Skip to main content
European School Education Platform
Interview

Разговараме за образованието: Образование за животна средина

Агустин Бастида Родригес, директор на Центарот за образование за животна средина во Мадрид и модератор на еТвининг групата SENSE неодамна разговараше со нас за важноста на технологијата во образованието за животна средина и за различните сектори во кои образованието за животна средина може да се одвива.

Јас сум Агустин Бастида и целта на денешното интервју е да се запознаеме со образованието за животна средина во сите полиња од животот, но особено во образовните центри.

Како технологијата игра активна улога во образованието за животна средина?

Како модератор на истакнатата група „еТвининг мрежа за поддршка на образованието за одржлив развој – SENSE“, јас можам да го потврдам огромното влијание што комуникациската технологија го има во областа на проектите за соработка и ширењето информации кои им помагаат на наставниците низ цела Европа да се поврзат со училишта во кои учениците се засегнати од истите еколошки проблеми како и нивните ученици.

Овој активен педагошки пристап и ова зајакнување на учениците да бараат решенија за предизвиците што им ги поставуваат наставниците придонесуваат кон разбирање на овие принципи на локално ниво и овозможуваат подобро разбирање на акцијата што треба да се преземе на глобално ниво.

Каде треба да се одвива образованието за животна средина?

Како директор на центар за обука на наставници во полето на образованието за животна средина раководен од регионалната влада на Мадрид, сметам дека образованието за животна средина во насока на одржливост е трансформативна акција на човекот која мора да се одвива во различни сектори: семејството, образованието, работното место; и затоа, мора да биде присутно како компетенција кај секој поединец.

Актуелната состојба на планетата изискува брз одговор од оние кои се одговорни за образование на различни нивоа од администрацијата, невладините организации, и истражувачите; преку кој ќе се обезбедат вистините информации и ќе се овозможи развој на планови усогласени со потребите на центрите, ставајќи ги во контекст аспирациите на оние кои се вклучени и следејќи ги современите трендови, како што се услужното учење (учење преку обезбедување услуги во заедницата), циркуларната економија, дизајнот од „лулка до лулка“ (регенеративен), еколошкиот дизајн, итн.

Како комуникациската технологија влијаеше врз образованието за животна средина?

Промената на парадигмата за раст и добросостојба е нужност во ова време кога растојанијата меѓу земјите се намалуваат, и сè се глобализира. Па така, во училиштето неопходно е да се справиме со локалните предизвици за да ги разбереме глобалните предизвици.

За среќа, постои здрав однос меѓу Начелата на одржливост и Квалитетното образование. Овие начела се оние кои се однесуваат на родова рамноправност, мир, толеранција, намалување на сиромаштијата, зачувување и обнова на животната средина, зачувување на природните ресурси и социјална правда.

Учењето треба да се заснова на интересите и искуствата на учениците кога програмираат и развиваат проекти, и тие треба да бидат директно вклучени, за да може да ја разберат ситуацијата, да спроведуваат акции и да ги видат резултатите.

Additional information

School subjects