Skip to main content
European School Education Platform
News item

Тема на еТвининг за 2023 година: Иновација и образование – Да бидеме креативни со еТвининг

Темата на еТвининг за 2023 година ќе се однесува на односот помеѓу „Иновацијата“ и „Образованието“.
Annual Theme 2023

Со усвојувањето на Новата европска агенда за иновација во 2022 година, Европската комисија ја позиционираше Европа како предводник на новиот глобален бран на иновации и стартапи со длабока технологија.


„Новата европска агенда за иновација ќе се погрижи иноваторите, новоформираните компании и компаниите во експанзија, како и нивните иновативни бизниси, да може да станат глобални иновациски лидери. Повеќе од една година бевме во консултации со засегнатите страни, како што се лидерите во екосистемот на иновации, новоформираните компании, компаниите „еднорози“, жените основачи, жените што работат со ризичен капитал, универзитетите и бизнисите. Заедно ќе направиме Европа да биде глобална „машинерија“ за иновација и стартапи со длабока технологија“, рече Марија Габриел, Комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади.

 

Образованието е двигател на оваа европска „машинерија“ каде иноваторите на иднината, односно учениците, се подготвуваат да излезат на висококонкурентниот пазар на труд. Оттука, од суштинско значење е наставниците да го истражат целосниот спектар на компоненти на иновацијата, како што се отпорноста, раното препознавање на потребите за учење, динамичното организирање на групното учење, препораките за образовни ресурси и поддршката во ориентација на учениците.

 

Образованието е клучно за планирањето, градењето и примената на иновативни наставни методи, како и за негувањето на талентот. Образованието игра клучна улога и во развојот, дисеминацијата и реализирањето на потенцијалот за знаење и иновација.


Иновацијата е повеќестрана, дури и кога не е лесно мерлива. Во продолжение се дадени некои примери за иновација кои еТвининг ќе ги промовира во текот на 2023 година.

 

  • Социјална иновација во училиштата: оставање простор за предлози од учениците за адаптација на училиштата со давање поголема важност на изразувањето и идеите на учениците и со поголемо интегрирање на нивните приоритети и потреби. 
  • Ментална и емоционална благосостојба на училиште: намалување на „тежината“ на строго утврдена наставната програма и ставање повеќе акцент на врските со заедницата, на благосостојбата на учениците и наставниците, како и промовирање креативен пристап фокусиран на ученикот и заснован на компетенции (идеално некој што е усогласен со европската рамка „LifeComp“).  
  • Образовна иновација: враќање на Сократовиот метод, креација и помагање на учениците да развијат сопствени ставови, да зборуваат јавно, како и да си ја замислат сопствената иднина и да делуваат во насока на нејзино остварување. Училиштата треба да им помогнат на учениците да развијат критичко размислување и да ги изразат своите креативни размислувања. За тоа не се потребни дигитални алатки, туку време за дискусија и размислување. 
  • Врски со локални организации: спроведувањето активности со локални организации може да понуди одлични образовни можности и искуства за учениците.
  • Разработката на иновацијата и клучните теми на иновација (вештачката интелигенција и виртуелната реалност се само пример), како и разработката на етичките упатства за ВИ и употреба на податоци во подучувањето и учењето, може да се внесат како активност во Акцискиот план за дигитално образование. 

 
До крајот на 2023 година, во заедницата на еТвининг треба да биде мошне јасно дека иновацијата, далеку од тоа да се сведува само на користење технологија во училницата, вклучува креативност, аналитичко размислување, вештините за решавање проблеми и соработка.

 

еТвинери, ни претстои нова година со нови хоризонти. Ајде максимално да ја искористиме. Да бидеме креативни со еТвининг!

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Parent / Guardian
    Pedagogical Adviser
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator