Skip to main content
European School Education Platform
News item

Истакната група за темата на еТвининг за 2022 година „Нашата иднина, убава, одржлива, заедничка: училиштата и Новиот европски Баухаус“

Започнувајќи од април 2022 година, групата нуди можности за професионален развој и ресурси за подучување и учење за членовите на заедницата на еТвининг да ја истражуваат темата „Училиштата и Новиот европски Баухаус“. Целта беше да се осмислат начини на кои идните простори за учење би станале поубави, поодржливи и поинклузивни.
Annual Theme

 

Map of Members of Annual Theme Group

 

 

По активностите за нетикеција и за кршење на мразот, целта на групата да понуди инспирација и поддршка беше исполнета на тој начин што еТвинерите беа поканети да учествуваат на саеми за пронаоѓање партнери, да се покажат и да ги претстават своите проектни идеи, како и да учествуваат во интерактивни вебинари и активности со предизвици. На пример, работење заеднички на нацрт-верзии од проектни апликации со новонајдени партнери од Албанија и од Јордан  (Нишка на форумот: заедно правиме разлика) или осврнување и делување во однос на прашањата поврзани со одржливоста во нивните училишта (активности во рамки на форум за оставање во завет). 

 

Facebook Post

 

За членовите на групата да се инспирираат и да се мотивираат, беше собрана и изработена практична содржина, којашто може лесно да се адаптира и да се користи на час, и таа беше поделена во четири категории (учење, подучување, вести и активности) во склоп на минимодули во просторот на групата. Ова овозможи еТвинерите да имаат практично и визуелно привлечно доживување.  

 

Activities

 

Покрај содржината, групата се фокусираше и на интерактивни активности и настани кои ги мотивираат наставниците да навлезат во годишните поттеми за одржливост, инклузија, естетика и технологија, да бидат креативни со учениците и/или со колегите, да презентираат идеи, да водат интеракција едни со други и да осмислуваат еТвининг проекти.

 

Да се потсетиме на некои од нив: 

 

Галерија од еТвининг училиште од соништата како дел од Пролетната кампања на еТвининг за 2022 година во мај.

 

Саеми за наоѓање партнери: „Matchmaking“ (4 октомври), „Share, compare and join“  (17 октомври).

 

Интерактивни вебинари (кликнете на насловите за да ги изгледате снимките): СТЕМ низ просторите за комбинирано учење (7 октомври) и Одржливи простори за учење и училишни дворови како „свежи острови“(12 октомври) во текот на кампањата за неделите на еТвининг за 2022 година.  

 

Три инспиративни вебинари за простори за учење со пет експерти и двајца модератори на истакнати групи на еТвининг. 

 

Одржливи простори за учење: од теорија до практика на 16 јуни, Виртуелни простори за соработка  на 17 јуни, и Кодизајнирање: Слушање на гласот на учениците за инклузивни средини за комбинирано учење на 16 ноември. 

 

И покрај техничките проблеми, групата успеа да им обезбеди на членовите информации за нови активности, можности за професионален развој, ресурси и настани преку приватни пораки и редовни објави на социјалните медиуми. Известувања можеа да се најдат во Групата на Facebook и на сметката на Twitter пред и по онлајн настаните и активностите во склоп на групата.

 

Би сакале да им се заблагодариме на сите еТвинери кои дадоа свој придонес во активностите и настаните на групата преку давање идеи, поставување прашања, меѓусебно коментирање за сработеното и осмислување активности на форумите или во рамки на вебинарите.


Ви благодариме што се приклучивте! Ви благодариме што ни дадовте инспирација!


  

Наталија Цици
Модераторка на Истакната група на еТвининг

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Teacher

Tags

eTwinning annual theme
eTwinning community
eTwinning groups

Key competences