Издржливост во образовни контексти: Еразмус Мундус здружените програми за магистерски студии се отворени за аплицирање

Потребата практичарите да се едуцираат за издржливост е воочена низ културите и регионите на светот. Постои особена потреба да се оспособат децата и младите за ефикасно справување со препреки и предизвици во нивното образование и развој како што се пандемијата со КОВИД-19, климатските промени, конфликти и присилно раселување, миграција и злосторство од омраза. За ова е потребно релевантно, избалансирано и образование полно со значење за децата кои растат во неповолни и маргинализирани околности со фокусирање на нивните силни страни и градење на нивните капацитети во заштитни контексти.
Програмата за магистерски студии развиена од проектот FLOURISH настојува да одговори на овие потреби на европско и меѓународно ниво со обезбедување на постдипломско, висококвалитетно образование за издрживост за едукатори и други практичари, интегрирање на теоријата и практиката во рамките на системска перспектива за образование и човечки развој заснована на силни страни.
Ова е првата меѓународна здружена магистерска диплома во рамките на Издржливоста во образовни контексти предводена од меѓународен конзорциум на високообразовни институции, обезбедувајќи можност за амбициозни лидери за формирање на поиздржливи образовни контексти и системи. Проектот вклучува четири европски универзитети (со Универзитетот во Малта како водечки партнер) и пет поврзани партнери во Европа и пошироко. Програмата трае повеќе од седум години со четири различни изданија на магистерските студии. Прочитајте повеќе околу можностите за стипендија на FLOURISH проектот тука, вклучувајќи информации за тоа како да аплицирате – првиот круг на апликации ќе се затвори во јануари 2023 година.
Дополнителни информации:
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)