Унапредување на социјалните компетенции на учениците и на соработката на наставниците преку практики на неформално учење во Теба, Грција

Едно основно училиште во Теба, Грција, развива иновативни практики за неформално учење уште од 2011 година. Овие иновативни практики се воведоа за да се подобри училишниот успех на учениците и да се унапредат нивните социјални компетенции и свесноста за заедниците во нивното опкружување. Училиштето сакаше да ја подобри и соработката меѓу наставниците.
За да создаде средини за неформално учење, првиот чекор на училиштето беше да го преосмисли надворешниот простор за да го приспособи на активностите за учење. Потоа, училиштето осмисли разни пристапи на учење поврзани со просторот за учење во природа и пошироката училишна заедница (на пр. фокусирање на образование за животната средина, природни науки, читање). Во текот на целиот овој процес, училиштето соработуваше со надворешни чинители, вклучително научници, уметници, занаетчии и музеи.
Помеѓу резултатите кои кадарот можеше да ги забележи беа подобреното ниво на учење (училишните резултати воопшто), унапредената соработка меѓу наставниците и групната динамика меѓу учениците, како и зголемената доверба меѓу учениците.
Целосната студија на случај беше изработена во рамки на Студијата за поддршка на иновациите во училиштата низ Европа на Европската комисија.
Further reading
Additional information
-
Evidence:N/A
-
Funding source:Local funding; No funding
-
Intervention level:Universal
-
Intervention intensity:Ongoing
-
Participating countries:Greece
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)