Како да креирате сметка на EU Login

Треба да знаете дека сметката на EU Login ќе може да ја користите за пристапување на Европската платформа за училишно образование само откако платформата ќе биде покрената. Во меѓувреме, продолжете со користење на вашата актуелна сметка за најавување на платформите еТвининг и School Education Gateway.
Треба да знаете дека повеќе не е возможно да ја промените адресата на е-пошта поврзана со вашата постојна сметка на eTwinning/School Education Gateway. Погрижете се вашата сметка на EU Login да ја има истата адреса на е-пошта како и вашата сметка на eTwinning/School Education Gateway. За повеќе информации, обратете се кај вашата Национална организација за поддршка.
Креирање сметка на EU Login
Доколку сè уште немате сметка на EU Login, кликнете овде за да ја креирате.
Пополнете ги сите информации во формуларот.
Важно!За да ја синхронизирате сметката за Европската платформа за училишно образование со сметката за еТвининг/School Education Gateway, при креирањето на сметката на EU Login мора да ја внесете истата адреса на е-пошта што сте ја користеле за регистрирање на еТвининг/School Education Gateway. Видете во продолжение како да проверите која адреса на е-пошта ја користите за сметката.
Кликнете на „Create an account“ („Креирај сметка“) за да продолжите.
Ако формуларот е правилно пополнет, ќе добиете е-порака со потврда во вашето сандаче. Ако не можете да ја најдете е- пораката, проверете во папката со „спам“ пораки.
Кликнете на врската од електронската порака или пак копирајте ја и залепете ја во адресната лента на прелистувачот.
Сега може да поставите лозинка за вашата сметка на EU Login.
Адресата на е-пошта во оваа фаза не може да се промени.
Кога ќе завршите, кликнете на „Submit“ („Поднеси“).
За корисниците кои веќе имаат сметка на EU Login
Ако веќе имате сметка на EU Login, нема потреба да креирате нова.
Меѓутоа, треба да потврдите дека адресата на е-пошта од сметката на EU Login е иста со адресата на е-пошта од сметката на еТвининг/School Education Gateway.
Ако адресата на е-пошта не е иста, во продолжение се дадени инструкции како да ја ажурирате адресата на е-пошта поврзана со вашата сметка на еТвининг/School Education Gateway.
За да ја промените е-поштата за еТвининг или да ја проверите:
- Најавете се на вашата сметка на еТвининг овде
- Одете на профилната страница
- Кликнете на „Edit“ („Уреди“), променете ја адресата на е-пошта и кликнете на „Save changes“ („Зачувај ги промените“).
За да ја промените е-поштата за School Education Gateway или да ја проверите:
- Најавете се на School Education Gateway со вашата сметка
- Одете на „My profile“ („Мој профил“) (со кликање на вашето име)
- Кликнете на „Edit profile“ („Уреди профил“), направете ги измените, и кликнете на „Save“ („Зачувај“).
Како да се најавите со EU Login?
Треба да знаете дека сметката на EU Login ќе може да ја користите за пристапување на Европската платформа за училишно образование само откако платформата ќе биде покрената.
Во меѓувреме, новата сметка на EU Login може да ја испробате на некоја од овие други платформи на ЕУ. Адресата на е-пошта и лозинката за најавување на овие платформи се секогаш истите оние што ги користите за EU Login. Сепак, при вашата прва посета може да ви биде побарано да креирате профил таму:
- https://education-for-climate.ec.europa.eu/community/
- https://academy.europa.eu/
- https://europa.eu/youth/solidarity_en
Понатамошни информации
За да добиете подетални информации за EU Login, погледнете во Често поставуваните прашања овде (во делот „Не работам за европска институција“).
Ако по читањето на инструкциите, имате проблем со EU Login, може да го пријавите тој проблем преку допис до Службата за екстерна поддршка на EU Login на следнава е-пошта: EU-LOGIN-EXTERNAL- SUPPORT@ec.europa.eu. За повеќе информации посетете ја страницава.
Ако имате проблем со сметката на еТвининг, обратете се кај Националната организација за поддршка во вашата земја.
Ако имате проблем со сметката на School Education Gateway, обратете се кај службата за техничка поддршка на School Education Gateway.