Подгответе се за Европската онлајн конференција за еТвининг училишта „Поттикнување креативност, негување благосостојба“

Онлајн конференцијата за еТвининг училишта ќе се одржи од 24 до 26 мај 2023 година. Случувањата во текот на првиот ден од конференцијата, односно во среда на 24 мај, ќе се емитуваат во живо започнувајќи од 15:15 часот по средноевропско летно време и секој ќе може слободно да се придружи и да учествува. Нема потреба од регистрација.
Во свет кој брзо се менува, креативноста и вештините за неконвенционално размислување се високо ценети. Покрај тоа, учениците на кои им се дава можност да бидат креативни се повеќе ангажирани во процесот на учење затоа што тоа им овозможува да ги истражат сопствените интереси и го продлабочува нивното чувство на одговорност за сопственото учење. Таквиот контекст им овозможува на учениците да напредуваат и да се развиваат, додека истовремено значително ја поткрепува нивната благосостојба.
Во текот на конференцијата, учесниците ќе научат да бидат посамоуверени во пристапувањето кон креативноста и благосостојбата во својата училница и училиште преку:
- запознавање со концептите на благосостојба и креативност со помош на експерти;
- осврнување на Мисијата на еТвининг училиштата од перспектива на благосостојба;
- добивање инспирација со практични идеи, алатки и методи;
- споделување и разменување искуства со други колеги кои имаат слични ставови.
Примерите за добра практика, заедно со утврдувањето теоретска и концептуална рамка, ќе им овозможат на учесниците целосно да ги искористат извлечените поуки и добри практики, и ќе им помогнат понатаму да прераснат во модели на кои ќе може да се огледаат другите училишта.
Приклучете се на преносот во живо од првиот ден од конференцијата.
Additional information
-
Education type:School Education