Анкета за учењето јазик - Резултати

Учењето јазик е фундаментален и збогатувачки аспект на личниот развој, којшто има повеќе намени.
Според Препораката на Советот за клучни компетенции за доживотно учење, повеќејазичноста е една од осумте клучни компетенции неопходни за социјална инклузија, вработливост, здрав и одржлив начин на живот, и лична исполнетост. Во неодамнешното истражување на Евробарометар, 56% од граѓаните на ЕУ и 79% од младите европејци на возраст од 15-24 години изјавиле дека можат да водат разговор на друг јазик.
Меѓутоа, учењето јазик станува генерално помалку популарно помеѓу учениците и честопати се фокусира само на неколку јазици на ЕУ. Помеѓу бројните фактори што влијаат врз учењето јазик, се јавува прашањето за тоа како јазиците се изучуваат во училиштата. Препораката на Советот за сеопфатен пристап кон подучувањето и учењето јазик има цел да ги унапреди јазичните компетенции на младите европејци.
Имаше 1109 одговори на анкетата од посетители на платформата, најголем дел од кои беа наставници од основни и средни училишта од Италија, Шпанија, Турција и Грција.
Која од следниве точки најдобро ја опишува вашата улога?
- Воспитувач/ка - предучилишно образование
- Наставник/наставничка - основно образование
- Професор/ка - средно образование
- Професор/ка – стручно образование
- Директор/ка на училиште
- Национален, регионален или локален орган
- Едукатор/обучувач на наставници
- Креатор на образовни политики
- Родител
- Стручен соработник во училиштето (на пр. библиотекар/ка во училиштето, советник за професионална ориентација)
- Надворешен практичар (во посета на училишта)
- Друг професионалец/засегната страна од образовниот сектор
1. Колку јазици се нудат во вашето училиште или во некое училиште со кое сте запознаени?
Речиси сите испитаници работат или пак се запознаени со училиште во кое се учат странски јазици. Само 1 % од испитаниците наведоа дека во нивното училиште не се нудат часови по странски јазик. Околу 24 % посочија дека нивното училиште нуди часови по еден странски јазик, додека 41 % посочија дека се нудат часови по два странски јазика, што е најчесто застапена опција. Дополнително, 21 % изјавија дека се нудат часови по три странски јазици, додека помал процент (7 %) посочија понуда на четири јазика. Часови по пет или повеќе странски јазици наведоа 5 % од испитаниците.
- Ниту еден (само мајчиниот јазик)
- Еден странски јазик
- Два странски јазика
- Три странски јазици
- Четири странски јазици
- Пет или повеќе странски јазици
2. Колку се заинтересирани учениците за учење странски јазици?
Типичниот ученик е средно заинтересиран да учи странски јазик: мало мнозинство (51 %) од испитаниците сметаа дека учениците имаат средно ниво на заинтересираност за учење јазик. 30 % од испитаниците сметаа дека учениците се многу или изразено многу заинтересирани за учење странски јазици, а 18 % сметаа дека тие се малку или многу малку заинтересирани.
- Многу малку заинтересирани
- Малку заинтересирани
- Средно заинтересирани
- Многу заинтересирани
- Изразено многу заинтересирани
- Не знам
3. Во која мера се користат следниве стратегии во подучувањето јазик во вашето училиште?
Одговорите покажуваат дека интегрирањето комуникативни методи на подучување јазик е доминантно застапено во наставата по јазик, при што 70 % од испитаниците посочија дека во голема или во одредена мера го користат. Слично на тоа, 62 % посочија дека училиштата користат автентични материјали (на пр. дневни весници, списанија, ТВ снимки и поткасти) и го поттикнуваат самонасоченото учење на учениците како општа стратегија. Приспособувањето на упатствата по мерка на индивидуалните потреби на учениците е, исто така, често застапено (60 %), додека 58 % ја посочија употребата на апликации или онлајн платформи за учење јазик.
Методи на интегрирано учење на содржина и на јазик (CLIL) беа посочени од 57 % од испитаниците, додека 50 % ја споменаа употребата на техники на формативно оценување. Исто така, беа посочени и учеството во програми на Еразмус+ и размени (49 %) и воведување активности за учење врз основа на проекти преку еТвининг (46 %).
Помалку застапени стратегии се користењето е-портфолија (39 %), модели на превртена училница (39 %) и воннаставни активности – јазични клубови и партнерства во заедницата (35 %), на пример. Најмалку застапени стратегии се употребата на алатки за учење јазик со помош на вештачка интелигенција (26 %), пристапување до ресурси од European School Education Platform (25 %) и употреба на European Online Language Support (22 %).
А. Во голема мера / B. Во одредена мера / C. Малку / D. Воопшто не се користат / E. Не знам
- Интегрирање комуникативни методи на подучување јазик (на пр. симулација на улоги, сценарија од реалниот живот).
- Интегрирано учење на содржина и на јазик (изучување на училишната содржина на втор јазик).
- Приспособување на упатствата по мерка на индивидуалните потреби на учениците (диференцирано подучување).
- Поттикнување самонасочено учење на учениците.
- Воведување активности за учење врз основа на проекти преку еТвининг.
- Учество во програми на Еразмус+, размени или можности за мобилност на учениците.
- Усвојување модели на превртена училница (т.е. обратно поставување на традиционалните предавања и домашната работа).
- Воннаставни активности, како што се јазични клубови и партнерства во заедницата.
- Употреба на автентични материјали, како дневни весници, списанија, ТВ снимки и поткасти.
- Апликации или онлајн платформи за учење јазик.
- Употреба на European Online Language Support (Европската онлајн јазична поддршка) преку EU Academy (за проекти на Еразмус+).
- Алатки за учење јазик со помош на вештачка интелигенција (ВИ).
- Пристапување до ресурси од European School Education Platform.
- Интегрирање техники на формативно оценување (на пр. повратни коментари од соученици и самооценување).
- Користење е-портфолија, т.е. дигитални збирки документи, слики, видеа, итн., за следење на напредокот на учениците.
4. Кои од следниве фактори претставуваат најголем предизвик при учењето јазик?
Најистакнат предизвик при учењето јазик е ограничената изложеност на целниот јазик надвор од училницата (53 %). По него следат големиот број ученици во паралелките и немањето можности за автентично вежбање на јазикот (44 %), недостигот на мотивација или интерес кај учениците (42 %) и ограниченото време наменето за подучување јазик (41 %) кои се сметаат за пречки.
Меѓу другите предизвици се несоодветната поддршка за учениците со различни едукативни потреби и неефективните наставни методологии, посочени од по 23 % од испитаниците. Други причини, како што се перципираната тежина на учењето јазик во споредба со други предмети од наставната програма, несметањето на јазиците за корисни во приватниот и во професионалниот живот, културните или јазичните бариери и недоволните можности за професионален развој за наставниците по јазици, беа посочени како предизвици од по 20 % или помалку од испитаниците.
- Ограничена изложеност на целниот јазик надвор од училницата.
- Голем број ученици во паралелките што претставува препрека при подучувањето јазик.
- Немање можности за автентично вежбање на јазикот.
- Недостиг на мотивација или интерес кај учениците.
- Ограничено време наменето за подучување јазик.
- Несоодветна поддршка за учениците со различни едукативни потреби.
- Неефективни наставни методологии или пристапи.
- Перципираната тежина на учење јазик во споредба со други предмети од наставната програма.
- Јазиците не се сметаат за корисни во приватниот и во професионалниот живот.
- Недоволни можности за професионален развој за наставниците по јазици.
- Културни или јазични бариери кои влијаат врз изучувањето јазик.
- Недоволни ресурси и материјали за учење јазик.
5. Кои од следниве сметаш дека се најефективни стратегии за унапредување на подучувањето и учењето јазик?
Најпретпочитаниот пристап (62 %) за унапредување на подучувањето и учењето јазик вклучува програми за размена или партнерства со родени говорители или можности за учење во странство. Спроведувањето методи на активно учење кои им даваат приоритет на исходите наспроти меморирањето (38 %), и промовирањето воннаставни активности и настани за надополнување на учењето во училницата (36 %), исто така, се перципирани како ефективни стратегии.
Воведувањето технолошки-овозможени алатки и ресурси за учење јазик, заедно со усвојувањето флексибилни и персонализирани патеки на учење за задоволување на индивидуалните потреби, беа посочени како добри пристапи од по 27 % од испитаниците. Професионалниот развој и обуката за наставници по јазици, како и примената на интегрирано учење на содржина и на јазик (CLIL), беа поддржани од по 25 % од испитаниците. Распределбата на доволно ресурси за јазично образование во рамки на наставната програма беше посочено како добар пристап од 23 % од испитаниците, додека ставањето акцент на културна интеграција и разбирање паралелно со изучувањето јазик беше посочено од 20 % од испитаниците.
- Програми за размена или партнерства со родени говорители или можности за учење во странство.
- Спроведување методи на активно учење кои им даваат приоритет на исходите наспроти меморирањето.
- Промовирање воннаставни активности и настани за надополнување на учењето во училницата.
- Воведување технолошки-овозможени алатки и ресурси за учење јазик.
- Усвојување флексибилни и персонализирани патеки на учење за задоволување на индивидуалните потреби.
- Обезбедување професионален развој и обука за наставници по јазици.
- Примена на интегрирано учење на содржина и на јазик (CLIL).
- Распределба на доволно ресурси за јазично образование во рамки на наставната програма.
- Акцент на културна интеграција и разбирање паралелно со изучувањето јазик.
6. Кои од следниве сценарија очекувате да ги видите во иднина во однос на учењето јазик?
Програмите за размена и прекуграничните училишни партнерства се очекува да станат почести, при што речиси половина од испитаниците (48 %) предвидуваат ваков тренд. Методите на подучување јазик се очекува сѐ повеќе да им даваат приоритет на автентичните културолошки доживувања, како што се готвењето, музиката, филмовите (32 %). 31 % предвидуваат дека повеќе деца ќе почнат да учат странски јазик на рана возраст, додека подеднаков процент очекуваат ВИ да го олесни учењето јазик преку персонализирани патеки на учење и повратни информации во реално време. Дополнително, 31 % предвидуваат поголема интеграција на платформи и апликации за учење јазик во наставата во училница.
Некои испитаници сметаат дека моделите на комбинирано учење (29 %) и алатките за виртуелна и аугментирана реалност (22 %) ќе станат пораширени. Помал процент сметаат дека наставната програма ќе вклучува повеќе културолошки компоненти за негување на компетенциите за повеќејазичност (20 %), дека пристапите на интегрирано учење на содржина и на јазик (CLIL) ќе станат попопуларни (20 %) или дека ВИ ќе овозможи зголемено учење на јазиците што не се толку многу говорени (10 %).
- Програмите за размена и прекуграничните училишни партнерства ќе станат почести.
- Методите на подучување јазик ќе им даваат приоритет на автентичните културолошки доживувања (на пр. готвење, музика, филмови).
- Повеќе платформи и апликации за учење јазик ќе бидат интегрирани во наставата во училница.
- ВИ ќе го олесни учењето јазик (на пр. со персонализирање на патеките на учење, обезбедување повратни информации во реално време и превод на глас во реално време).
- Повеќе деца ќе почнат да учат странски јазик на рана возраст.
- Моделите на комбинирано учење (настава во училница со онлајн ресурси) ќе станат широкораспространети.
- Ќе се користат виртуелна реалност и аугментирана реалност за создавање имерсивна средина за учење јазик.
- Наставната програма ќе вклучува повеќе културолошки компоненти за негување на компетенциите за повеќејазичност.
- Во поголема мера ќе бидат усвоени пристапи на интегрирано учење на содржина и на јазик (CLIL).
- ВИ ќе овозможи зголемено учење на јазиците што не се толку многу говорени.
Дискусија
Резултатите од анкетата покажуваат дека значаен процент од училиштата нудат часови по странски јазици, дури и во предучилишно и основно образование (со 4 % и 23 % од испитаниците, соодветно). Речиси еден од тројца ученици (30 %) е многу или изразено многу заинтересиран за учење јазик, иако повеќето од учениците (51 %) се само средно заинтересирани за учење странски јазик. Широкозастапеното усвојување комуникативни методи на подучување јазик и употребата на автентични материјали се клучни за задржување на ангажираноста на учениците и подобрување на нивното владеење на јазикот. Приспособување на упатствата по мерка на индивидуалните потреби и употребата на технологија, како што се апликациите за учење јазици, се, исто така, чести практики кои го унапредуваат едукативното доживување.
И покрај овие напори, и понатаму има предизвици, особено во однос на обезбедувањето задоволителна изложеност на целниот јазик надвор од училницата и решавањето на проблемите поврзани со големината на паралелките, мотивираноста на учениците и времетраењето на наставата. Постои јасна преференција помеѓу испитаниците за програми за размена и партнерства со родени говорители како стратегии за зајакнување на учењето јазик, заедно со интегрирањето методи на активно учење и воннаставни активности. Во однос на она што претстои, постои оптимизам за иднината на учењето и подучувањето јазик и се очекува зголемување на програмите за размена, учење јазици од рана возраст и употреба на ВИ и на технологија за овозможување персонализирани и имерсивни едукативни доживувања.
Further reading
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalTeacher EducatorGovernment / policy makerParent / Guardian
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)