Skip to main content
European School Education Platform

Услови и одредби

За да се обезбеди што е можно подобро доживување за сите регистрирани корисници, како и за посетителите, ние утврдивме некои основни правила за учество и објавување содржини. Во продолжение се дадени условите и одредбите кои важат за European School Education Platform (во понатамошниот текст „Платформата“) и кодексот на однесување за еТвининг. Со регистрирањето вие се согласувате да се придржувате до овие правила и насоки.

Услови и одредби за објавување на Платформата 

 

Регистрираните корисници можат да креираат и да поставуваат објави во одредени делови од Платформата. Информациите дадени овде дефинираат какви треба да бидат објавите и останатите содржини генерирани од корисниците (како што се коментарите на написите). Под „објави“ се подразбираат огласите за курсеви со физичко присуство објавени во делот за „Професионален развој“ и сите објави во „Зоната за остварување контакти“.

 

Овие услови и одредби ја надополнуваат општата Изјава за одрекување од одговорност на Платформата.

 

Одрекување од одговорност: информации за сите корисници

 

Како корисник на Платформата, прочитајте ги внимателно следниве информации:

  • Објавите ги поставуваат независни организации. Европската комисија не презема никаква одговорност или обврска во однос на нивната содржина, реализација или управување.
  • Ниту една објава не се одобрува однапред од Европската комисија, од Националните организации за поддршка, од Националните агенции на Еразмус+ или од администраторите на Платформата.
  • Избирањето оглас (на пр. курс со физичко присуство) од базата на податоци не е гаранција дека училиштето/организацијата ќе добие грант од Еразмус+.
  • За да аплицирате за Еразмус+, не мора објавата да биде поставена на Платформата.

 

Сета содржина создадена од корисниците, вклучително содржината на еТвининг, што се наоѓа на European School Education Platform е дадена таква каква што е. Европската комисија не ги поддржува ставовите, мислењата или советите искажани од посетителите на оваа веб-страница. Иако користењето на веб-страницата наложува сите корисници да се придржуваат до овие Услови за користење, сепак може да се случи некоја несоодветна содржина создадена од корисниците да биде испратена и прикажана. Го задржуваме правото да ја уредиме, преместиме или избришеме која било содржина што ги прекршува Условите за користење или Упатствата на заедницата, без какво било известување.

 

Основни услови и одредби

 

  • Користењето на Платформата е бесплатно, и за објавувачите, и за лицата кои пребаруваат објави според сопствени критериуми.
  • Секој може да креира и да постави објава. Единствениот технички услов за креирање објава е да се регистрирате за да креирате индивидуална сметка и таквата сметка да ја поврзете со некоја организација.
  • Платформата не презема никаква одговорност за оцените или коментарите во однос на содржината.
  • Европската комисија го задржува правото да прави измени на Платформата, а со тоа и во каталогот со курсеви или во Зоната за остварување контакти, како и да ги менува овие Услови, во кое било време и без претходна најава.

 

Посебни услови и одредби

 

Каталог со курсеви

Каталогот со курсеви во делот од Платформата посветен на професионалниот развој служи за објавување курсеви со физичко присуство предложени како активност за мобилност на кадарот поддржана со финансии од Еразмус+ (Клучна акција 1: Мобилност за учење за поединци). Ако сте организатор на курсеви, прочитајте ги Стандардите за квалитет на курсевите во рамки на Клучната акција 1.

 

Имајте предвид дека засега само администраторите на Платформата, Партнерите за поддршка и Националните организации за поддршка можат да објавуваат онлајн курсеви во каталогот.

 

Наоѓање партнери (објави на Еразмус+)

Делот за наоѓање партнери во Зоната за остварување контакти е наменет за објави поврзани со активности во склоп на училишното образование и стручното образование и обука кои ги исполнуваат условите за финансирање од Еразмус+. Тие може да ги вклучуваат: 

 

  • Клучната акција 1 – Мобилност за учење за поединци:
    • За мобилност на кадарот: барања/понуди за следење на работата од сенка и реализирање наставни задачи
    • За мобилност на учениците: пребарување училишта/организации партнери
  • Клучната акција 2 – Партнерства за соработка:
    • Објави за проектни идеи и потраги по партнери за Партнерства за соработка и Партнерства од мал обем.
  • Жан Моне

 

Објавите може да се однесуваат на планирани активности или на активности за кои веќе е обезбедено финансирање.

 

Повеќе информации за роковите за пријавување, за условите и за постапките може да најдете на веб-страницата на Еразмус+.

 

Политика за прифатливо користење

 

Ако поставувате објава, прочитајте го внимателно ова:

  • Објавувачите се должни да дадат точни и релевантни информации во своите објави, како и по потреба да ги ажурираат.
  • Објавувачите се грижат секоја содржина што ќе ја постават на Платформата да биде точна (кога се наведуваат факти) и веродостојна (кога се наведуваат мислења).
  • На оваа Платформа не е дозволено објавување или испраќање материјали, слики, видеозаписи или други содржини за кои објавувачите немаат дозвола за користење.
  • На објавувачите не им е дозволено користење лажен идентитет на кое било лице или субјект, ниту давање лажна изјава или какво било друго лажно претставување.
  • Не е дозволено да се манипулира со содржината или кои било делови од неа (вклучително наслови, опис, метаподатоци, датуми, податоци за контакт, итн.) на каков било начин што може да ги доведе во заблуда читателите или да скрие релевантни информации од нив, вклучително давање какви било лажни или изобличени информации со цел подобрување на видливоста во резултатите од пребарувањето.

 

Повреда на условите и одредбите

 

Непридржувањето до оваа Политика за прифатливо користење претставува материјална повреда на Условите и одредбите, коишто корисниците се обврзани да ги прифатат за да ја користат Платформата, и може да резултира со преземање на некоја или на сите следни мерки, во кое било време, без претходна најава:

 

  • Моментално, привремено или трајно одземање на правото да ја користите Платформата.
  • Моментално, привремено или трајно отстранување на кои било објави или материјали што корисникот ги поставил на Платформата, а кои се сметаат за неточни, несоодветни или нерелевантни за целите и за публиката за која е наменета Платформата.
  • Моментално, привремено или трајно отстранување на кои било коментари или одговори на корисниците според наше убедување, во случај тие да се навредливи, или ако се чини дека станува збор за лажни информации или дупликати.
  • Издавање опомена на корисникот.

 

Одлуката за изрекување соодветни мерки во случај на повреда на овие Услови и одредби ќе се заснова на сериозноста на повредата и на историјатот на користење на Платформата од страна на корисникот. Поточно, одлуката за трајно одземање на правото на користење на Платформата може да биде оправдана само ако корисникот веќе бил предупреден, при претходна повреда на овие Услови и одредби, дека правото ќе му биде трајно одземено во случај на понатамошна повреда.

 

Во случај на отстранување на која било ваша објава, во која било форма, одземање на вашето право да ја користите Платформата, или во случај на одземање на пристапот до неа, вие имате право да побарате образложение за таквата одлука. Таквото барање треба да го испратите на helpdesk@esep-support.eu.

 

На секое барање што ќе се смета за навредливо, особено поради неговиот повторлив карактер, нема да се даде одговор. Во тој случај, ќе бидете известени дека барањето се смета за навредливо и дека нема да биде даден дополнителен одговор.

 

Вашите коментари на одлуката за одземање на вашето право да ја користите Платформата може да ги дадете преку EAC-ESEP@ec.europa.eu во рок од две недели од донесувањето на одлуката.