Анкета за поддржување на надарени и талентирани ученици да станат многу успешни - Резултати
![school pupils joining hands](/sites/default/files/generic-article/2023-05/AdobeStock_455007084_600px.png)
Фразата ‘надарени и талентирани’ може насекаде да се користи, но дефинициите се разликуваат. Општо зборувајќи, надарените деца имаат потенцијал значително да ги надминат своите врсници во еден или повеже школски предмети, додека талентираните млади луѓе имаат практични вештини во подрачја како што се спортот, музиката и репродуктивната уметност .
Во контекстот на инклузивното образование-како што е прикажано во инцијативата на Европската комисија Патеки до училишен успех -главната цел е да се постигне образовен успех за сите ученици. Некои од тие ученици се надарени и талентирани, но може да не го постигнат нивниот потенцијал поради психолошки фактори (на пр. се во аутистичкиот спектар, синдром на невнимание и хиперактивност-ADHD) или контекстуални фактори (на пр. темпото на лекциите, наставната програма или училишната култура).
Без поддршка, овие ученици можат да станат неактивни или да не чувствуваат предизвик, што може да го наруши нивниот академски раст и севкупен развој. Со соодветни ресурси и поддршка, вклучувајќи предизвикувачка наставна програма и специјализирани насочувања, овие ученици можат да ги развијат своите таленти и способности, да го достигнат својот целосен потенцијал, и да дадат значаен придонес за нивните заедници и општество.
Анкетата за образование за надарени собра 391 одговор, од кои повеќето дојдоа од Италија, Грција и Турција.
Која од следниве точки најдобро ја опишува вашата улога?
- Воспитувач/ка - предучилишно образование
- Наставник/наставничка - основно образование
- Професор/ка - средно образование
- Професор/ка – стручно образование
- Директор/ка на училиште
- Национален, регионален или локален орган
- Едукатор/обучувач на наставници
- Креатор на образовни политики
- Родител
- Стручен соработник во училиштето (на пр. библиотекар/ка во училиштето, советник за професионална ориентација)
- Надворешен практичар (во посета на училишта)
- Друг професионалец/засегната страна од образовниот сектор
1 - Во вашето училиште (или училиште што го знаете), надарените и талентираните ученици се…
За 43 % од испитаниците, идентификувањето на надарени и талентирани ученици се заснова на субјективни проценки на наставниците, додека 34 % изјавиле дека се користат формални тестови. Almost half (43 %) indicated that gifted and talented pupils are treated the same as other pupils, as opposed to being recognised as a distinct category of pupils (10 %) or with special educational needs (16 %).Речиси половина (43 %) наведоа дека надарените и талентираните ученици се третирани исто како и другите ученици, наспроти тоа дека се препознаваат како посебна категорија на ученици (10 %) или со посебни образовни потреби (16 %). Обезбедувањето на посебно образование е релативно невообичаено во училиштата на испитаниците (13 %).
- Идентификувани преку формална проценка (пр. психолошка, надареност или тестови за интелигенција-IQ)
- Идентификувани преку субјективни проценки на наставниците
- Препознаени како особена категорија на ученици
- Им се дадени конкретни образовни упатувања
- Се третирани како да имаат посебни образовни потреби
- Третирани се исто како другите ученици
- Не знам
2 - Дали сте добиле професионален развој за да им помогнете на надарените и талентирани ученици да го постигнат нивниот потенцијал?
Повеќето испитаници (56 %) добиле некаква форма на професионален развој фокусиран на поддршка на надарени и талентирани ученици. Беше почесто (31 %) кај континуираниот професионален развој отколку кај иницијалното образование на наставници (8 %), иако 17 % имаа придобивки од двата типа на професионален развој. Значителен дел од испитаниците (39 %) не добиле никаква обука во оваа област.
- Во текот на почетната едукација за наставник
- Како постојан професионален развој
- Двете од горенаведените
- Ниту едно од горенаведените
- Не е применливо (не сум наставник ниту училишен персонал)
3 - Во однос на наставата за надарените и талентирани ученици, моето училиште (или училиштето што го знам)…
Што се однесува до пристапите што ги користат училиштата за поддршка на надарени и талентирани ученици, значителен процент од испитаниците (31 %) се согласуваа дека нивното училиште ги охрабрува наставниците да ги идентификуваат и поддржуваат надарените ученици, земајќи ги предвид уникатните карактеристики, интереси и профили на нивните ученици при дизајнирање на активности за учење (31 %). Понатаму, 29 % од испитаниците навеле дека нивното училиште признава дека успехот е повеќе од само академски резултати, вклучувајќи различни методи на оценување за похолистички пристап (27 %). Сепак, само 25 % изјавиле дека нивните училишта нудат персонализирани можности за надарени ученици, а приближно 22 % споменале ангажирање со повеќе форми на интелигенција кај учениците. На крајот, вреди да се напомене дека дури 26 % од испитаниците рекле дека ниту еден од горенаведените пристапи моментално не се спроведува во нивното училиште.
- Покрива повеќе форми на ученичка интелигенција (интерперсонална, вербална, кинестетичка и сл.)
- Обезбедува персонализирани можности (дополнителни часови, менторство еден на еден и сл.)
- Ги зема во предвид достапноста, интересите и профилите на ученици кога дизајнира и имплементира активности на учење
- Им овозможува на учениците да изберат училишни и вонучилишни задачи
- Препознава дека успехот може да биде мерен на различни начини, вон од само академските резултати
- Користи различни пристапи за оценување надвор од воспоставеното традиционално тестирање (оценувања засновани на перформанси, проекти и сл.)
- Ги охрабрува наставниците да ги идентификуваат и поддржат надарените и талентирани ученици
- Ништо од гореспоменатото
4 - Според вашето мислење, најефективните елементи на диференцијалната педагогија се:
Пристапот до разновидни материјали за настава/учење и промовирање на стекнувањето вештини за независно учење се сметаат за најефективни елементи на диференцираната педагогија, при што секој добива 53 % од поддршката на испитаниците. 38 % ја согледуваат важноста од испитување на индивидуалните разлики меѓу учениците, а 37 % го истакнуваат значењето на континуираните и повторени проценки за да се прилагоди наставата на потребите на учениците. Вредноста на консултирањето на учениците за нивните интереси и мотивации за обликување на искуството од учењето ја препознаваат 35 % од испитаниците. Сепак, резултатите покажуваат дека аспектите како што се соработката помеѓу врсниците и фокусирањето на основните вештини и разбирање се помалку општоприфатени (24 % и 21 % соодветно).
- Разликите помеѓу учениците се проверуваат и ја претставуваат почетната точка на педагошкиот проект
- Учениците се консултираат за да се базира наставата врз нивните интереси и мотивации
- Наставата/учењето се фокусирани на стекнување на основните вештини, да се ценат и разберат концептите и релевантното знаење
- Пристап до разновидни материјали за настава/учење
- Промовирање на стекнување на вештини за независно учење
- Учениците им помагаат на нивните соученици и наставникот да решат проблеми
- Оценувањето е постојано и повторливо за да се прилагоди наставата на потребите на учениците
5 - Според вашето мислење, главните предизвици се:
Главниот предизвик, наведен од 47 % од испитаниците, е да се постигне рамнотежа помеѓу задоволувањето на напредните барања на надарените ученици додека истовремено се осигурува напредок и вклученост на другите. Дополнително, 35 % од испитаниците пријавија недостаток на време на располагање за соодветно да им се одговори на конкретните потреби на секој ученик, проследено со 32 % кои го споменаа недостатокот на основни ресурси за развој на специјализирана настава. Понатаму, зафаќањето со социјалната и емоционалната благосостојба на овие ученици (26 %) и идентификувањето на оние кои може да бидат занемарени поради културни или социо-економски фактори (23 %) се јавуваат како предизвици кај помал процент од испитаниците. Најпосле, 21% од испитаниците признале дека е предизвик да се поддржат надарените и талентирани ученици со разлики или нарушувања во учењето.
- Недостаток на соодветно предизвикувачка наставна програма која ги исполнува потребите на учениците и истовремено осигурува дека тие остануваат ангажирани и мотивирани
- Идентификување на ученици кои може да не се совпаѓаат со традиционалните категории или кои може да се незабележани поради културни или социо-економски фактори
- Согледување на нивните социјални и емоционални потреби (пр., чувствување изолиран или погрешно разбран)
- Недостаток на можности за професионален развој на наставници во ова подрачје
- Недостаток на ресурси за наставници да подготват специјализирани насочувања, програми за менторство и воннаставни активности
- Недостаток на време за зафаќање со конкретните потреби на учениците
- Недостаток на експертиза или знаење да се поддржат учениците
- Балансирање на потребите на надарените и талентирани ученици со потребите на другите во училницата
- Поддржување на надарените и талентирани ученици со разлики во учењето или нарушувања кои влијаат на нивните академски перформанси
Заклучок
Резултатите од анкетата покажуваат дека значителен процент од испитаниците ги препознаваат уникатните потреби на надарените и талентирани ученици, обично врз основа на нивните субјективни проценки, наместо според формални. Сепак, останува недостигот на обезбедување на различно образование за нив, бидејќи постигнувањето рамнотежа помеѓу исполнувањето на напредните потреби на надарените ученици додека се осигурува напредокот на другите се смета за предизвик.
Во однос на училишните пристапи, додека некои ги охрабруваат наставниците да ги идентификуваат и поддржуваат надарените ученици врз основа на нивните индивидуални карактеристики и интереси, други ретко нудат персонализирани можности и се занимаваат со повеќе форми на интелигенција, најчесто поради ограничувања на времето и ресурсите..
Најпосле, иако мнозинството од испитаниците добиле некаква форма на професионален развој за поддршка на надарени и талентирани ученици, сè уште постои недостаток на обука во оваа област, а претстојниот курс на Европската платформа за училишно образование може да помогне во решавањето на тоа.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalParent / GuardianSchool PsychologistStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)