Како да им се обезбеди предучилишно образование и грижа на украинските деца бегалци

Насоки на политики за обезбедување предучилишно образование и грижа на деца бегалци
Европската Унија се согласи украинските деца кои се влезени во системот на привремена заштита да имаат пристап до предучилишно образование и грижа под истите услови како и граѓаните на ЕУ. Препораката на Советот од 2019 година за системи на висококвалитетно предучилишно образование и грижа ги истакнува сиромаштијата, факторите за појава на физички и емоционален стрес и недостигот на јазични вештини како потенцијални пречки со кои би можеле да се соочат децата бегалци.
Институтот за миграциска политика препорачува:
- земјите да ги идентификуваат пречките кои предизвикуваат бегалските семејства да имаат помала веројатност да ги запишат своите деца во системот на предучилишно образование и грижа;
- децата бегалци да ги посетуваат центрите за предучилишно образование и грижа заедно со деца од нивната земја, во мешани училници.
Меѓутоа, ова може да претставува предизвик во земјите каде има недостиг на места во центрите за предучилишно образование и грижа и недостиг на кадар. Во тој контекст, националните и локалните влади може да размислат за обезбедување пофлексибилни и неформални видови образование и грижа преку катчиња за игра во прифатилиштата, центрите на заедницата, локалните здруженија, и така натаму.
Збирката алатки за инклузивно предучилишно образование и грижа наведува практични примери за висококвалитетни програми за предучилишно образование и грижа за бегалци, како што се пренатална, постнатална и превентивна здравствена заштита, родителска поддршка и домашни посети, и бесплатен пристап до центрите за предучилишно образование и грижа.
Развивање стручни компетенции за работа со деца и семејства бегалци
Повеќето европски земји му обезбедуваат онлајн ресурси на кадарот за предучилишно образование и грижа за да му помогнат да ја разбере траумата, да знае како да зборува со децата за војната, да ги поддржи културното разбирање и повеќејазичноста, и да спроведува специфични активности.
Европските асоцијации, исто така, собираат ресурси за поддршка на професионалците од полето на предучилишно образование и грижа, како што е и оваа компилација на ISSA.
Изнајдени се и некои креативни решенија за надминување на првичните јазични бариери, како на пример соработка со амбасади и здруженија за да се најдат волонтери кои зборуваат украински и руски, или користење алатки и услуги за толкување, како што е оваа бесплатна австриска услуга за толкување преку видеоврска, и овозможување пристап до книги за деца на украински јазик, следејќи го примерот на Националната библиотека на Шведска.
Ресурси: