Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
News item

Представување на партнерите

На почетокот на проектот,треба да организирате активност со цел  да ги претставивте различните проектни партнери. Ова е прв чекор. Претставување на учесниците може да биде самостојна активност, или може да се поврзе со темата на проектот. Се разбира, во текот на проектот, партнерите ќе добијат повеќе можности за подобро запознавање.

На почетокот на проектот, претставувањето на партнерите треба да биде безбедно и заштитено. Понатаму нивото на комуникација може да порасне, но е-безбедноста и заштитата на приватностамора да биде важна низ целиот проект. Лични детали не треба никогаш да се споделуваат и проектните партнери треба да ги пратат правилата на земјата во поглед на е-безбедност, на пр. јавно споделување на слики.

Претставувањето на партнерите е можност за активно и колаборативно учење. Има повеќе можности  отколку само да се ставаат фотографии на Твинспејсот. Проектните партнери можат да користат податоци испратени од други партнери за да креираат дигитален производ. Активностите да се вклучат учесници може да резултира во динамичен резултат наместо статичен производ. Има начини да се направи публиката активна кога се разгледува претставувањето на партнерите  како што е учество во a квизови, решавање загатки, комбинирање на парови, итн.

По активноста претставување, сите учесници во еТвининг проектот индивидуално се пријавуваат во Твинспејсот. Учениците имаат можност да креираат личен профил кој содржи слика и краток опис. Наставниците мора да дадат насоки во однос на креирањето на личниот порфил.

Последна забелешка: во претставувањето на партнерите исто така е вклучена околината на проектните партнери, какои  училиштето и градот.

ПРЕДЛОЖЕНИ АКТИВНОСТИ

        1. Учениците пишуваат краток параграф каде се опишуваат самите.Во партнерското училиште, сите ученици земаат еден од описите и креираат портрет на својот врсник. Овој портрет исто така може да се искористи како профилна слика во нивниот Твинспејс

        2. Учениците во секој клас креираат квиз за нивната земја. Учениците од другиот клас треба да бараат информации кои недостигаат.

        3. Проектните партнери креираат онлајн пазл од фотографиите на учениците и/или од училиштето и граодт.

        Предложена технологија:http://jigsawplanet.com

        4. Проектните партнери креираа хотспот на дигитално платно на локалните места, на пр. училиштето. Хотспотот може да содржи екстра информации, видеа итн.

        Предложена технологија:http://thinglink.com

        5.Продавница за маички: Наставниците ќе направат анкета со слики на пр баскет, гитара, снепчет лого итн. Сите ученици треба да направат дигитална маичка и да додадат две слики од анкетата како и да го додадат нивното име. Учениците понатака можат да видат со кој друг ученик имаат нешто заедничко.

        6. Учесниците заедно организираат настан во живо и претстава Kahoot . Секое училиште прави квиз за другите партнери. 

        7. Проектните партнери треба да му постават надругото училиште прашање. Другото училиште треба да одговори на прашањето со видео, слика,слајдови итн.

        8. Секој клас поставува групна фотографија како и индивидуални аватари кои зборуваат (на пр. Voki) креирани од секој ученик. Учениците од партнерските училишта пробуваат да го откријат ученикот позади секој аватар и да го поврзат со личност од групната фотографија.

        Предложена технологија:http://www.voki.com