Развивање инклузивност и нови видови вештини во средното стручно образование

Стручното образование и обука (СОО) претставува суштински дел од средното образование кој им нуди можност на учениците да стекнат практични вештини и знаење во одредени сектори и професии. Со учество од околу 50% на младите луѓе во програми за СОО во земјите на ОЕЦД, овие образовни патеки имаат клучна улога во подготовката на поединците за вклучување на пазарот на труд. Во оваа статија се разгледуваат проекти на Еразмус+ кои промовираат инклузивни пристапи, дигитални вештини и мерки против предвременото напуштање на образованието наменети за ученици и наставници од полето на стручно образование и обука.
Инклузивно стручно образование и обука (СОО): обезбедување пристап за сите
Неколку проекти се стремат да обезбедат достапност на стручното оспособување за сите, вклучително за учениците од најранливите категории, со цел да се обезбеди ниту еден млад човек да не биде лишен од пронаоѓање на правата образовна патека само поради она што тој е.
Вклучувањето ученици одЛГБТКИ+ заедницата во програмите за стручно образование и обука е клучна цел на проектот „UNIQUE“. Тој обезбедува алатки за просветните работници да создадат попријатни и поинклузивни средини за СОО. Резултатите од проектот вклучуваат модел на наставна програма, онлајн курс за наставници и препораки за политики за елиминирање на негативните перцепции и давање поддршка на учениците од ЛГБТКИ+ заедницата.
Од суштинско значење е учениците од различно потекло да добијат соодветна поддршка и да можат да учат во рамки на безбеден простор. Овој проект има цел да ги подобри вештините и компетенциите на наставниците од областа на СОО да го препознаат и разберат расизмот.
Проектот „HABILITAS!“ користеше учење засновано на игра за да ги вклучи учениците со посебни образовни потреби или тешкотии во учењето во секторот на лични негуватели. Беа изработени 25 курсеви за микроучење со користење на стратегија за игрификација, 25 тематски видеа со упатства, 25 инклузивни образовни ресурси на web-quest и посебна платформа со методологија за игрификација.
Проектот „OSCAR“ нудеше поддршка за учениците кои се соочуваат со предизвици поврзани со менталното здравје. Се стремеше да ги унапреди вештините на персоналот од стручното образование и обука во оваа област преку споделување најдобри практики и развој на низа онлајн активности и материјали за обучување на обучувачи.
Проектот „GIVE“ (Управување за инклузивна стручна извонредност) помага да се промовира социјалната инклузија на поединци од маргинализирани групи. Во рамки на проектот се прибираа практики и се изработија упатства за инклузивна обука, менторство и образовна поддршка и работа и премин кон пазарот на труд.
Иновирање со цел сузбивање на предвременото напуштање на образованието
Еден од постојано присутните предизвици со кои се соочуваат програмите за стручно образование е тоа што голем број ученици го напуштаат образовниот процес пред да дипломираат. За да се сузбие оваа појава, Европскиот центар за развој на стручно оспособување (CEDEFOP) изработи збирка алатки за справување со предвременото напуштање на стручното образование, којашто вклучува разни ресурси за учениците, за наставниците по стручно образование и за креаторите на политики.
Предвременото напуштање на образованието може да се сузбие и со зајакнување на клучните и техничко-стручните компетенции на младите луѓе. Проектот „Early School Workers (ESW)“ го направи тоа додека истовремено ја истражуваше можноста за пресликување на англискиот модел на технички колеџ во германскиот, шпанскиот и италијанскиот контекст, стремејќи се да придонесе и за трансформација на системско ниво на програмите за стручно образование и обука.
Проектот „Beyond NEET(D)s“ се фокусира на обезбедување поддршка за младите луѓе кои не се дел од образованието, пазарот на труд, ниту пак некоја обука (NEETs). Проектот нуди можности на поединци, согласно нивните потреби и личната ситуација, преку примена на мотивирачки пристап на игрификација. На тој начин, лицата кои не се дел од образованието, пазарот на труд или некоја обука, како и оние кои моментално немаат никакви образовни/работни обврски, можат да пристапат до понуди за стручно образование и обука и до пазарот на труд.
Развој на дигитални вештини преку стручно образование и обука
Разни проекти имаат цел да ги зајакнат дигиталните вештини на учениците и на наставниците од стручното образование и обука.
Проектот „CASINO“ користеше игрифицирано е-учење засновано на предизвици заради унапредување на стручното образование и обука, со фокус на промовирање социјална инклузија и еднакви можности. Во рамки на проектот се изработија 192 игри со предизвици, програма за обука на работното место за стручни лица од областа на стручно образование и обука, онлајн платформа со игри, како и портфолио на компетенции и отворени беџови за лица кои не се вклучени во образование, на пазарот на труд, ниту во обука.
Сѐ поголемата побарувачка на вештини за вештачка интелигенција (ВИ) во секторот на стручно образование и обука и на пазарот на труд беше тема на проектот „AI in VET schools“. Во рамки на проектот се изработија иновативни едукативни материјали со цел интегрирање на наставната единица во националните образовни системи.
Со развој и тестирање аугментирана, виртуелна и мешана реалност, како и 3D содржина за печатење за наставата по хемија, сликарство и цвеќарство, целта на проектот Digi4VET беше да ја зголеми мотивацијата на учениците и да им обезбеди на обучувачите и на наставниците нови методи за визуализација на комплексни теми. Проектот понуди курсеви за комбинирано учење, обука за хардвер, база на податоци за објекти, примери за најдобри практики, и дидактички упатства за наставници и за обучувачи.
Further reading
Additional information
-
Education type:Vocational Education and Training
-
Evidence:N/A
-
Funding source:European Commission
-
Intervention level:N/A
-
Intervention intensity:N/A
-
Participating countries:BulgariaCroatiaCyprusGreeceItalyPolandPortugalSpainUnited Kingdom
-
Target audience:TeacherStudent TeacherCareers CouncillorHead Teacher / PrincipalPedagogical AdviserTeacher EducatorResearcher
-
Target audience ISCED:Upper secondary education (ISCED 3)