Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Tutorials

Поттикнување на социјално и емоционално учење во училницата

Социјалното и емоционалното учење (СЕУ) е образовен пристап кој цели да ги засили  социјалните и емоционалните компетенции на учениците за да можат да успеат академски, социјално и професионално.
Young pupils sitting in a group
Image: Adobe Stock / Monkey Business

Целта на СЕУ е да им помогне на учениците да ги идентификуваат и разбираат нивните чувства, да ги изразуваат и регулираат своите емоции, да сочувствуваат и комуницираат со другите и да изградат психичка издржливост. Со други зборови, учениците кои користат наставна програма на СЕУ ќе ја развијат својата самосвест, самоконтрола и социјална свесност и ќе научат како да градат силни врски и да носат добри одлуки (NESET, 2017). Ова се клучни животни вештини кои ќе им помогнат на учениците да преминат во полнолетството како автономни и одговорни граѓани и да се движат низ пазарот на трудот. Учениците кои имаат позитивно ментално здравје и благосостојба, имаат подобри академски резултати, имаат придобивка од здравите односи со своите врсници и значајно се вклучуваат во училишните активности (LifeComp, 2020).

 

СЕУ е порелевантно од кога и да е, земајќи ја предвид пандемијата на КОВИД-19 која имаше значително влијание на психолошката благосостојба на учениците. Како дополнение на развојот на издржливоста кај учениците, СЕУ исто така може да помогне во справувањето со проблеми како рано напуштање на училиште, врсничко насилство и социјална ексклузија. Децата и младите поминуваат значително време на училиште во критичен период од нивниот социјално-емоционален развој. Ова е причината зошто училиштата мора да имаат главна улога во развивањето на социјалните и емоционалните компетенции кај нивните ученици. (Eвропска Комисија, 2022). 

 

 

Продолжете со читање за да научите како ефективно да имплементирате СЕУ во вашата училница.

 

Целосен училишен пристап

 

Иницијативата на Европската Комисија, Патеки до училишен успех , се поврзува со СЕУ бидејќи ја нагласува потребата за инклузивен целосен училишен, мултидисциплинарен пристап кон учењето кој се фокусира на благосостојбата и академските постигнувања на учениците. Кога е добро спроведен, целосниот училишен пристап може да ја зголеми писменоста за менталното здравје и да промовира просоцијално однесување. Успешна, целосно-училишна стратегија за СЕУ треба да мобилизира различни ресурси во целата училишна заедница и да ги ангажира сите засегнати страни вклучувајќи ученици, училишни лидери, наставен и ненаставен кадар, родители и семејства и локалните и пошироките заедници (NESET, 2021).

Училишното раководство мора да демонстрира посветеност кон имплементирање на СЕУ и да осигури дека сите други засегнати страни се активно ангажирани во развивањето на социјалните и емоционалните компетенции на учениците. Предлогот на комисијата нагласува превентивни и интервентни стратегии и мерки за компензација кои училиштата може да ги имплементираат во таа смисла.

 

СЕУ во училницата

 

СЕУ наставната програма треба да обезбеди многу можности за групна работа и да креира безбедна средина за учење за да се олесни ангажманот на учениците.

 

Колаборативна групна работа

 

Редовни групни работни активности им овозможуваат на учениците да научат како да соработуваат и да преговараат, да градат лидерски вештини и да ги идентификуваат нивните силни страни во групно опкружување. Колаборативното учење може да помогне да се засили поврзаноста помеѓу учениците и да се зголеми нивната културна свесност преку интеракција со други кои се поинакви од нив самите.

 

За интегрирање на СЕУ во конкретни предмети, учениците може да играат игри со карти на часовите по математика или да го вклучат речничкиот фонд на СЕУ во вежби за креативно пишување или активности на играње улоги. Играњето улоги е одличен начин за учениците да развијат емпатија и да решаваат конфликти така што ќе се стават самите себеси на местото на некој друг.

 

Одговорно донесување на одлуки

 

Одговорното донесување на одлуки е важна животна вештина која ги учи учениците како да прават конструктивни избори додека земаат предвид потенцијални етички импликации, безбедносни грижи, социјални норми и директни и индиректни последици. Тоа ги охрабрува учениците да вежбаат самоконтрола и да ја развијат својата самостојност и самодоверба. Колаборативните активности кои се фокусираат на вештините како што се решавањето на проблеми и донесувањето на одлуки им овозможуваат на учениците да работат заедно за да идентификуваат и да надминуваат различни предизвици.

 

Помогнете им на вашите ученици да носат информирани одлуки со користење на Методот Quality Circle. Следете ги овие чекори, идентификувајте го проблемот, оценете ја ситуацијата, размислете за можни решенија, анализирајте ги опциите и земете ги во предвид потенцијалните последици од секоја опција за сите вклучени страни, направете избор.

 

Ментален склоп за раст

 

Негување ментален склоп за раст, термин скован од страна на Д-р Керол Двек, претставува составен дел на СЕУ кај учениците бидејќи ги охрабрува учениците да гледаат на учењето како на тековен процес. Активностите за согледување и поставување цели им овозможуваат на учениците да ги идентификуваат и критички да размислуваат за нивните силни и слаби страни во одредени области и да го следат својот напредок. Корисна алатка во оваа смисла би била рефлективна вежба за пишување журнал со користење потсетници како што се, што е една работа што вашиот тим би можел да ја направи поинаку следниот пат за да го реши овој проблем? Или пак кога  за последен пат сте покажале емпатија кон соученик? (NEA, 2021). Учењето на учениците да поставуваат цели, да размислуваат за нивните успеси и да ги согледаат нивните неуспеси им овозможува да го прослават својот напредок без да се фокусираат на крајниот резултат.

 

Други едноставни активности на СЕУ:

 

  • колаборативно раскажување
  • одделенски состаноци
  • случајни дела на љубезност
  • охрабрување на позитивен саморазговор
  • дебатирање
  • техники на внимателност (секојдневни емоционални самопроверки, дневник за благодарност)

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Parent / Guardian
    School Psychologist
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)