Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
News item
Featured

Вештачката интелигенција како средство за учење јазик во Европа

Новите дигитални технологии може да бидат многу корисни за наставниците и за учениците кои учат јазик во рамки на европските образовни системи.
Illustration of people with laptops around a globe saying hello in many different languages
Nadezhda Buravleva / Adobe Stock

Европската Унија е позната по својата јазична разноликост, со 24 официјални јазици и бројни регионални и малцински јазици во различни земји членки. Учењето јазик е важен дел од европските образовни системи, што придонесува за споделен европски идентитет, културно разбирање и соработка.

 

Во последниве години, учењето јазик потпомогнато од вештачка интелигенција (ВИ) се покажа како моќна алатка за унапредување на самото учење јазик, нудејќи нови и ефективни патеки за поддршка на повеќејазичното образование. Составен дел од овие патеки се технологиите на ВИ коишто вклучуваат обработка на природни јазици (NLP) и модели на машинско учење.

OECD report image

OECD -https://doi.org/10.1787/a3fcacd5-en

 

Една од најзначајните придобивки од ВИ во учењето јазик е персонализацијата. Различни ученици имаат различни потреби и методи на учење, а технологиите на ВИ можат да го приспособат нивното учење за тоа да им одговара на потребите. Овие технологии може да бидат од корист и во учењето кое се одвива во училница. Учењето јазик може да биде тешко, а вклучува и често повторување. Со цел да ги вклучат учениците на еден забавен начин, наставниците во рамки на својата педагогија може да вклучат алатки на ВИ заради игрифицирање на учењето со употреба на интерактивни апликации и игри.

Наставниците можат да ги приспособат часовите кон индивидуалните потреби благодарение на повратните коментари во реално време, со користење податочни алгоритми и аналитика заради приспособување на напредокот и стилот на учење на ученикот, на тој начин обезбедувајќи дека учениците ќе се фокусираат на области во кои им е потребно подобрување, како и дека ќе ги зајакнат областите кои им се силна страна. Ваквите повратни коментари може да бидат не само во писмена, туку и во усна форма - технологијата за препознавање говор воедно им овозможува на учениците да вежбаат изговор и да бидат коригирани. Овие брзи повратни коментари им помагаат на учениците да ги развијат своите вештини за зборување и слушање на соодветното ниво на кое го владеат јазикот.

Потребите за учење јазик на оддалечените и изолирани заедници во рамки на ЕУ може, исто така, да се задоволат преку мобилни апликации засновани на ВИ, што значи дека учениците можат да пристапат до квалитетно јазично образование без оглед каде живеат и без оглед на нивниот социо-економски статус.

 

Меѓутоа, покрај овие придобивки, постојат и ограничувања и предизвици, па така, во случај да се користат, овие технологии мора да додадат вистинска педагошка вредност. Европската комисија издаде етички насоки за користењето ВИ и податоци во подучувањето и учењето како дел од Акцискиот план за дигитално образование, вклучително за учењето јазик.

 

Further reading

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    Teacher Educator
    Researcher
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)