Skip to main content
European School Education Platform
News item

Онлајн образовни ресурси на украински јазик: настава во Украина во неповолни услови

Од 14 март, училишната настава во повеќето региони на Украина продолжи со учење на далечина. Украинските ученици, и оние што се во земјата, и оние надвор од неа, имаат пристап до образовни онлајн материјали на украински јазик.

Настава на далечина во вонредни услови во Украина

Со прогласената воена состојба, Украина премина кон настава на далечина во вонредни услови, што е привремен режим на настава кој училиштата претходно го користеа поради пандемијата на КОВИД-19.

Главната украинска платформа за учење на далечина е Сеукраинското онлајн училиште, каде има часови по сите предмети за ученици од 5-11 одделение. Во регионите каде има прекин во пристапот до интернет, учениците ќе можат да ги следат часовите на украинската телевизија. Заради полесна координација, онлајн часовите и часовите на телевизија се интегрирани во интерактивен Сеукраински онлајн распоред, којшто вклучува материјали за ученици од 1-11 одделение.

Учењето на далечина е препорачано и за децата со посебни образовни потреби. Во овој случај, наставниците и родителите може да спроведуваат персонализирана наставна програма со користење канали за комуникација по нивен избор.

На установите за стручно образование и обука (VET) им се препорачува теоретскиот дел од часовите да го реализираат онлајн, додека практичниот дел да го одложат за периодот по завршувањето на воената состојба.

Украинското Министерство за образование и наука објавува неделен преглед на моменталната состојба и функционирањето на образованието и науката во Украина во воена состојба.

Онлајн образовни ресурси на украински јазик

Украина

Покрај Сеукраинското онлајн училиште, украинските онлајн образовни ресурси вклучуваат:

Насоки за користењето на достапните онлајн ресурси и за украинскиот образовен систем може да се најдат на посебна веб-страница за образование во вонредни околности на украинското Министерство за образование.

Повеќе предлози може да се најдат во овој информативен водич изработен од Канцеларијата на комесарот за човекови права на украинскиот парламент (достапен на украински и на англиски јазик).

Украинската издавачка куќа „Ranok“ овозможи електронските верзии на нејзините материјали за учење бесплатно да се преземаат.

Исто така, има образовни материјали на украински јазик обезбедени од земјите од ЕУ, вклучително:

Естонија

Материјалите се достапни на веб-страницата на естонското Министерство за образование и истражување, коешто, исто така, ја финансира и базата со материјали eSchool bag.

Естонските EdTech компании бесплатно ги преведуваат своите платформи за дигитално учење, игри и алатки на украински јазик (за наставниците и учениците од Украина, и оние кои се наоѓаат во Естонија, и оние во Украина) и редовно ги ажурираат: Поддршка за Украина – EdTech Естонија

Финска

Од 1 јуни, Новиот украински училиштен центар покренат од Финска, Украина и EdTech секторот на ЕУ, поддржан со средства од ЕУ, обединува на едно место дополнителни образовни ресурси развиени од европските EdTech компании, ресурси за поддршка засновани на наставната програма, како и украински алатки и платформи за е-учење. Достапен е на англиски и на украински јазик, со машински превод на други јазици каде тоа е возможно.

Полска

Во официјалната онлајн образовна платформа на Полска додадена е украинска секција.

Романија

Романското Министерство за образование ги нуди следниве наставни материјали на украински јазик:

Европска комисија

Службата за публикации на Европската Унија изработи брошура со пиктографи и нивните соодветни зборови на украински, со цел да се олесни комуникацијата помеѓу украинските бегалци и нивните домаќини.


Прочитајте повеќе за образовниот систем во Украина. За најнови информации и ресурси, погледнете во нашиот напис Образование и поддршка за украинските бегалци.

Референции (на украински јазик, објавени од украинското Министерство за образование и наука):

Упатство за училишта во воена состојба: https://mon.gov.ua/ua/news/sergij-shkarlet-rozpoviv-pro- organizaciyu-osvitnogo-procesu-u-zakladah-osviti

Информации од министерот за образование и наука во однос на продолжувањето на образовниот процес: https://mon.gov.ua/ua/news/osvitnij-proces-mi-mayemo-zapustiti-prinajmni-hocha-b-u-tih-regionah-de-na-sogodni- ce-mozhlivo-i-bezpekova-situaciya-dozvolyaye-sergij-shkarlet

Совети за наставници од стручното образование и обука: https://mon.gov.ua/ua/news/poradi-pedagogam- proftehiv-dlya-efektivnoyi-organizaciyi-onlajn-navchannya

Онлајн интерактивен распоред за украинските ученици: https://mon.gov.ua/ua/news/ministerstvo-osviti-i-nauki-ukrayini-stvorilo-vseukrayinskij-onlajn-rozklad-dlya- uchniv-pid-chas-voyennogo-stanu

Проект „Learning without Borders“ на украинската телевизија: https://mon.gov.ua/ua/news/navchannya-bez-mezh-na-ukrayinskomu-telebachenni-startuye-osvitnij-proyekt-dlya- shkolyariv-5-11-klasiv

Ажурирани информации од министерот за образование и наука во однос на продолжувањето на образовниот процес: https://mon.gov.ua/ua/news/sergij-shkarlet-zaznachiv-sho-osvitnij-proces-v-bilshosti- oblastej-vidnovleno

Покренување на NUMO онлајн градинката: https://mon.gov.ua/ua/news/yunisef-ta-mon-zapustili-dityachij-onlajn-sadok-numo

Additional information