Годишна тема на еТвининг 2024: Благосостојба на училиште

Додека ја анализираше Годишната тема за Иновации и образование во 2023 година, еТвининг веќе се осврна на темата за благосостојба. Со растечкото препознавање на суштинското влијание на благосостојбата врз резултатите од учењето на учениците и целокупното задоволство од животот, еТвининг оди чекор понатаму. Годишната тема за 2024 година има за цел да им обезбеди на едукаторите можност да истражуваат и интегрираат целосен училишен пристап за благосостојба и ментално здравје во рамките на предучилишното, основното, средното образование и ИВЕТ (иницијално стручно образование и обука).
Образованието не претставува само пренесување на знаења и вештини на учениците, туку претставува и обезбедување безбедни и згрижувачки средини каде што тие ќе можат да учат и да растат како индивидуи. Училиштата не се само места за учење, тие служат и како важни простори за социјален и емоционален развој за младите луѓе. Децата и младите го поминуваат поголемиот дел од своето време на училиште, и затоа, училиштата играат клучна улога во промовирањето и заштитата на нивната благосостојба. Учениците кои се чувствуваат безбедни, поддржани и поврзани во нивната училишна средина имаат поголема веројатност да напредуваат академски и лично. Тие се повеќе ангажирани во нивното учење, развиваат здрави односи со своите врсници и наставници и се подобро подготвени да се справат со предизвиците и можностите на животот надвор од училиштето.
Исто така потребно е да се препознае дека благосостојбата на наставниците е од суштинско значење за создавање здрави, безбедни и згрижувачки средини за учење.
За да се осигури дека образовните системи се навистина правични и инклузивни, еТвининг ќе го промовира верувањето дека секој има шанса да го исполни својот потенцијал, без оглед на личните околности (пол, родов идентитет, националност, религија, способност) и семејни, културни и социо-економски средини на сите наставници и ученици.
Важно е сите членови на училиштето да се чувствуваат заштитени од какви било предрасуди, насилство, вознемирување и малтретирање и да чувствуваат дека можат да напредуваат. Од училиштата се очекува да бидат безбедна средина каде што сите – ученици, наставници, родители и едукатори – се чувствуваат добредојдени, ценети и можат слободно да бидат свои без никаква дискриминација.
Поради оваа причина, еТвининг, исто така, ќе се фокусира на врсничкото малтретирање, кое е многу распространет проблем кој често ги таргетира поединците врз основа на нивниот пол, сексуална ориентација, родов идентитет, националност, религија или способност. Ова може да придонесе за непријателско опкружување на маргинализираните групи. Затоа, конкретен акцент ќе се стави на нудење обука на наставници за тоа како да се справат со врсничкото малтретирање и да се негува емпатијата кај учениците.
За да се запознаете со Годишната тема за 2024 година, благосостојба, и да се подготвите за возбудливата година што претстои, ви препорачуваме да го прочитате следново:
- Патеки кон Училишен успех – Европска Комисија
- LifeComp: Европска рамка за клучни лични, социјални и компетенции за учење да се учи
- Промовирање на поддржувачки средини за учење и поддршка на благосостојбата нс училиште – Канцеларија за публикации на ЕУ (europa.eu)
- Социјално и емоционално учење и академски постигнувања во училиштата – Канцеларија за публикации на ЕУ (europa.eu)
- Што можат училиштата да направат против малтретирањето? – Канцеларија за публикации на ЕУ (europa.eu)
- Што ги мотивира децата кои вршат врсничко малтретирање и дали можат да се променат? – Канцеларија за публикации на ЕУ (europa.eu)
- Отпорност на училиштата – Канцеларија за публикации на ЕУ (europa.eu)
Additional information
-
Education type:Early Childhood Education and CareSchool EducationVocational Education and Training
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalICT CoordinatorTeacher EducatorParent / Guardian
-
Target audience ISCED:Early childhood education (ISCED 0)Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)