Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Practice article
Featured

Игра, дијалог и креативност за стекнување основни вештини

Резултатите од истражувањето на ПИСА за 2022 година се причина за загриженост и откриваат потреба од повторно фокусирање на основните вештини во рамки на еден сè покомплексен контекст на информации и учење. Ако создадеме услови за учениците да уживаат во овие предмети уште од најрана возраст, ќе успееме да ја задржиме нивната ангажираност.
Illustration of an open book with graphs of different types hovering above
ra2 studio / Adobe Stock

Основните вештини – јазична писменост, математика и природни науки - ја создаваат основата за посложени идеи. Следниве проекти на Еразмус+ даваат примери во кои се применуваат игри и игрификација, дијалог и аргументи, и креативност за зајакнување на образованието во однос на основните вештини на сите нивоа, од рана возраст на учење па сѐ до средно образование.

 

Играта и дијалогот го збогатуваат процесот на стекнување вештини за читање

 

Недостигот на вештини за читање кај учениците од основните училишта генерално ги ограничува постигнувањата и е директно поврзан со подоцнежните стапки на предвремено напуштање на образованието кај децата со посебни потреби и кај децата од малцински средини. Проектот „Learn and Play“, награден со Европската награда за иновативна настава (EITA), е насочен кон надминување на бариерите за читање со разбирање во образованието во раното детство. Целните групи вклучуваат етнички малцинства во Бугарија и Турција, мигранти и бегалци во Ирска и Шпанија, како и деца со посебни потреби во сите земји од проектот.

Во рамки на проектот се создаде:

 

 

Проектот „Learn THEN Play“ ги поттикнува семејствата да ја искористат желбата на децата за играње онлајн како мотивациска алатка за подобрување на успехот, како и да создадат рамка за соработка со наставниците.

Во рамки на проектот се изработија наставна програма за математика и за читање со разбирање заснована на истражувањето на ПИСА, дигитална платформа и апликација за проверка на домашната работа, и методолошки кориснички упатства за подобрување на соработката помеѓу наставниците и семејствата.

 

 

Проектот „DiaLog“ пристапува кон писмената аргументација како основна вештина, особено од аспект на нејзината примена во дискусијата за науката за климатските промени. Наставните модули беа спроведени во сите земји учеснички со цел да се оценат и да се унапредат вештините за аргументација, земајќи предвид различни јазични способности. Во рамки на проектот се изработија наставни модули, дијагностички алатки, инструменти за размислување, радио трудови и прирачник (достапен на германски јазик).

 

Креативноста го продлабочува учењето математика и природни науки

 

Вештините по природни науки, технологија, инженерство, уметност и математика (СТЕАМ) не се доволно добро развиени во голем број европски земји. Имагинативните интердисциплинарни активности може да ја поврзат математиката со други предмети, и на тој начин да поттикнат критичко и аналитичко размислување, креативност и независност, како и зајакнување на дигиталните вештини.

Главната цел на проектот „STEAM Model“ е да се создаде повеќеаспектен пристап низ перспективата на циркуларната економија. За да го спроведат моделот, проектните партнери се фокусираа на одговорното користење и рационалната контрола на ресурси и на крај изработија истражувања, настани, игри и информативни средства.  

 

Предматематичките вештини се неопходни за успешно совладување на математиката и на другите предмети, особено во областите на СТЕАМ, и треба да се развиваат во предучилишна возраст. Оваа потреба потоа се проширува и опфаќа осмислување и спроведување активности преку кои овие вештини ќе се развиваат во пониските одделенија од основното образование.

Во рамки на Проектот InAMath, создаден за да ги развие вештините на учениците за математика, природни науки и дигитална писменост, се изработија наставни сценарија за основните училишта на англиски, хрватски, српски и словенечки јазик, коишто на интересен начин ги комбинираат математиката и другите науки, како и е-курс, под наслов „Интердисциплинарен пристап кон образованието по математика“.

Проектот „Тешки теми со добра забава“ имаше цел да ги подобри организациските вештини и вештините за логичко размислување на 5-6-годишниците, како и на атрактивен начин да ги запознае децата во светот на СТЕАМ; во рамки на проектот се изработија материјали кои може да се користат за организирање активности за учење и игри кои поттикнуваат лингвистичко, математичко и логичко размислување и креативност.

 

 

Further reading

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Evidence:
    N/A
  • Funding source:
    European Commission
  • Intervention level:
    N/A
  • Intervention intensity:
    N/A
  • Participating countries:
    Austria
    Bosnia and Herzegovina
    Bulgaria
    Croatia
    Czechia
    Greece
    Hungary
    Ireland
    Lithuania
    Netherlands
    Portugal
    Romania
    Serbia
    Slovakia
    Slovenia
    Spain
    Türkiye
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    Pedagogical Adviser
    Teacher Educator
    Government / policy maker
    Researcher
    Parent / Guardian
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)