Еднаквост и основни вештини во резултатите од ПИСА за 2022 година

Меѓутоа, инклузијата е неопходна, но не и доволна; таа мора да се комбинира со правичност со цел постигнување вистинска еднаквост во образованието. Правичноста е поврзана со можноста за учениците да пристапат до квалитетно образование, како и со обемот во кој средината од која тие доаѓаат влијае врз образовните исходи.
Еднаквост во образованието: инклузија и правичност
Еднаквоста во образованието е начело според кое секој ученик треба да добие правична шанса да го подобри својот живот преку образование, без оглед на личните околности. Учениците кои завршуваат задолжително образование без да стекнат основни вештини е помалку веројатно да имаат успех во животот како возрасни, а се изложени и на поголем ризик од социјална исклученост. Кога голем дел од населението ги нема основните вештини, се јавуваат најразлични негативни влијанија во општеството и економијата, како и кај поединците.
Инклузијата се однесува на сите ученици без оглед на средината од која доаѓаат, но во практика, таа е од најсуштинско значење за учениците од обесправени средини или од традиционално маргинализирани групи, кои е поверојатно предвреме да го напуштат образовниот процес и да имаат слабо владеење на основните вештини.
Извлекување поуки од тестирањето на ПИСА за 2022 година за иднината на Европа
Резултатите од тестирањето на ПИСА за 2022 година јасно укажуваат на потреба од реформирање на постојните системи во европските земји. Меѓутоа, реформата треба да придонесе за вистинско унапредување на компетенциите и капацитетите на учениците. На Платформата за доживотно учење е детално објаснето дека ваквите резултати не треба да се припишуваат само на пандемијата на КОВИД-19. Тие треба да служат како поттик за размислување за тоа кои системски промени би можеле да помогнат подобро да се преосмислат образованието и обуката за да се променат моделите на учење и тие да станат вистински фокусирани на ученикот. Тоа подразбира да се обезбеди пристап на национално ниво во развојот на компетенциите и приспособување на целите на учење во насока на компетенции, наместо вештини, со цел зголемување на флексибилноста во процесот на учење за сите ученици.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalPedagogical AdviserTeacher EducatorGovernment / policy makerResearcher
-
Target audience ISCED:Upper secondary education (ISCED 3)