Добросостојба за учениците и наставниците во едно романско училиште

Училиште бр. 17 Ботошани, Романија
- 740 ученици (6-14 години)
- 43 наставници
Училишна претстава за справување со врсничкото насилство
Лоредана Попа (наставничка): Јас сум Лоредана Попа, наставничка по англиски јазик и еТвининг амбасадор. Мене ми се допаѓа идејата учениците да бидат во улога на протагонисти, да бидат вклучени во носењето на одлуките во училницата, да бидат вклучени во целиот процес на учење и подучување. За оваа активност, моите петтоодделенци одлучија да напишат сопствени сценарија за кратки претстави за врсничкото насилство затоа што тие сметаат дека тоа е навистина честа појава во денешно време, и е нешто со што тие се соочуваат. Во оваа конкретна активност, ние само вежбавме. Тоа беше нашата прва проба, односно за првпат ги читавме улогите и се обидовме да увидиме како ќе се одигра сценариото и каде ќе треба да се сними секоја посебна сцена. Нив им е многу забавно затоа што знаат дека покрај сценаристи и режисери, тие ќе бидат и глумци. Ќе ги снимиме сите претстави што ги имаат напишано затоа што секој сака да добие можност да биде режисер и сценарист, а сите сакаат и да глумат, и сето тоа не може да се направи само со една претстава.
Ана (ученичка): Како автор, се чувствував вклучена, ми беше многу убаво. Сакам да кажам, многу е убаво да се игра во филм, особено во нешто што помага да се подобри нечие поведение.
Вежба за целосвест
Лаура Гаврилас (училиштен психолог): Јас сум Лаура Гаврилас и сум училиштен психолог. Денес си поставивме цел да ја достигнеме и да ја унапредиме нашата добросостојба, како и да го намалиме нивото на анксиозност и стрес меѓу учениците. Што се однесува до активностите, се стремиме да создадеме добросостојба во училиштето, и тоа преку вежби за целосвест (насочени слики), со цел децата да почувствуваат добросостојба, да им се намали анксиозноста, и да останат поврзани со просторот и времето, односно сегашноста. И таа состојба на релаксација би траела во текот на целиот ден.
Јустина (ученичка): Се чувствував многу убаво, како нешто да ми слезе од градите. Многу уживав во оваа вежба затоа што таа... како да кажам... ми причинува радост. Особено знаејќи дека со мене се моите соученици и наставникот по граѓанско образование.
Тимска работа
Кармен Онофреј (наставничка): Јас сум Онофреј Кармен и ја реализирав мојата активност со деца на возраст од 7-8 години. Сакав да го обноват знаењето за зимата. Добросостојбата на децата произлегува од нивната слобода да го изберат својот тим, својот координатор, темата и начинот на работа. Фактот што можат сами да ги изберат задачите, да одлучат кои аспекти од темата ќе ги разработат, секогаш создава добросостојба, која произлегува од довербата што наставниците ја имаат во учениците и од соработката со нивните соученици.
Добросостојба на наставниците
Василе Асиминичесеј (директор): Нашето мото е „отворени врати, отворени умови“. Наставничката канцеларија е безбедно место за комуникација за училиштето, учениците и за личните предизвици. Ние се дружиме и надвор од училиштето, на патувања, неофицијални вечери или роденденски прослави. Исто така, имаме наставнички хор, и пееме на сцена за учениците и за родителите. За нас, добросостојбата на наставниците значи добра соработка, дружење, и да се ценат нивните идеи. Тоа значи заедничко лидерство.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Evidence:N/A
-
Funding source:Local, European
-
Intervention level:N/A
-
Intervention intensity:N/A
-
Participating countries:Romania
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalParent / GuardianSchool PsychologistStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)