Project kits
ЕНДА КНИГА ДНЕВНО ЈА БРКА ДОСАДАТА!

“Можеби не постојат денови од нашето детство, што толку силно сме ги жеивееле како оние поминати со омилена книга ".– Maрсел Пруст
Активностите во овој проектен комплет се фокусираат на литературата. Учениците треба да се запознаат со класичната или современата литература и да учествуваат во колаборативни креативни активности кои ќе им овозможат да се надоградат емотивно и социјално. Учениците ќе работат во мешани национални групи со цел да дискутираат, толкуваат и коментираат за различни книги и да работат заедно на креативни активности.
Objectives
Objectives
• Да се потенцира мултикултурниот квалитет на литературата и нејзината безгранична сила да ги натера луѓето да сфатат дека делат исти вредности и грижи.
• Да им ги доближи на учениците различните литературни жанрови и нивните карактеристики.
• Да го доведат на површина личниот интерес на секој ученик и да го потенцира нивниот личен талент и креативност.
• Да се мотивираат учениците да ја подобрат употребата на англискиот јазик пеку читање, автентични текстови и преку креативно пишување.
• Креативност и развој на детската фантазија.
• Да се мотивираат учениците да читаат литература сами.
Introduction of partners
Introduction of partners
Да бев карактер од книга…
Учениците ќе го обноват нивниот Твинспејс профил преку одговарање на следните прашања: ‘Доколку би биле карактер од книга кој карактер би биле и зошто?’ Листата на лични придавки создадени и обезбедени од страна на наставниците може да им помогнат на помладите ученици да ја завршат оваа активност. На профилната слика учениците можат да нацртаат портрет од нивниот омилен лик од книга или да направат свој лик со користење на алатката аватар. Учениците треба да бидат охрабрени да постираат барем едно прашање на три различни ѕидови и да бидат подготвени да им одговорат на прашањата на партнерите како да се самите измислениот лик.
Пример: Superherotar.framiqЛитературни квизови на Книжевни белешки
Учениците треба да работат во национални групи и да создадат интерактивен квиз со прашања поврзани со познати автори од нивната земја и нивната работа. Секој квиз не треба да содржи повеќе од 10 прашања. Партнерските училишта ќе организираат сесија во живо преку Tвинспејс, каде што учениците ќе ги презентираат своите квизови пред партнерите и ќе се забавуваат додека одговараат на прашањата во реално време.
Пример: Quizizz
Orientation
Orientation
‘Што е за тебе литература?’ Прашалник
Учениците треба да пополнат онлајн прашалник напишан заеднички со сите партнери каде ќе одговараат на прашања од типот ‘која ви е омилена книга?’, ‘која книга сте ја прочитале скоро?’, ‘кои од следниве се сметаат за типови на литература?’, ‘што добивате или ќе добиете со читање на литература?’ итн. Резултатите од прашалникот ќе се објават на Твинспејсот и ќе се презентираат на онлајн состанокот од страна на сите партнерски училишта.
Пример: SurveyplanetНашата листа за читање
Учениците од секоја партнерска земја , со помош на нивните наставници или/и училишни библиотекари, ќе креираат листа на книги во кој ќе уживаат, додека работат на проектот. Насловите на книгите заедно со имињата на авторте и позадината на книгата ќе бидат собрани во ‘виртуелна библиотекаand“ и учениците ќе треба да гласаат за 10те најпопулари книги, вклучени во нивната листа за читање.
Пример: Dotstorming‘Како да започнете книжевен клуб’ Водич
Учениците треба да работат во национални групи и да ги поделат своите идеи за тоа како да започнат нивен книжевен клуб. Можат да направат водич чекор по чекор каде ќе ги споделат сите корисни совети во вид на инфографика
Пример: Visme
Collaboration
Collaboration
Корисен совет: Работење на активноста на месечно ниво е идеално, но доколку на вашите ученици им треба повеќе време да завршат задача, дозволете им го ова и намалете го бројот на проектни активнисти. Најважен е квалитетот на матеирјалот.
КомуникацијаЗапоченте клуб на читање!
Учениците се групирани во мешани национални групи (не повеќе од десет групи вклупно, за наставниците да може да ги надгледуваат ефективно).Ќе се креира форум за секоја група, каде студентите ќе се сретнуваат онлајн, за да се запознаат и да соработуваат. Секоја група треба да избере име за книжевниот клуб, да договорат колку често ќе се сретнуваат онлајн,да номинираат некој кој ќе биде одговорен за книжевниот клуб, да креираат лого и да изберат книга од листата за читање која треба секој од групата да ја прочита. Секоја група ќе треба да го најави отворањето на својот книжевен клуб со креирање на кратко видео со сите горенаведени информации.
Пример:AnimotoВодење на дневник за книжевниот клуб
Првиот месец од проектот ќе биде посветен на читање на книга, но исто така тоа ќе биде и најпогодно врмее за комуникација и градење на тимот со членовите на групата. Затоа секој од национално мешаниот книжевен клуб треба да направи свој дневник кој ќе го обновува додека ги читаат книгите. Во овој дневник членовите на секој тим можат да ги зашишат нивните мисли и импресии, да ги забележат нивните реакции/емоции, да се поврзат со карактерите, да запишат или да ги нацртаат своите омилени сцени, да ги поделат нивните омилени изреки итн.
Пример: Google DocsСоработкаИлустрирана временска рамка од животот/ дневникот на авторот
Младите ученици од партнерските училишта, треба да креираат илустрации базирани на временската рамка на животот на авторот, даден од страна на наставниците. Постарите ученици се преправаат дека тие се авторот и пишуваат дневник за сите клучни настани во нејзиниот/неговиот живот.
Пример: TimetoastНасловна страна на книгата
Студентите треба да ја прочитаат позадинатана книгата и ја редизајнираат насловната страна. Сите насловни страни треба да се стават во Твинспејсот.
Пример: TwiddlaБио поеми и портрети
Учениците треба да напишат “био поеми’ (поеми кои се напишани да опишат личност, обично измислен лик на позната личност, кој следи одредена шема: Biopoems worksheet) и да нацртаат скечеви за секој лик од книгата. Е-книга со збирка поезија која ги вклучува поемите на учениците , креирани и илустрирани од самите ученици. Малдите ученици можат да нацртаат портрети на главните ликови од книгата или да направат од нив 3D модели.
Пример:FlipsnackМобилна книга/Книга паметна-карта
Помладите ученици траба да направат мобилна (декоративна структура која виси слободно во воздухотWikihow Make a Mobile) користејќи ги овие четри елементи од приказна (место, карактер, заплет, тема). Можат да ги стават своите мобилни телефони во нивната училница или на друго место во училиштето. Постарите ученици создаваат интерактивни паметни мапи со најважните елементи од книгата што ја читаат, фокусирајќи се на авторот, темата, местото, главните ликови, најважните настани, рејтинг на книгата итн.
Пример: MindmupУдарни вести
За оваа активност студентите ќе работат како новинари репортери. Ќе треба да напишат статија што го опишува најважниот настан од нивната книга која ќе служи како насловната страница на весникот. Студентите ќе можат да го изберат името на весникот за кој работат, да ја креираат насовната страница и да ги објавуваат своите статии.
Пример: FodeyСтрип: Да се оживеат книгите!
Учениците ќе треба да ја претворат книгата или дел од книгата во стрип. Треба да работат заедно и да ги изберат клучните сцени, соодветни пејзажи и да создадат соодветен дијалог за главните ликови.
Пример: Storyboardthat , Makebeliefscomix
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment
Европска Конференција на книжевен клуб:
Секоја мешана национална група треба да најде креативен начин да ја презентира својата работа пред публика. Тие треба да се насочат на книгата на која работеле, на нивниот финален производ и на главните теми на кои работеле. Ќе имаат точно пет минути да ја презентираат својата работа пред партнерите за време на закажаната онлајн средба. Ќе можат да создадат постер, видео, презентација, фото албум, игра, квиз, панел дискусија, документарен филм итн. Останатите групи ќе коментираат за нивната работа и ќе гласаат за најдобра презентација. Наставниците исто така ќе дадат повратни информации за секоја презентација.Пример алатка: настан во живо во Tвинспејс
Подароци за збогум: Граничници за книга
Секој ученик ќе треба да креира нивен граничник (Wikihow Make a Bookmark) инспириран од книгите кои ги прочитале. Можат да ја нацртаат омилената сцена или изрека, да напишат импресии од проектите, да напишат порака за збогум итн.Секој ученик ќе направи по еден граничник за секој член од неговиот тим. Граничниците за книги ќе бидат испратени по пошта до секое партнерско училиште и ќе бидат чувани како сувенир од учениците кои учествувале во проектот.
Follow up
Follow up
Документација:
-Иницијалниот проектен план заедно со листата на задачи на проектот треба да бидат објавени во посебна страна со активности во Твинспејсот.
- Одделна страница со активности треба да биде направена за секоја активност посебни во проектот. Треба да содржаи краток опис на активноста и краен заеднички производ.
-Секоја комуникација која се одвива во собата за разговор, форумот или за време на сесиите во живо, треба да бидат документитрани. Сите овие материјали треба да бидат објавени во соодветни страници за активност.
-Наставниците и учениците треба редовно да го обновуваат проектниот дневник на Твинспејсот.
Дисеминација:
Славење на светскиот ден на книгата
На 23-ти април, сите партнерски училишта треба да организираат активности за одбележување на Светскиот ден на книгата. Учениците можат да пишуваат статии во локалните весници каде ќе ја презентираат нивната работа и важноста од читањето. Тие, исто така, можат да организираат настан за донирање на книги, каде што учениците и локалната заедница ќе бидат поканети да носат книги што веќе ги прочитале за да ги донираат на училиштето, од каде ќе бидат земени и прочитани од други. Настанот треба да се промовира преку локални весници, радио станици и телевизиски канали.
Литературен ден на училиште
Студентите треба да ја презентираат својата работа на другите од училиштето. Можат да ги вклучат во интерактивни активности, како онлајн игри и квизови и да ги научат како да креираат сопствени граничници за книги, инспирирани од нивните сопствени омилени книги. Тие, исто така, можат да ги поканат локалните автори да разговараат за придобивките од читањето и да ги вклучат во искуствени активности, раскази,работилници за креативно пишување итн.
Книги на нашите ѕидови
Со помош на наставникот по уметност , учениците можат да ја украсат нивната училница/училишните ѕидови каде ќе покажат сцени од книги кои ги прочитале за време на учеството во проектот.
Корисен совет: Материјали од дисеминираните активности ќе бидат поставени на релевантните страни за активност во Твинспејсот.
Additional information
-
Age from:9
-
Age to:19
-
Difficulty:Intermediate