CLIMA-KIT: климатско образование со практична наука во училиштето

Според еден неодамнешен извештај на УНЕСКО, 47 % од националните наставни програми не се осврнуваат на климатските промени, а оние пак кои се осврнуваат, честопати ги запоставуваат наставните методи ориентирани кон активности. За справување со овој проблем, Асоцијацијата за клима и животна средина на Европа (CERA), НВО со седиште во Брисел, изработи три интерактивни модули за климатски промени за 8–12-годишници:
- Науката што ги објаснува климатските промени,
- Причини и ефекти од климатските промени,
- Ајде да ја подобриме состојбата во однос на климатските промени.
Овие модули се достапни на англиски, турски, француски и холандски јазик и вклучуваат низа практични експерименти и активности во училница, како и водичи за наставници и помошен материјал. Првиот модул, на пример, ја користи храната како тема за запознавање на учениците со науката што ги објаснува климатските промени. Преку дискусии за традиционални јадења, учениците истражуваат од каде доаѓаат состојките, а ги истражуваат и амбиенталните услови потребни за одгледување одредени култури.
Наставниците можат да ги интегрираат модулите во часовите по јазик, истакнувајќи ја важноста на интердисциплинарниот пристап.
Additional information
-
Age from:8
-
Age to:12
-
Education type:School Education
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalPedagogical AdviserSchool PsychologistTeacher EducatorResearcher
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)