Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Practice article

Наставнички вештини приспособливи на идните промени

Сѐ поинклузивните општества и зелената и дигиталната транзиција се очигледно дел од нашата заедничка иднина. Компетенциите во овие области, коишто се приспособливи на идните промени, стануваат сѐ подрагоцени за професионалниот развој на наставниците на сите образовни нивоа.
Illustration of student on laptop surrounded by news images
Mongkol / Adobe Stock

Образование за позелена иднина

 

Неколку нови проекти во рамки на Teacher Academy (Еразмус+) имаат цел да им помогнат на наставниците да внесат еколошки идеи во своите наставни практики, коишто ќе продолжат да даваат резултати во следните години.

Проектот „21st Century European Teachers“ („Европски наставници на 21-от век“) ни овозможува да видиме како европските наставници би можеле да ѝ пристапат и да ја осмислат наставата во предметни области кои произлегуваат од појавата на комплексни актуелни теми (вклучително климатската криза и дигиталната транзиција). Целта на проектот е на иновативен начин да се подобрат компетенциите и привлечноста на професијата наставник.

Проектот „EDuSTA“ (Academy for Sustainable Future Educators – Академија за одржливи идни едукатори) ја истакнува клучната улога што наставниците ја имаат во разбирањето на зелената транзиција и помага тоа да се поврзе со нивната настава (изработка на наставна програма, педагошки дизајн, оценување), особено во полето на стручно образование и обука.

Проектот „TAP-TS“ осмислува, изработува, пилотира, одобрува и објавува наставни и образовни ресурси и поддржува педагошки практики за Едуцирање за одржливост на животната средина (EES) со цел нивна употреба во европските училишта и во образованието на наставниците.

Еден друг проект за одржливост, под наслов „SYNAPSES“, презентира визија за тоа како програмите за подготовка на идните наставници и програмите за стручно усовршување на наставниците во однос на наставата за граѓанство засновано на одржливост може меѓусебно да се поврзат и да се збогатат со цел да се развие заедничка понуда со значајна европска димензија.

 

Дигитална компетенција: поважна од кога било

 

Создавањето услови за развој на дигиталната компетенција и понатаму претставува предизвик во образовниот сектор. За тоа се потребни и системски решенија, и решенија со пристап од долу нагоре.

Проектот на Еразмус+ насловен „digiTED@EU“ се фокусира на дигитален професионален развој на едукаторите на наставници. Проектот им помага на едукаторите на наставници да развијат дигитално креативен начин на размислување и да станат агенти на својата сопствена професионална надградба. Теми како што се форматите на хибридна настава, дигиталното оценување или промовирањето дигитална интерактивност се разработени во рамки на овој проект.  

Проектот „acaSTEMy“ има цел да ги подобри дигиталните компетенции на наставниците од областите на СТЕМ (природни науки, технологија, инженерство и математика) во рамки на подготовката на наставниците пред нивно вработување и во рамки на континуираниот професионален развој. Тој ќе создаде модели за учење на далечина и комбинирано учење во комбинација со меѓународна мобилност и менторство. Во рамки на проектот ќе се изработат курсеви за обука со цел осврнување на главните предизвици (на пр. одржливоста на животната средина, зелениот договор, глобалното здравство, имиграцијата) и методолошките фактори (на пр. настава во разновидни паралелки, справување со стравот од природните науки, поттикнување родово-сензитивна настава).

 

Зајакнување на подготовката и на воведувањето на работното место на наставниците

 

Поставувањето добри основи за напредно размислување, заедно со воспоставените практики и прифаќањето на иновацијата, се суштински елементи во иницијалното образование на наставниците.

Проектот „EQui-T“ ја истакнува важноста на инклузивните пристапи, особено во иницијалното образование на наставниците. Тој ги поддржува студентите идни наставници и актуелните наставници да идентификуваат, да изработуваат и да споделуваат висококвалитетни инклузивни образовни ресурси кои се слободно достапни (OIER).

Еден друг проект финансиран од ЕУ се фокусираше на воведувањето на работното место на новите наставници во Фландрија (Белгија) со цел да послужи како инспирација за практики и увид во политики за новите наставници и училишни лидери. Насоките и плановите за обука на проектот (англиски и холандски) им помагаат на училиштата да им дадат поддршка на наставниците кои се на почетокот од својата кариера за тие да не ја напуштат оваа професија.

 

Причините и решенијата за проблемот со недостигот на наставници се тема која се истражува и во овој вебинар на VLEVA:

 

 

Задржување на наставниците преку меѓународен професионален развој

 

Образовната мобилност на програмата Еразмус+ е дизајнирана на тој начин да има позитивни и трајни ефекти за учесниците и за нивните организации. Европската награда за иновативна настава (EITA) им оддава признание на проектите кои им помагаат на наставниците да го постигнат својот максимален потенцијал.

 

Еден друг проект што ја доби наградата EITA, TELESPA, воспостави стратешко партнерство за зголемување на квалитетот и на релевантноста на обуката на наставниците преку иновативни образовни практики фокусирани на искуственото учење и на применетата дидактика.

 

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Evidence:
    N/A
  • Funding source:
    European Commission / National
  • Intervention level:
    N/A
  • Intervention intensity:
    N/A
  • Participating countries:
    Austria
    Belgium
    Croatia
    Czechia
    Denmark
    Estonia
    Finland
    Germany
    Greece
    Hungary
    Ireland
    Italy
    Latvia
    Portugal
    Romania
    Spain
    Sweden
    Türkiye
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    Teacher Educator
    Government / policy maker
    Researcher
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)