Животи ставени на чекање: намери и перспективи за бегалците од Украина – извештај на УНХЦР

За изработка на извештајот со наслов „Животи ставени на чекање: Профили и намери на бегалците од Украина“ УНХЦР спроведе анкета со бегалците во 43 земји низ цела Европа и пошироко за подобро да ги разбере нивните идни намери.
Бегалците од Украина се главно жени со деца. Голем број од испитаниците не само што имаат високо ниво на образование, туку и биле вработени или самовработени пред да ја напуштат Украина, а како поле во кое работеле често се наведува и образовниот сектор (16 %).
Иако најголем дел од испитаниците (81 %) се надеваат еден ден да се вратат во Украина, еден мал дел (4 %) се изјаснил дека немаат намера воопшто да се враќаат. Меѓу факторите кои влијаат за ваквите одлуки се загриженоста за безбедноста и обезбедувањето стабилност за нивните деца, вклучително пристап до образование.
Прекинот во училишното образование е само еден од големиот број предизвици со кои се соочени семејствата бегалци, при што 14 % од испитаниците го наведуваат образованието како една од нивните најитни потреби.
Намери во однос на запишувањето на училиште
Во однос на учебната 2022/23 година, 73 % од испитаниците изјавиле дека би ги испратиле своите деца во официјално училиште во нивната моментална земја домаќин. Од друга страна, 18 % од испитаниците би претпочитале нивните деца да го продолжат образованието онлајн/на далечина во рамки на украинскиот образовен систем. Исто така, 11 % од испитаниците кои планираат да се вратат во Украина во следните три месеци се мотивирани од желбата да ги запишат своите деца во училиште во рамки на украинскиот образовен систем.
Резултатите покажаа големи дискрепанции меѓу земјите од аспект на тоа во рамки на кој систем бегалците би сакале да се образуваат нивните деца. На пример, бегалците во Полска и Словачка одговориле попозитивно на можноста да ги испратат своите деца во официјално училиште во земјата домаќин, отколку оние во Молдавија и Романија. Меѓу факторите кои влијаат врз ваквите одлуки се намерата да не останат во земјата домаќин, како и јазичните бариери. Децата ја истакнаа потребата од часови по јазик и екстракурикуларни активности во поддршка на нивната инклузија во образовниот систем на земјата домаќин и градење односи со нивните врсници.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Government / policy makerHead Teacher / PrincipalNot-for-profit / NGO staffParent / GuardianSchool PsychologistTeacher