Skip to main content
European School Education Platform
News item

Кон поинклузивно стручно образование и обука (ВЕТ)

Пристапот насочен кон ученикот може да биде ефективен начин да се поддржи реинтеграцијата на лицата кои рано го напуштаат училиштето и NEET („не се во работен однос, не се образуваат ниту обучуваат“). Клучно е да се осигури дека ВЕТ едукаторите ги имаат вистинските вештини за да го направат тоа.
Vocational students learning
Cedefop / Peter Mayr

Обнова на мотивацијата за учење

 

Мотивацијата за учење е клучот за реинтеграција на оние што рано го напуштаат училиштето. Многумина доживеале недоволно постигнување во минатото што ја поткопало нивната доверба во сопствените способности или во образованието.

За да ја обноват оваа доверба, на наставниците им треба збир на наставни и трансверзални вештини.

  • Комуникација и активно слушање: приоѓање со емпатија и разбирање на оние кои рано го напуштаат училиштето; сослушувањето ќе им помогне повторно да ги откријат заборавените способности и потенцијал.
  • Настава заснована на ученик: поттикнување тимска работа кај ученикот; користење на креативни и алтернативни наставни методи кои ги ангажираат учениците за уметност, спорт и/или активности во природа; учеството на ученикот во изборот на наставните методи го зголемува нивниот ангажман.
  • Психосоцијална поддршка: недоволното обрнување внимание на психосоцијалните проблеми може да предизвика предвремено напуштање на училиштето; наставниците треба да знаат современи методи и пристапи за да понудат ефикасна психосоцијална поддршка во текот на образовниот процес.
  • Управување со различности: училишните и работните средини за учење често опфаќаат хетерогени групи на ученици поради миграцијата и меѓународната мобилност; на учениците кои се раселени или имаат поинакви способности, културно потекло и потешкотии во учењето им треба посебно внимание.
  • Дигитални и зелени вештини: нивното ажурирање е од клучно значење за да можат наставниците да им помогнат на своите ученици да го задржат темпото и да се прилагодат на тековните транзиции во нашите општества.

 

Најдете повеќе интервентни пристапи во ВЕТ комплетот алатки за справување со предвременото напуштање на Cedefop.

 

CEDEFOP illustration

© Cedefop

 

Поддржување на NEET да се приклучат на ВЕТ програмите

 

NEET се млади луѓе кои живеат без формално вработување, образование или обука. Тие се многу хетерогени, но воглавно тежнеат кон следното: социјална и професионална реинтеграција во општествениот живот.  Ова е централна цел на ВЕТ програмите насочени кон нив.

Нивните наставници мора да бидат обучени да ги разберат специфичните потреби и карактеристики на секој NEET профил. Поддршката еден-на-еден и диференцираната настава им помагаат на NEET да постигнат резултати од учењето, без оглед на нивните појдовни точки.

NEET често изразуваат незадоволство од формалното образование; тие треба да бидат охрабрени отворено да ги изразат своите гледишта и да им се понудат алтернативи за да го мотивираат нивното повторно вклучување. На наставниците им требаат вештини за практична настава и ангажирање на учениците во тимска работа, искуствено учење и други активности насочени кон ученикот.

Олеснувањето на транзициите во работа е важно; наставниците често се првите луѓе од кои NEET бараат помош при нивното барање работа или обука. Холистичкиот пристап ги зајакнува врските помеѓу ВЕТ програмите и пазарот на трудот, осигурувајќи соработка помеѓу ВЕТ едукаторите, советниците за кариера и специјалистите на пазарот на трудот.

Посетете го ВЕТ комплетот алатки на Cedefop за оспособување на NEET за да дознаете повеќе за различните NEET профили и интервентни пристапи.

Придружете и се на заедницата на амбасадори на Cedefop и помогнете ни да се справиме со предвременото напуштање на образованието и обуката и да промовираме инклузивно ВЕТ.

 

Анти Киријакопулу, Cedefop, СОО за млади – Тим на наставници и обучувачи

 

Additional information

  • Education type:
    Vocational Education and Training
  • Target audience:
    Government staff / policy maker
    Head Teacher / Principal
    Higher education institution staff
    Not-for-profit / NGO staff
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Upper secondary education (ISCED 3)