Skip to main content
European School Education Platform
News item

Пролетна кампања 2023 – Внесување иновација во училницата со помош на еТвининг

Со оглед на тоа дека еТвинерите сè повеќе навлегуваат во овогодишната тема за иновација и образование, пролетната кампања ќе се состои од активности и вебинари наменети за еТвинери кои ќе се фокусираат на четирите главни столба поврзани со пошироката тема на иновација и образование и начинот на кој може да се внесе иновација во училницата со помош на еТвининг.
Spring Campaign

Во рамки на кампањата која ќе се одржи од 1 март до 7 април, еТвинерите ќе бидат поттикнати да размислуваат за темата преку учество во неколку онлајн активности. На учесниците ќе им бидат обезбедени и инспиративни ресурси за тоа како да поттикнат синергија помеѓу образованието и иновацијата

 

Кампањата ќе вклучува промовирање на благосостојбата на учениците и на кадарот, предлагање различни дигитални алатки и вештачка интелигенција за користење во училницата, и давање приоритет на заложбите за инклузија во училницата. Иновацијата не треба да се фокусира само на дигитални алатки, туку треба да им даде на учениците повеќе капацитет за делување во училницата за тие да се залагаат и да се осврнат на своите образовни потреби и на потребите од благосостојба. Поттемите што ќе бидат разработени во рамки на сите активности ќе вклучуваат:

  • социјална иновација во рамки на училиштето,
  • ментална и емоционална благосостојба во рамки на училиштата,
  • педагошка иновација,
  • и вештачка интелигенција.

 

Поставена во сосем нова посебна група на European School Education Platform , учесниците ќе имаат интерактивна полица каде ќе можат слободно да избираат од различните активности, статии за читање, како и инспиративни материјали на поттемите. Во текот на кампањата, учесниците ќе може да учествуваат во неколку вебинари на теми како што се благосостојбата, вештачката интелигенција, и начинот како да се справиме со дезинформациите.

 

Од учесниците ќе биде побарано да споделат како ја одржуваат својата училница во чекор со иновациите и како ги разработуваат разните поттеми од кампањата на социјалните медиуми, со користење на #eTw4Innovation. На тој начин, учесниците ќе имаат пристап до корисни ресурси од другите учесници.

 

Additional information

  • Target audience:
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator

Key competences