Skip to main content
European School Education Platform

Европски еТвининг награди

Европските еТвининг награди се највисоката почест што наставниците и учениците може да ја добијат за нивните извонредни залагања во рамки на еТвининг.

Европските еТвининг награди имаат цел да ги наградат истакнатите европски еТвининг проекти и да им дадат максимална видливост. Целта е да се идентификуваат, поздрават и промовираат иновативните практики. Тие се иницијатива на Европската Комисија финансирана од Програмата Еразмус+ на Европската Унија.

 

Проектите на еТвининг промовираат учење по пат на соработка: учениците учат едни од други, имаат интеракција, комуницираат и со тоа им се создава чувство на одговорност кон сопственото учење. За да имаме европски еТвининг проект, потребно е да учествуваат најмалку двајца наставници од различни земји.

 

Категории

 

Главната категорија на Европски еТвининг награди, започнувајќи од 2021 година има пет нивоа:

 

  • Возрасна категорија на предучилишно образование и грижа (ECEC): За сите проекти што се спроведуваат главно со ученици на возраст до 6 години.
  • Возрасна категорија на ученици на возраст од 7-11 години – За сите проекти што се спроведуваат главно со ученици од оваа возрасна група.
  • Возрасна категорија на ученици на возраст од 12-15 години – За сите проекти што се спроведуваат главно со ученици од оваа возрасна група.
  • Возрасна категорија на ученици на возраст од 16-19 години – За сите проекти што се спроведуваат главно со ученици од оваа возрасна група.
  • Проекти во полето на иницијално стручно образование и обука (IVET) – За сите проекти што се спроведуваат главно од наставници кои работат во установи за иницијално стручно образование и обука и кои истовремено се однесуваат на стручни содржини/предмети од програма за стручно образование и обука.

 

Напомена: Ако проектот вклучува повеќе од една возрасна категорија, апликација може да се поднесе само во една од категориите.

 

Секоја година, Националните организации за поддршка може да организираат и Специјални категории награди софинансирани со програмата Еразмус+. Наставниците може да аплицираат и за некоја од тие Специјални категории, доколку има такви, преку формуларот за аплицирање.

 

Дополнителна посебна категорија Европски еТвининг награди во полето на иницијално образование на наставници беше воспоставена во 2021 година и ќе се додели во 2022 година. Оваа награда ќе се доделува преку посебна постапка на селекција којашто ќе биде објавена што е можно поскоро. 

 

Селекција и доделување на наградите

 

Наградените проекти се избираат и номинираат во партнерство со Националните организации за поддршка, коишто се вклучени во обликувањето на оваа иницијатива преку процес на косоздавање. Целосен опис на различните чекори кои се дел од постапката на селекција може да најдете на оваа страница.

Наградите обично се доделуваат на Годишната конференција на еТвининг. Дополнително на тоа, може да се организираат низа локални настани за наградите во договор со победничките партнерски училишта. 

 

Повеќе информации за финалната награда може да најдете на оваа страница.