Подобрување на вештините на учениците за читање со разбирање преку подучување стратегии за читање во Арвика, Шведска

Училиштето „Centralskolan“ во Арвика, Шведска, го посетуваат ученици кои доаѓаат од најразлични социо-економски средини, вклучително и ученици од посиромашни квартови. Пред неколку години училиштето увиде дека оценките на голем број од учениците се недоволни за тие да преминат во вишо средно образование. Писменоста на учениците во склоп на повеќе предмети беше идентификувана како еден од главните проблеми во училиштето.
За да се реши овој проблем, со помош на истражувачи беа изработени приспособени стратегии за читање кои требаше да им помогнат на учениците да вежбаат читање и разбирање текст.
Резултатите покажаа дека вештините за читање со разбирање се подобрија малку на ниво на група и значително меѓу најслабите ученици. И учениците кои зборуваат повеќе јазици имаа придобивки од иновативните методи на подучување што се користеа. Училишниот кадар можеше да забележи дека учениците се поактивни за време на часовите и дека дури и покомплексните текстови можеа да се разберат благодарение на стратегиите што се применуваа.
Целосната студија на случај беше изработена во рамки на Студијата за поддршка на иновациите во училиштата низ Европа на Европската комисија.
Further reading
Additional information
-
Education type:School Education
-
Evidence:N/A
-
Funding source:Local funding; National government
-
Intervention level:Universal
-
Intervention intensity:Ongoing
-
Participating countries:Sweden
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalSchool PsychologistStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)