за инклузивно образование за бегалци и мигранти.

Како да им се обезбеди предучилишно образование и грижа на украинските деца бегалци: Значителен број од новопристигнатите украински бегалци се мали деца. Како може да им посакаме добредојде во центрите за предучилишно образование и грижа низ Европа?

Вклучување украински бегалци во средните училишта: што ако учениците едноставно не го зборуваат јазикот?: Во изминатите неколку недели, околу 5 милиони Украинци ја преминаа границата и влегоа во Европската Унија. Иако украинското Министерство за образование заврши одлична работа со организирањето онлајн учење за сите ученици од средните училишта, сè уште постојат и други препреки кои треба да се надминат. Миали Дермиш од мрежата „SIRIUS“ се осврнува на социјалната и јазичната инклузија на украинските ученици и нивниот пат до образовен успех.

Поддршка за менталното здравје и добросостојбата на учениците бегалци преку поврзаност и континуитет: Доживувањето војна, ненадејното напуштање на познатата средина и загриженоста за роднините може негативно да влијаат врз менталното здравје и добросостојбата на децата бегалци. Тоа ќе влијае и врз нивните искуства поврзани со учењето. Токму затоа, важно е училиштата, особено оние кои моментално примаат голем број ученици бегалци, да станат „компетентни за работа со бегалци“.

Основни информации за украинскиот образовен систем од 2016 до денес: Образовната реформа којашто започна во 2016 година донесе голем број промени во образованието во Украина.

Како земјите членки на ЕУ наоѓаат наставници за учениците бегалци: Преку дискусија за изнаоѓање решенија, претставници на министерствата за образование од земјите членки на ЕУ истражуваа како да најдат наставници за учениците бегалци. Оваа дискусија се одржа на 4 април 2022 година, во склоп на Групата за солидарност на ЕУ со Украина во полето на образование – работната група за училишта.

Признавање на квалификациите на украинските ученици: Признавањето на квалификациите кои бегалците ги стекнале во својата матична земја, како и разбирањето на постигнатото образовно ниво, игра важна улога во пристапот до високо образование и пазар на труд.

Училиштата во Европа реагираат на руската инвазија на Украина: Училниците и училишните управи од целиот континент се мобилизираа за да изразат солидарност со Украина, а наставниците се ангажираа да им одговорат на прашањата на учениците. Во овој напис се истакнуваат некои идеи и практики кои се за пофалба.

Заштита на образованието од напади во услови на вооружен конфликт: Дури и во услови на конфликт или војна, поддржувањето на правото на образование и ненанесувањето штета на децата, на образовниот кадар и на училиштата е од суштинско значење. Има неколку меѓународни напори за заштита на образованието при вооружен конфликт и други вонредни состојби.

Збирка инспиративни практики за инклузивно и граѓанско образование: Оваа збирка содржи сеопфатна низа инспиративни практики чија цел е да им дадат идеи и инспирација на креаторите на политики и на практичарите кои се стремат да ја подобрат инклузивноста на системите за образование и обука низ ЕУ. Дополнително се стреми да придонесе кон развој на растечкиот корпус докази за важноста и додадената вредност на инклузивното образование. (2021)

Inclusion of young refugees and migrants through education: The Thematic Fiche on Inclusion of young refugees and migrants through education was produced by the members of the ET 2020 Working Group on Promoting Common Values and Inclusive Education. (2020)

Ресурси од PAESIC за наставници и училишни лидери: PAESIC (скратеница од Педагошки пристапи за унапредена социјална инклузија во училницата) е KA2 проект на Еразмус+ наменет да им помогне на наставниците во основно образование во унапредување на социјалната инклузија во училницата, особено во однос на учениците од бегалски или мигрантски семејства. (2020)

Education Talks: Metrolingualism, superdiversity and European classrooms: Have you ever heard of metrolingualism and superdiversity? And do you know what it takes to teach a multilingual classroom? Expand your knowledge in this interview with Thomas Fritz, head of lernraum.wien, institute for multilingualism, integration and education. (2018)

Migrants in European schools: learning and maintaining languages: Supporting newly arrived migrant children to master the language of schooling alongside maintaining and further developing their personal linguistic repertoire is key for their successful reception and integration, as well as successful teaching. (2018)

Preparing teachers for diversity: the role of Initial Teacher Education: Even though the diversity found in European societies is not a new phenomenon, its nature is rapidly changing. Europe is becoming increasingly diverse due to intra-European mobility, international migration and globalisation. (2017)

 

Курсеви за професионален развој

 

 

Интеракција со други наставници


Придружете се на еТвининг, онлајн заедницата на училиштен кадар (наставници, директори, библиотекари, итн.) за да комуницирате, соработувате и споделувате. еТвининг им дава поддршка на украинските наставници и ученици, на пример, преку посебни групи за дискусија за интегрирањето на мигрантите и бегалците во училиштата, и преку споделување на активности за солидарност и поддршка на украинските наставници и ученици поттикнати од заедницата.

Интегрирање на учениците мигранти и бегалци во училиштата: Кои се најефективните начини за прифаќање на учениците мигранти и бегалци во нивната нова училишна средина? Како дел од активностите преземени од заедницата на еТвининг во насока на поддршка на наставниците и учениците, Истакнатата група за „Интегрирање на учениците мигранти и бегалци во училиштата“ го прошири својот фокус за да ги зајакне и наставниците кои им помагаат на бегалците.  Целта на групата е да им обезбеди поддршка на наставниците од цела Европа кои се соочени со предизвикот да им го обезбедат на овие деца правото на образование и обука, како и да им дадат чувство на нормалност и да се обидат да им ја ублажат траумата од војната и раселувањето.

 

Additional information

  • Education type:
    Early Childhood Education and Care
    School Education
    Vocational Education and Training
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    School Psychologist
    Teacher Educator
    Government staff / policy maker
    Parent / Guardian
  • Target audience ISCED:
    Early childhood education (ISCED 0)
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)
    Post-secondary non-tertiary education (ISCED 4)