Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Tutorials

Важноста на медиумската писменост во година значајна за демократијата

Во 2024 година, половина од населението во светот ќе гласа на важни избори, вклучително и на значајни избори во неколку европски земји, како и на изборите за Европскиот парламент. Во ова упатство ќе разгледаме корисни ресурси за медиумска писменост и демократско учество.
Young woman using a laptop surrounded by news images
Mongkol / Adobe Stock

Главна загриженост во пресрет на изборите е обезбедувањето слобода и праведност во информативниот екосистем. Тоа значи негова заштита од негативните влијанија од погрешните информации и од дезинформациите, како и подигнување на свеста за потенцијално оцрнувачки кампањи чија цел е таргетирање одредени групи, напаѓање личности од политичкиот живот или нарушување на демократскиот процес.

 

Погрешни информации, дезинформации и демократско учество

 

Погрешните информации (кога фактите не се разбрани или кога не се сфатени во контекст) и дезинформациите (намерен обид за извртување на вистината со задни намери) се закани за стабилноста на современите демократии. Особено е важно децата и младите, коишто се полесно подложни на влијание, да стекнат вештини што ќе им помогнат да разликуваат вистина од измислица, како и да носат одлуки засновани на информации.

 

Медиумска писменост: способност да се пристапи до медиуми, да се разберат и критички да се оценуваат различните аспекти на медиумите и медиумските контексти, како и да се создаваат комуникации во најразлични контексти. (Европска комисија, 2021)

 

 

Ниските нивоа на медиумска писменост делуваат како бариера за демократската инклузија. Изложеноста на граѓаните на дезинформации од големи размери, вклучително и погрешни или лажни информации, претставува голем предизвик за европската демократија.

 

Еден таков пример е кризата со КОВИД-19. Епидемијата на вирусот беше доминантна тема во медиумите, придружена од „инфодемија“: огромно количество информации поради кои на многу луѓе им беше тешко да најдат веродостојни извори и сигурни насоки за носење одлуки засновани на информации. Затоа, сите граѓани треба да имаат критичко разбирање и интеракција со медиумите и со дигиталните средини.

 

Европската опсерваторија за дигитални медиуми (EDMO) нуди експертиза, идеи и можности за вмрежување со цел зајакнување на практичарите во полето на медиумска писменост и на останатите во борбата против дезинформации. Опсерваторијата изработува профили за секоја земја членка кои даваат преглед на националните политики и рамки, информации за клучните засегнати страни, и го прикажуваат статусот на медиумската писменост во националните наставни програми и надвор од формалното образование.

 

Ресурси, конференции и вебинари

 

European School Education Platform има низа ресурси достапни што се однесуваат на медиумската писменост и на дезинформациите во училишната средина.

 

Благодарение на годишната тема на еТвининг за 2021 – Медиумска писменост и дезинформации – се изработија голем број корисни ресурси:

 

 

 

 

На European School Education Platform може да се најдат и голем број други статии и ресурси поврзани со медиумската писменост.

 

Во рамки на неколку проекти финансирани од ЕУ се изработија практични ресурси за наставниците. На пример, во проектот iMES се изработи наставна програма за подучување „Медиуми и општество“ во средните и стручни училишта. Материјалите вклучуваат теоретски сознанија и детални планови за час достапни на англиски, грчки, хрватски и на литвански јазик. Во склоп на проектот Facts4All се изработи предизвикот „Само факти“ кој вклучува информативен лист од 10 чекори за справување со дезинформациите.

 

Упатството на Европската комисија засправување со дезинформации и промовирање дигитална писменост дава практични насоки за наставниците и за едукаторите, промовира одговорно и безбедно користење дигитални технологии, како и поттикнува јавна свест и знаење за дезинформациите. Тие обезбедуваат педагошка експертиза за зајакнување на вештините за критичко размислување на младите луѓе со цел зголемување на нивната отпорност во рамки на дигиталниот свет и се наменети за наставниците од основно и средно образование во сите фази од професионалниот развој.

 

Пандемијата ни покажа колку брзо можат да се шират погрешните или лажните информации онлајн. Со помош на Збирката алатки за препознавање и борба против дезинформациите, наставниците од средните училишта можат да им помогнат на нивните ученици да разликуваат вистина од лага кога прелистуваат онлајн. Збирката алатки се состои од презентација која може да се уредува (која вклучува примери од реалниот живот и вежби во групи) и упатство за наставниците.

 

Комисијата ја објави и стратегијата Подобар интернет за децата (BIK+) преку која обезбедува заштита и зајакнување на децата онлајн. Таа обезбедува информации, насоки и ресурси за дигитални услуги соодветни за возраста преку кои на наставниците и на образовните професионалци им се овозможува да им ги пренесат на децата и на младите вештините за дигитална и медиумска писменост кои тие треба одговорно, со почит, критички и креативно да ги користат во дигиталната средина. Исто така, вклучува флаер за деца во кој идеите се објаснети на начин којшто е разбирлив дури и за релативно мали деца.

 

Во однос на професионалниот развој, погледнете го нашиот краток онлајн курс „Digital citizenship education and democratic participation (Образование за дигитално граѓанство и демократско учество)“.

 

 

Further reading

Additional information

  • Education type:
    School Education
    Vocational Education and Training
  • Target audience:
    Teacher
    Student Teacher
    Head Teacher / Principal
    Pedagogical Adviser
    Teacher Educator
    Government / policy maker
    Higher education institution staff
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)