Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
News item

Онлајн работилница за професионален развој за 2021 година: Критична дигитална писменост со еТвининг

Онлајн работилницата насловена „Критична медиумска писменост“ беше инспиративен, интересен и интензивен тридневен настан.

Во средата, на 26-ти мај, 180 учесници го започнаа своето патување со поздравниот говор на г-а Антонија Гладовиќ, којашто ја истакна важноста на еТвининг како заедница и платформа.

„Оваа заедница беше особено важна во изминативе 15 месеци кога се затворија училиштата поради пандемијата на КОВИД-19.“

Потоа следеше воведен говор на Ен Џилеран, којашто ја претстави нашата тема посветена на критичната дигитална писменост и кажа зошто таа е толку важна за еТвининг.

Двете главни излагања на Нел Бротертс и на Ива Ненадиќ продолжија на оваа тема и ја истакнаа важната улога на медиумската писменост во образованието. Како што наведоа главните говорници, актуелните проблеми со кои се соочуваат наставниците се комплексни и не постои едноставно решение, но едукацијата за медиумска и дигитална писменост игра важна улога како суштинска алатка, и за учениците, и за наставниците.

Првиот ден беше заокружен со активност за вмрежување: „Среќни места во Хрватска – вистина или лага?“.

Различни групи проверуваа дали информациите во дигиталните стории за хрватските знаменитости се точни или неточни со помош на алатка за брза проверка на слики и започнаа да планираат свои лажни стории.

Во текот на вториот ден, учесниците го слушнаа третото главно излагање кое го одржа Николина Борчиќ, којашто ја претстави медиумската писменост од гледна точка на вестите како стории, и на зборовите како избори, а во текот на третиот и последен ден од настанот, Ричард МекНил-Вилсон од проектот „Brave“ ја затвори серијата на излагања со осврт на растечката поларизација и насилниот екстремизам. Тој нè запозна со ова комплексно прашање и ни покажа како да изградиме отпорност за посуштински одговор на поларизирачките дезинформации.

„Повеќе демократија преку образование за критична дигитална писменост!“

Покрај главните излагања, се одржаа и три сесии работилници. Во рамки на овие сесии, наставниците кои учествуваа можеа да навлезат подлабоко во различните теми и алатки кои беа претставени на овој настан.

Лажните вести, дезинформациите, дискриминацијата, стереотипите, критичкото размислување, е-Безбедноста, ксенофобијата, се само некои од темите и тие не се лесни за решавање. Сигурни сме дека наставниците се стекнаа со одредени алатки, совети и знаења кои ќе ги споделат со нивните еТвининг партнери, ученици и колеги во рамки на нивните училишта.

Нашето патување низ критичната дигитална писменост не е завршено. Во еТвининг продолжуваме да го надградуваме нашето знаење преку соработка, вмрежување, размена на практики и учење.

Topics

eTwinning annual theme