Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Project kits

Нашата нова планета: учење за граѓанство

Овој проектен комплет е наменет да помогне во развивањето граѓански вештини и соработка помеѓу децата од предучилишно образование преку создавање споделено разбирање на вредностите, тимската работа и заедницата.
young children and teachers in class playing
Image source: Pavel Danilyuk from Pexels

Преку низа активности, децата можат да истражуваат што значи да бидеш добар граѓанин и да работиш заеднички на осмислување нова планета за измислен вонземјанин. Овој проектен комплет ги охрабрува учениците да размислат за своите лични вредности, да соработуваат и да развијат чувство на одговорност и емпатија.

Objectives
Objectives
  • Вештини за самосвест и комуникација
  • Способности за соработка
  • Основно разбирање на граѓанството
  • Вештини за критичко размислување и решавање проблеми
  • Емпатија и одговорност 
Покажи повеќе
Introduction of partners
Introduction of partners

Наставниците започнуваат на тој начин што ја претставуваат куклата вонземјанин пред учениците и им објаснуваат дека вонземјанинот ќе живее на нова планета што тие ќе ја осмислат. Планетата мора да биде безбедна, здрава и среќна средина за живеење. Учениците снимаат видеа во кои се претставуваат себеси и зборуваат за тоа што ги прави да се чувствуваат безбедни, здрави и среќни, а овие видеа потоа се поставуваат на TwinSpace. Паралелките потоа реализираат бура на идеи и преку видеоповик гласаат кое име да му го дадат на вонземјанинот.

Откако ќе му дадат име на вонземјанинот, учениците дискутираат за тоа како ќе изгледа нивната планета (куќи, природа, патишта, итн.), а потоа одлучуваат кој дел од планетата би сакале да го нацртаат. На пример, една паралелка би можела да ги осмисли куќите, друга би можела да го осмисли пејзажот, а трета пак да го осмисли игралиштето. Потоа ги споделуваат на TwinSpace и дискутираат за тоа што изработиле нивните врсници. Учениците споделуваат коментари и предлози со своите наставници, кои пак потоа ги објавуваат на форумот. 

Покажи повеќе
Orientation
Orientation

Пред да го започнат проектот, наставниците треба да ги претстават клучните концепти на граѓанство на јазик соодветен за возраста. На тој начин, малите ученици можат да разберат кои елементи треба да ги земат предвид при осмислувањето на планетата за вонземјанинот:

  • Разбирање на локалното управување и на улогите на одредени лица во заедницата, како што се градоначалникот, пожарникарите и ѓубреџиите;
  • Вештини за решавање проблеми, како што се креативност, критичко размислување и соработка, со цел справување со тешки ситуации; 
  • Развивање позитивни чувства и верувања;
  • Учество во активности и верба во постигнувањето промени кон подобро.

Наставниците може да користат видеа за да ги илустрираат овие концепти. Учениците споделуваат искуства со остварување позитивни промени, како на пример, собирање на ѓубрето од земја или помагање на соседите. Групите потоа може да изработат постери што ги одразуваат овие идеи, коишто се споделуваат на TwinSpace за понатамошна дискусија.

Покажи повеќе
Communication
Communication

Паралелките започнуваат со создавање граѓанска планета за нивниот вонземјанин, утврдувајќи правила и вредности, како што се слобода, еднаквост о демократија. Наставниците може да им дадат картички со слики за да им помогнат. Правилата се собираат и се поставуваат на Twinboard. 

Во рамки на видеоповик, учениците може да гласаат за различните правила со користење на емотикон со палец нагоре или надолу. Наставниците ја финализираат листата и ја објавуваат на TwinSpace. Учениците воедно прават цртежи за да ги илустрираат правилата.

Покажи повеќе
Collaboration
Collaboration

Откако листата со правила ќе биде готова, учениците може да започнат да ја осмислуваат планетата. Наставниците им даваат листа на работи што треба да ги имаат предвид:

  • средина (бои, форми, дрвја, реки, планини)
  • заедница (домови, играње и работење заедно)
  • секојдневен живот (забавни активности, помагање едни со други).

Во мали групи, учениците изработуваат слика од нивната планета и ја презентираат во рамки на виртуелна сесија за „изложување и објаснување“. Паралелката потоа ги комбинира идеите во една конечна верзија на планета и дискутира за значењето на секој избран елемент. Конечната верзија на планетата се поставува на Twinboard од страна на наставниците.

Покажи повеќе
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment

Евалуација

Наставниците може да им дадат на учениците анкета со слики за да видат колку тие уживале во проектот. Анкетата може да вклучува слики со среќни, неутрални и со тажни лица, а учениците да изберат која најмногу ги одразува нивните чувства.

Оценување

За да се провери што учениците научиле за граѓанството, наставниците може да им дадат и краток квиз-тест. Ќе им покажат слики од проблемите со кои може да се соочи вонземјанинот и ќе побараат од учениците да кажат што значи секоја од сликите и како вонземјанинот би можел да се справи со ситуацијата. Учениците одговараат на прашања од типот на „Што се случува?“, „Зошто е ова важно?“ и 
„Како може вонземјанинот да го реши овој проблем?“

Покажи повеќе
Follow up
Follow up

Документирање

Штом се заврши проектот, конечната идеја за планетата и листата на правила може да се постават на TwinSpace. Може да се изработи информативен билтен за родителите со цел да се објаснат целите на проектот и неговите постигнувања, вклучувајќи видеа и слики од проектот.

Дисеминација

Секоја паралелка може да го претстави својот проект за време на училиштен собир, да објасни што сработиле и да прикаже видеа и слики. Може да дискутираат што научиле за граѓанството, тимската работа и вредностите. Може да се организира и активност на ниво на цело училиште, како на пример акција за чистење на паркот или плажата, со цел понатамошно вклучување на заедницата.

Покажи повеќе

Additional information

  • Age from:
    5
  • Age to:
    6
  • Difficulty:
    Easy
  • Education type:
    Early Childhood Education and Care
  • Target audience ISCED:
    Early childhood education (ISCED 0)