Основни информации за украинскиот образовен систем од 2016 до денес

Училишното образование сега е со времетраење од 12 години, за разлика од претходно кога траеше 11 години. Децата поаѓаат на училиште на шестгодишна возраст, а во последните три години од нивното училишно образование може да избираат меѓу академска насока или професионална насока.
Правејќи напори да го децентрализира образованието, украинското Министерство за образование и наука им даде на училиштата поголема автономија. Според новиот закон, училиштата имаат слобода сами да ги креираат наставната програма и наставниот план.
Раководството на училиштето го сочинуваат директорот, којшто има мандат од најмногу пет години, и Педагошкиот совет, којшто носи конечни одлуки по прашања како што се организациската структура на училиштето и донесувањето на наставната програма. Исто така, постои и надзор од страна на заедницата и соработка со неа во форма на Родителски совет и Надзорен одбор на училиштето.
Актуелните образовни стандарди во Украина се засновани на клучните компетенции за доживотно учење на Европската Унија.
Роман Шијан зборува за овие промени од своја перспектива во следниов видеозапис на Европската фондација за обука:
Општ опис на украинскиот систем за образование и обука може да се најде на следниве официјални украински веб-страници:
- Националниот информативен центар за академска мобилност
- Министерството за образование и наука, вклучително опис на украинскиот образовен систем на англиски јазик и наставна програма за 1-4 одделение, 5-9 одделение и 10-11 одделение.
Информации за земјата во однос на образованието, обуката и вработувањето во Украина се достапни и од Европската фондација за обука, вклучително понатамошни структурирани информации за сите нивоа на образование и за реформите во Украина засновани на клучните компетенции.
Дознајте повеќе за тоа како се одвива училишната настава по руската инвазија на Украина. За најнови информации и ресурси, погледнете во нашиот напис Образование и поддршка за украинските бегалци.