Skip to main content
European School Education Platform
Tutorials

Поуки за подучувањето историја извлечени од претходните војни во Европа

Во периоди на конфликт, како што е војната во Украина, прашањето за историските наративи и начинот на кој тие се подучуваат одново станува актуелно. Преку ова упатство ќе се истражи како наставниците по историја може да ги изгладат несогласувањата и разликите со цел предметот да биде релевантен за сите ученици.

Во 1954 година, во периодот на последователни шокови од Втората светска војна, Европската конвенција за култура ги повика своите членки да изградат единство преку меѓусебно проучување од аспект на цивилизација, јазик и историја.

Некои шеесетина години подоцна, подучувањето историја и понатаму претставува предизвик за наставниците со оглед на тоа дека националните наставни програми во голема мера претставуваат „огледало на гордоста и болката каде националните страдања и гордост се истакнуваат, додека штетата нанесена врз другите се ублажува или воопшто не се ни споменува“ (van der Leeuw). Истовремено, се зголемува разбирањето за начинот на кој предметот треба да еволуира со цел да го најде своето место во разноликите и демократски општества, како и да ги негува.

Некои од важните концепти во таа насока се историската емпатија, мултиперспективноста, плуралните идентитети и сосоздавањето.

1. Историска емпатија

Иако називот може да нè наведе во погрешна насока, сепак историската емпатија не претставува толку емоционален, туку е повеќе аналитички акт. Тоа значи „да имаме предвид цели структури на идеи кои не се наши и со кои може воопшто да не се согласуваме“ (Ashby and Lee). Меѓу другото, таа им помага на учениците да развијат вештини за истражување, добро расудување и свест за несогласување.

Како практичен пример, може да разгледаме една студија на Еднакот од 2014 година во која им држи настава на учениците за наредбата за фрлање атомска бомба издадена од страна на Хари Труман во 1945 година. Откако им презентирал наративи во прво лице, како и останати материјали, им поставил прашања од типот: Дали сите верувале во овие работи во тоа време или имало и луѓе и групи кои размислувале поинаку? и Што ви кажува овој извор за принципите, верувањата, вредностите или ставовите на историската личност? Како што студијата напредуваше, учениците сè поаналитички пристапуваа кон одлуките на Труман.

2. Мултиперспективност

Мултиперспективноста е концепт според кој не треба да очекуваме да дојдеме до една историска вистина, туку до неколку можни гледишта и толкувања на минатото, обезбедени од различни извори. Се разбира, на учениците треба да им се укаже дека не сите тие се подеднакво валидни и дека не треба да се земаат здраво за готово, и тоа со примена на техники за проверка на факти и разбивање митови.

Билатералниот проект за подучување историја на Кипар на Советот на Европа предложи една релевантна активност во која од учениците се бараше да спроведат истражување за да можат да изработат хипотетички филм. Во еден од чекорите, требаше да одлучат како да ја претстават Битката кај Лепанто од 1571 година и да видат како приказната може да се смени во зависност од перспективата: на пример, низ перспективата на кралскиот двор на Шпанија или низ перспективата на советникот на Султанот.

3. Идентитети

Користењето на образованието по историја за истовремен развој и на националните идентитети и на идентитетите на ЕУ може да претставува предизвик. Меѓутоа, расте свеста дека луѓето имаат повеќе идентитети кои паралелно егзистираат.

Ова може да се поврзе со таканаречената „хибридност“ или „заплетканост“ на културите (Stockhammer). Различни аспекти на културите може да се спојуваат или испреплетуваат поради тековни социјални промени, движења и активности, и поради поголеми промени: природни катастрофи, колонизација, инвазија, и технолошки или воен развој.

Со користење на терминот во множина, односно „идентитети“, пред учениците, може да се помогне во промовирање на таквото разбирање.

4. Сосоздавање на значење

Конструктивистичката природа на историјата, исто така, овозможува луѓето да сосоздаваат значење. Некои од добрите практики вклучуваат:

  • компаративно или заедничко пишување учебници по историја, како што е Историјата на Европа од Delouche, или заеднички комисии за германско-полски и германско-чешки учебници по историја за Втората светска војна од Georg-Eckert-Institut für Schulbuchforschung, или овој проект за вклучување на Украина во учебниците по историја на другите земји;
  • акцент на аспектите на споделена култура, на пример, училишта во Северна Ирска кои ги истакнуваат музиката, симболите и иконите што се заеднички и за унионистичките и за националистичките заедници;
  • дијалог меѓу учениците, кој според анкетите спроведени меѓу наставниците е најдобриот начин за дискутирање на контроверзните прашања (Contested Histories in Public Spaces);
  • работа во партнерство, односно соработка на наставниците со музеи или со современи сведоци, семејства, истакнати личности од заедницата или младински лидери кои можеби сакаат да ги споделат своите приказни.

Сосоздавањето, исто така, може да им помогне на наставниците да ги вклучат родителите, да ги поместат границите и да начнат некои поконтроверзни прашања кои инаку би ги избегнале.


Ова упатство се заснова на:

Дополнителни ресурси:

https://www.schooleducationgateway.eu/en/pub/resources/publications/inclusion-of-young- refugees-.htm

https://op.europa.eu/en/publication-detail/-/publication/cd9faea8-ba77- 11ea-811c-01aa75ed71a1/language-en/format-PDF/source-search

https://www.coe.int/en/web/campaign-free-to-speak-safe-to- learn/-/quality-history-education-in-the-21st-century-principles-and-guidelines-2018-

https://www.coe.int/en/web/reference-framework-of-competences-for-democratic-culture/home

https://op.europa.eu/en/publication-detail/-/publication/cd9faea8-ba77- 11ea-811c-01aa75ed71a1/language-en/format-PDF/source-search

https://padlet.com/EuroClio_Secretariat/13ck4n4khw4voyxq

Additional information