Создавање безбедни и инклузивни училишта за младите од ЛГБТИ+ заедницата

Речиси половина од учениците од ЛГБТИ+ заедницата доживуваат врсничко насилство и имаат чувство дека нема поддршка за нивните права во рамки на училишната средина. Покрај слабиот училиштен успех, децата коишто не се чувствуваат безбедни на училиште може да развијат проблеми со менталното здравје, да се чувствуваат осамени, да престанат да одат на училиште, па дури и да размислуваат за самоубиство.
За спречување и справување со насилството засновано на сексуална ориентација, родов идентитет и експресија и полови карактеристики (SOGIESC), потребен е повеќеаспектен пристап. Тој треба да вклучува политики на национално и на училишно ниво, наставни програми кои ќе дадат поддршка во таа насока, обука на наставниците, поддршка за учениците, партнерства со граѓанското општество и систематско следење и евалуација.
Како позитивен аспект може да го издвоиме фактот дека во 32 европски земји воведени се закони и политики во образованието поврзани со сексуалната ориентација. Сепак, само во 11 земји се вршело следење на насилството засновано на SOGIESC во рамки на образованието и/или се спровело евалуација на одговорот на таквото насилство.
Сеопфатно сексуално и граѓанско образование е клучно за промовирање еднаквост, почит и разноликост. Иако сексуалното образование (или слично) е задолжително во 19 земји од ЕУ, неговата содржина во голема мера се разликува. На пример, прашања поврзани со сексуалната ориентација/ЛГБТИ+ се опфатени во 16 земји, додека родовите улоги се опфатени во 10 земји. Наставниците треба да имаат пристап до релевантна обука, којашто ретко е составен дел од иницијалното образование на наставниците, туку е достапна само на „ад хок“ и доброволна основа.
Училиштата треба да ги охрабрат ученичките групи кои работат на прашања поврзани со ЛГБТИ+. Инспирација за тоа може да најдат во мрежи како „IGLYO“ и во организациите што членуваат во неа.
Наставниците кои сакаат повеќе да се посветат на оваа тема се добредојдени да се приклучат во еТвининг групата за род и сексуалност. Има и наставни материјали изработени во рамки на проекти на Еразмус+, како што се „All Inc!“ и „Education for Equality“.
За вистинска еднаквост, од суштинско значење е да се осврнеме на ставовите и верувањата околу родовите стереотипи, како и да се спроведуваат интерни правила за родова еднаквост во образовната средина.
Further reading
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:TeacherStudent TeacherHead Teacher / PrincipalPedagogical AdviserSchool PsychologistTeacher EducatorGovernment / policy makerResearcherNot-for-profit / NGO staffParent / Guardian
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)