Skip to main content
European School Education Platform
News item

Етички насоки за едукаторите за користење вештачка интелигенција и податоци во подучувањето и учењето

Европската комисија објави Етички насоки за едукаторите и училишните лидери за користење вештачка интелигенција (ВИ) и податоци во подучувањето и учењето.
boy looking mermerised
Image: Adobe Stock / Denisismagilov

Овие насоки е предвидено да им помогнат на едукаторите да го разберат потенцијалот на користењето ВИ и податоци во образованието и да ја подигнат свеста за евентуалните ризици со цел да можат тие на позитивен, критички и етички начин да им пристапат на системите за ВИ и да го искористат нивниот целосен потенцијал. Насоките се суштински дел од иницијативата за политики на ЕУ за Акцискиот план за дигитално образование за 2021-2027 година.

 

Користење податоци за тренирање на ВИ

 

Според овие насоки, кога зборуваме за системи за ВИ, мислиме на софтверот во компјутерите или машините којшто е програмиран да извршува задачи за кои обично е потребна човечка интелигенција, како на пр. учење или резонирање. Училиштата обично обработуваат значително количество образовни податоци, вклучително лични податоци за учениците, родителите, кадарот, раководството и добавувачите. Податоците што се собираат, користат и обработуваат во рамки на образованието честопати се нарекуваат „образовни податоци“.

 

Со користење податоци, одредени системи за ВИ може да бидат „тренирани“ да прават предвидувања, да даваат препораки или да носат одлуки, понекогаш без каква било вклученост на човекот. Со оглед на големиот број податоци потребни за тренирање на системите за ВИ, со оглед на автоматизираната природа на алгоритмите и со оглед на скалабилноста на нивните апликации, користењето ВИ покренува важни прашања поврзани со личните податоци, заштитата на податоци и приватноста. Сепак, ВИ може да се разбере и да ѝ се верува, да стане инклузивна и да добие улога во образованието.

 

Всушност, користењето системи за ВИ во училниците низ Европа станува сè поприсутно и ВИ се користи на различни начини за помош при подучувањето, учењето и оценувањето. Подетално, ВИ се користи на следниов начин:

  • Подучување на учениците – Користење ВИ за подучување на учениците,
  • Поддршка на учениците – Користење ВИ како помош при учењето на учениците,
  • Поддршка на наставниците – Користење ВИ како помош за наставниците,
  • Поддршка на системот – Користење ВИ како помош при дијагностичко планирање или планирање на ниво на цел систем.

 

Етички согледувања во однос на користењето ВИ

 

При изработката на овие насоки беа идентификувани четири клучни етички фактори кои претставуваат основа за етичко користење на ВИ и на податоците во подучувањето, учењето и оценувањето. Тие се човечкиот капацитет за делување, праведноста, човечноста и оправданиот избор.

 

Овие фактори се усогласени со клучните обврски од Етичките насоки за доверлива ВИ подготвени од Експертската група на високо ниво за вештачка интелигенција, а тие се:

  • Човечки капацитет за делување и надзор,
  • Транспарентност,
  • Разноликост, недискриминација и праведност,
  • Општествена и еколошка добросостојба,
  • Управување со приватност и податоци,
  • Техничка отпорност и безбедност, и
  • Отчетност.

 

Овие обврски се придружени од насочени прашања за едукаторите, план за ефективно користење ВИ и податоци во училиштата и предлози за подигање на свеста и ангажирање на заедницата.

 

Потребно надградување на дигиталните компетенции

 

Користењето системи за ВИ во училиштата ќе донесе нови можности и предизвици. Тоа ќе доведе до развој на нови дигитални компетенции кои треба да се разгледуваат во контекст на Европската рамка на дигитални компетенции на наставниците (DigCompEdu) којашто претставува општа референтна рамка во поддршка на развојот на дигиталните компетенции во Европа специфични за наставниците. Некои полиња на потенцијални индикатори вклучуваат професионално ангажирање, дигитални ресурси, подучување и учење, оценување, омоќување на учениците и овозможување тие да се стекнат со дигитални компетенции.

 

И конечно, бидејќи некои зборови поврзани со ВИ и податоци може да звучат непознато или чудно, насоките вклучуваат поимник на најчестите термини поврзани со користењето ВИ и податоци и објаснување како тие се применуваат во образованието. Објаснувањата дадени овде се напишани на начин да бидат разбирливи за образовните чинители и не треба да се сметаат за целосни технички дефиниции, како што се оние вклучени во Листата за процена за доверливост на вештачката интелигенција (ALTAI) и во Поимникот за човекоцентрична вештачка интелигенција на Комисијата.

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Government staff / policy maker
    Head Teacher / Principal
    ICT Coordinator
    Researcher
    Teacher
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)