Игралиште приспособливо на климатските услови и учење на отворено во „Sint Paulus“

Седрик Рекарт, наставник, „Sint-Paulusschool“: „Sint-Paulusschool“ е градинка, забавиште и основно училиште. Овде во училиштето имаме 485 ученика, и во 2016 година започнавме да размислуваме за училишната градина и училишниот двор, односно да го претвориме во училиштен двор адаптиран на климатските услови. За нас тоа е училиштен двор кој дава многу одговори на климатските промени. Обработувавме теми, како што се топлотен стрес, квалитет на воздухот, инфилтрација на вода, и работиме заедно со децата на овие теми, така што училишниот двор сега ни служи како училница на отворено каде бараме одговори за истражувањата на климатските промени заедно со нашите деца.
Бевме вклучени во голем број партнерства, како она со Универзитетот на Антверпен и една католичка образовна организација во Фландрија на проектот „Vallis“, и тие ни помогнаа да имаме холистички пристап кон проектите за да создадеме компетенција за делување. Оттука, образованието за одржлив развој за нас е поврзано со сите овие нешта, па затоа се трудиме да ги научиме нашите деца да им пристапуваат на предизвиците на холистички начин.
Знаеме дека тоа е иднината. Се трудиме да имаме пристап заснован на целото училиште, да имаме голем број врски со заедницата, и да донесеме во таа заедница, да донесеме експерти кои ќе ги подучат нашите деца за сите овие предизвици со кои се соочуваат. Но се трудиме да донесе и многу технологија, па така, во училиштето имаме улишта, родителите се грижат за пчелите, и го продаваме нашиот мед. Имаме и пилиња овде во училиштето и сите тие нешта ги користиме во нашите часови. Од гледна точка на наставник, тоа е одлично, затоа што прави учењето да биде реално. Но имаме и метеоролошка станица, камери за живиот свет и куќички за птици, затоа што знаеме дека таквите нагледни средства ги инспирираат децата да бидат навистина активни во наставата на отворено.
На сите наши дрвја им ставивме QR-ознаки, така што секое дрво во училишниот двор има свој онлајн пасош, имаме контролна табла… и можеме да ги подучуваме децата за тоа што расте овде.
Лукас Ванхаусе, ученик: Учам за нови животни, инсекти, нови дрвја и така натаму. И во одделението многу зборуваме за нив, и мене тоа многу ми се допаѓа. Исто така, ми е интересно и сакам да дознаам многу повеќе.
Седрик: Се трудам за дадам импулс преку STEAM активности, преку математика, преку јазик, и велам во ред, кога сте ангажирани околу ѓубрето на улица, треба да знаете дека работите на овие цели. Ќе ви ја дадам лекцијата, ќе ви ги дадам целите, и само излезете, сработете го тоа, разговарајте со вашите деца. Кога работите во училишната градина, работите на математика, работите на јазикот. Тоа се целите кои може да ги постигнете само со излегување од вратата. И не мора да патуваме многу далеку. Го користиме ова место. И знаеме дека тоа им дава силна инспирација на децата, и забележуваме дека на тој начин се создава нешто посебно.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Evidence:N/A
-
Funding source:European, national, local
-
Intervention level:N/A
-
Intervention intensity:N/A
-
Participating countries:Belgium
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalParent / GuardianSchool PsychologistStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)