Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Project kits

Стручни вештини со цел: вградување европски вредности

Овој проектен комплет покажува како да се интегрираат европски вредности во стручните предмети, помагајќи да се развијат истовремено техничките вештини и граѓанската свест меѓу учениците.
carpentry student
Image source: Antonio_Diaz from Getty Images

Преку интерактивни активности, учениците ја истражуваат поврзаноста помеѓу нивните стручни предмети и фундаменталните европски вредности. На крај, учениците можат да го покажат сработеното за да ги истакнат своите вештини и разбирањето на овие европски вредности. 

Objectives
Objectives
  • Унапредување на комуникациските вештини
  • Поттикнување учење по пат на соработка
  • Поврзување на она што се учи со реалниот живот 
Покажи повеќе
Introduction of partners
Introduction of partners

Вредности на дело

За почеток на проектот, наставниците може да побараат од учениците да споделат една вредност што им е важна и накратко да коментираат за нејзината важност. Секоја објава на TwinSpace треба да ги вклучува името на ученикот и земјата, како и придружна слика. 

Покажи повеќе
Orientation
Orientation

Потоа наставниците може да користат слајдшоу за да ги претстават европските вредности и да дадат примери за тоа како овие вредности се манифестираат во секојдневниот живот.
Наставниците ги делат учениците во групи и на секоја група ѝ доделуваат европска вредност. Во рамки на групите се нафрлаат идеи за тоа како оваа вредност се покажува во секојдневниот живот и во нивното стручно поле.

Секоја група потоа може да изработи визуелна мапа на која се покажува поврзаноста помеѓу вредноста што им била доделена и различни стручни области. 
По комплетирање на мапите, групите прават виртуелна прошетка за да видат што изработиле другите и се охрабрени да остават самолепливи белешки со коментари или прашања за мапите на другите групи. 
 

Покажи повеќе
Communication
Communication

За да промовираат комуникација и соработка помеѓу учениците, наставниците би можеле да им овозможат да изберат проект релевантен за нивната стручна област и да интегрираат европска вредност во неговото реализирање. Видете ги примерите во продолжение. 

  • Кулинарство: учениците се фокусираат на одржливи кулинарски практики кои ја одразуваат вредноста на човечко достоинство преку фер-трговија и локално снабдување со намирници.

  • Дрводелство: учениците дизајнираат и изработуваат мебел којшто е пристапен за лица со попреченост, со што се промовира еднаквост преку инклузивен дизајн. Исто така, може да користат материјали обезбедени од одржливи извори за да ја истакнат одговорноста кон животната средина.

  • Информациска технологија: учениците изработуваат софтверска апликација или алатка којашто е фокусирана на унапредување на приватноста и безбедноста на податоците, како на пример апликација за испраќање шифрирани пораки, и обезбедуваат проектот да биде усогласен со Општата регулатива за заштита на лични податоци и со други релевантни правни рамки.

  • Графички дизајн: учениците изработуваат серија постери или дигитални графички материјали во поддршка на слободата на изразување. Тие треба да ги истражат актуелните проблеми поврзани со оваа вредност и да ги вградат своите сознанија во рамки на дизајните.

  • Угостителство: учениците изработуваат план за опслужување мултикултурен настан за истакнување на храната и обичаите од различни европски култури, со акцент на точно и пристојно културно претставување и излегување во пресрет на различните потреби од аспект на исхраната.

  • Автомобилска технологија: учениците работат на проекти за интегрирање зелени технологии во автомобилските системи, како што се компоненти на хибридни или електрични возила, и истражуваат како овие иновации можат да придонесат за заштита на животната средина и кон целите за одржливост на ЕУ.

  • Текстил и мода: учениците дизајнираат модна линија со користење материјали обезбедени на етички начин и со примена на фер-трговија за да се стави акцент на транспарентноста во синџирот на снабдување. Исто така, може да ги истражуваат работните услови во модната индустрија и да предложат иновативни подобрувања.

  • Изработка на медиумска содржина: учениците изработуваат краток документарен филм во кој се истражува како демократијата функционира во рамки на нивната заедница или регион преку интервјуирање локални политичари, активисти и граѓани заради добивање различни перспективи на демократското учество.

Покажи повеќе
Collaboration
Collaboration

Излезен резултат

Опиплив производ или услуга којшто покажува истовремено стручна компетентност и ја покажува избраната европска вредност. Во случај на ограничени ресурси (материјал, време, итн.), дизајните и нацрт-плановите може, исто така, да се сметаат за валидни излезни резултати.

Покажи повеќе
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment

Оценување засновано на бодување

Наставниците треба да изработат детална табела за бодување којашто оценува специфични аспекти од секој проект. Оваа табела може да биде споделена со учениците на почетокот од проектот за тие да знаат што се очекува од нив. Клучни области за вклучување во табелата за бодување може да бидат следниве:

  • Колку добро учениците ја разбрале европската вредност што им била доделена и колку добро ја вградиле во нивниот проект;
  • Демонстрирањето стручни вештини при создавањето на излезниот резултат од проектот;
  • Оригиналноста и креативноста прикажани во нивните проектни решенија;
  • Способноста за ефективна работа во рамки на тим и јасно пренесување на идеите;
  • Длабочината во размислувањето за време на презентацијата.

 

Врсничко оценување

Добра идеја е да се вклучат учениците во меѓусебно оценување на проектите. Тоа поттикнува критичко размислување и им овозможува да учат од нивните врсници. Наставниците може да им обезбедат контролна листа или поедноставена табела за оценување да им служат како водич при евалуациите. 

 

Сесии за повратни коментари

Во рамки на структурирани сесии за давање повратни коментари, наставниците и учениците можат детално да дискутираат за проектите. Повратните коментари треба да бидат конструктивни и да се фокусираат на силните страни и на областите во кои има простор за подобрување, истакнувајќи го стручното учење и учењето засновано на вредности.

Покажи повеќе
Follow up
Follow up

Документирање преку раскажување приказни

Учениците може ќе сакаат да изработат дигитални приказни или видеа во кои ќе бидат отсликани моменти од активностите на соработка што ги реализирале за време на проектот каде се истакнува како европските вредности придонеле за нивната креативност. Тоа може да резултира со дигитално портфолио или канал на YouTube каде ќе бидат поставени нивните проекти за раскажување приказни.

 

Дисеминација

Онлајн работилница/работилница со физичко присуство би претставувала можност за учениците да го покажат сработеното пред поканетата училишна заедница (вработените и другите ученици од иницијално стручно образование), пред родителите и пред претставниците на бизнис-заедницата. Учениците може да ги претстават своите идеи преку практични и интерактивни презентации со цел истакнување на практичната примена на европските вредности.

Покажи повеќе

Additional information

  • Age from:
    15
  • Age to:
    20+
  • Difficulty:
    Intermediate
  • Education type:
    Vocational Education and Training