Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Expert article
Featured

Инклузивна педагогија: соочување со посебните потреби во училницата

Инклузивната педагогија започнува со разбирањето дека секоја личност е уникатен поединец кој носи различно претходно искуство на учење во училницата.
Authors:
Smiling child in a wheelchair
logopiks / Adobe Stock

Индивидуалните разлики помеѓу учениците треба да се очекуваат бидејќи карактеристиките, преференците и искуствата  на секоја личност се уникатно испреплетени и учењето настанува преку споделена активност во општествени контексти. Идејата за разликата како вообичаеност е продуктивен начин на размислување за тоа како да се разберат и да се одговори на комплексностите кои се интегрален дел на образованието на различни групи ученици.   

Оваа почетна точка е алтернатива на традиционалните пристапи кон разликите на учениците кои подразбираат дека некои ќе имаат потреба од нешто „дополнително“ или „различно“ од она што е вообичаено достапно за другите. Навистина, ова е дефиницијата на образованието за посебни потреби во многу земји. Проблемот е дека ваквото одредување исто така може да ги намали очекувањата за тоа што може да постигне еден ученик и негативно да влијае на резултатите од учењето.

Како одговор на ова, инклузивната педагогија го преместува нашето размислување настрана од идејата за образованието за посебни потреби како специјализиран одговор за индивидуални тешкотии, кон таков што се фокусира на проширувањето на она што е вообичаено достапно за секого во училницата. Важноста на учествувањето во активностите во училницата има предност во однос на согледувањата за тоа што учениците можат и што не можат да направат. На пример, наместо одредување работа за учениците врз основа на согледувањето на наставникот за способноста, наставникот може да му даде на целото одделение лепеза на опции за различни лекции кои се базираат на познавањето на опфатот на интересите, претходните искуства, потреби и способности на секој. Со тоа што секој може да избира, може да се исполнат индивидуалните потреби без претходно одредување кој што може да направи.

Ова не значи дека индивидуалните разлики се неважни. Наставникот може да има два ученика, од кои двајцата се соочуваат со нешта што изгледаат дека се слични тешкотии. Сепак, ако едниот од нив не е роден говорител, а другиот е ученик со нарушување на вниманието, тогаш разликите помеѓу учениците значат дека нивното неразбирање на темата може да е различно. Во овој случај, наставникот ќе користи стратегии кои одговараат на целта на учењето и ќе ги прилагоди овие стратегии со користење на своето знаење за разликите помеѓу учениците. Во лекција која е насочена кон подобрување на вештината на читање, наставникот може да воведе приказна преку дискусија на тема за да го поддржи говорителот на друг мајчин јазик и графички организатор да го поддржи детето со нарушување на вниманието. Двете стратегии би биле вградени во наставата за целото одделение и би биле од корист за сите.

Предавањето во училница е комплексно. Тоа зависи од реагирањето на конкретните и многу различни околности кај многу поединци во исто време. Кога наставниците наидуваат на одредени ученици кои имаат потешкотии,  ним им се потребни одговори кои функционираат за секого. Промената во мислењето поврзано со инклузивната педагогија не значи дека специјалистичкото знаење е нерелевантно или непотребно. Начините на кои наставниците го користат ова знаење и како тие работат со специјалисти е она што ја разликува инклузивната педагогија од други пристапи.

Денес, многу ученици со сензорни нарушувања посетуваат традиционални училишта и за овие ученици може да се обезбеди дополнителна поддршка од наставник специјалист за глуви. Во оваа ситуација во зависност од тоа како одделенскиот наставник и наставникот специјалист ќе работат заедно за да го поддржат глувиот ученик во училницата така ќе се одреди опсегот до кој функционира практиката за вклучување или исклучување на ученикот. Ако наставникот специјалист и одделенскиот наставник заземат пристап на тимско учење, така што глувиот ученик нема да биде изолиран со присуството на дополнителен возрасен во училницата, тогаш дополнителната поддршка ќе биде корисна и инклузивна. Ако наставникот специјалист работи колаборативно во училницата и го вклучува глувиот ученик наместо да работи само со глувиот ученик, од тоа може да имаат придобивки сите ученици во училницата.

Инклузивната педагогија е пристап за предавање на различни групи на ученици кој настојува да ги опфати поединечните разлики помеѓу учениците без едните да ги третира поинаку од другите.  Од одделенските наставници и од другите специјалисти се бара да ги согледуваат тешкотиите на учениците како професионални дилеми за вежби наместо како проблеми на учениците. Со колаборативно работење тие можат да развијат начини на реагирање кон поединечните разлики кои промовираат добро искуство на учење и добри резултати за секого.

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    Pedagogical Adviser
    School Psychologist
    Teacher Educator
    Researcher
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

About the authors

Lani Florian
Lani Florian

Professor Emerita Lani Florian, Bell Chair of Education, Moray House School of Education and Sport at IETL, University of Edinburgh. Professor Emerita Florian provides technical assistance on inclusive education projects across countries and international agencies. She has worked with UNICEF, the OECD, the British Council, the Council of Europe and many others to promote inclusive pedagogy. She contributes to several academic journals and publications as a board member, editor or co-author.