Education Talks: Градење вредности, светоглед и отпорност преку предучилишното образование

Јас сум Арника Кусисто, и сум професорка по предучилишно образование на Универзитетот на Хелсинки, во Финска.
Под вредности подразбираме работи кои ни се важни и драгоцени. Вредностите се учат со внимателно забележување на микро-пораките што луѓето околу нас ги испраќаат при општествена интеракција. На пример, изразот на лицето и говорот на телото, но и начините на кои луѓето околу нас делуваат и реагираат. Исто така, вредностите се еден вид лего-коцки со кои се гради индивидуалниот светоглед.
Оттука, светогледот е еден вид животна филозофија или очила низ кои го гледаме светот околу нас и ги толкуваме случувањата во светот.
Вредностите им се понекогаш толку важни на луѓето што тие се подготвени и да вложат голем напор во нивна одбрана. На пример, климатската вознемиреност може да ги натера децата активно да се стремат кон одржливост, при што се создаваат надеж, капацитет за делување и позитивни промени.
Овде децата набљудуваат како другите луѓе, односно родителите, наставниците, и постарите браќа/сестри и врсниците, ги третираат другите луѓе. Кога возрасните околу нас ги третираат другите со почит и зборуваат позитивно за нив, дури и зад грб, децата учат да ги почитуваат и да имаат доверба во другите.
Ова е важно и за нивната благосостојба во предучилиште, на пример, затоа што кога детето гледа дека родителите имаат доверба и почит кон предучилишниот кадар, и тоа чувствува поголема доверба, уште од почеток, со вакви нови луѓе.
Кога наставниците и родители покажуваат подеднаква почит кон сите родови, на пример, и зборуваат позитивно за еднакви можности во животот за секој, без оглед на родовата, етничката или религиската припадност или светогледот, тогаш децата ги учат вредностите на еднаквост и инклузивност.
Многу е важно наставниците постојано да се стремат предучилишното образование да го претворат во безбеден простор за идентитетот. Многу важно е секое дете да се чувствува почитувано, препознаено, видено и слушнато во предучилишното образование секој ден. И кога ќе има искуство на емпатија, сочувство и почит кон него, тоа ќе научи да покаже слични такви чувства кон другите.
Овие вредности може да се пренесат на пример, преку читање книги и раскажување приказни, реализирање драма, музика и уметност со децата, затоа што приказните и наративите им помагаат на децата да учат и да ги разберат различните улоги и позиции, како на пример, во бајките, додека истовремено учат за емпатија.
Да се биде виден и слушнат секој ден е од огромна важност за поддршка на отпорноста на детето кон неволјите во животот. Тоа е важно не само за поддршка на учењето и благосостојбата на децата, туку и за ситуациите кога нешто ќе се случи, на пример, загуба или развод во семејството. Ако се воспостави и се одржува однос на доверба и почит, детето ќе се чувствува слободно да се обрати кај наставникот за своите маки и грижи и да добие поддршка кога таа му е потребна.
Друг важен фактор на поддршка за отпорност се врсничките односи, односно другарувањето меѓу децата.
Наставниците треба да бидат способни да ги забележат исклученоста и осаменоста во групата и да направат сѐ што можат да му дадат поддршка на секое дете за тоа да стане ценето од врсниците и да има другарчиња со кои ќе си игра.
Решавањето конфликти меѓу деца е, исто така, многу полесно кога оперативната култура на предучилишното образование е континуирано градена да биде безбеден простор, и за почитување сечии мислења. Но наставникот може да објасни, на пример, кога се разговара за некоја приказна или некоја друга тема дека луѓето не мора да се согласуваат во однос на сѐ, туку дека секој има право на свое сопствено мислење.
Сепак, учењето да се почитуваат различните ставови е важно и овде. Кога зборуваме за различнитемис лења и вредности со деца, исто така, важно е да посочиме дека иако луѓето може да размислуваат различно, има одредени граници за тоа што е исправно, а што не е, на пример, според законот или човековите права, и Конвенцијата за правата на детето.Тие ја уредуваат и референтната рамка за тоа што е прифатливо, а што не е.
Ова е уште една причина да му дадеме поддршка на секое дете за да биде поврзано со групата и да се чувствува вклучено и почитувано исто онака како што е секој ден од предучилишното образование.
Further reading
Additional information
-
Education type:Early Childhood Education and Care
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalTeacher EducatorParent / Guardian
-
Target audience ISCED:Early childhood education (ISCED 0)