Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
News item

Промовирање соработка помеѓу училиштата и науката

Бидејќи децата растат во сè повеќе и повеќе научно напреден свет, училиштата мора да ја развијат научната писменост на учениците. Оваа статија ќе истражи неколку иницијативи кои промовираат соработка меѓу училиштата и науката кои можат да ги направат поинтересни часовите по STEM (наука, технологија, инженерство и математика).
two girls in science class
Adobe Stock / Ann Rodchua

Дејствата на Марија Склодовска-Кири (MSCA) на Европската Комисија ги поддржуваат најдобрите и најспособните истражувачи во Европа и пошироко, овозможувајќи им да го продлабочат нивното истражување во поле по нивен избор. Како дел од инијативата MSCA се организира, Ноќ на Европските Истражувачи секоја година во последниот петок од септември. Со презентирање на работата на истражувачите низ забавни и образовни активности, се демистифицира науката и истражувањата. Децата, младите и семејствата имаат шанса да се сретнат со експерти и да ги откријат нивните истражувања преку научни презентации, сеопфатни експерименти, игри, натпреварувања и дигитални активности.

 

Оваа година започна иницијативата „Истражувачи во училиштата“, која охрабрува директна интеракција меѓу истражувачи, наставници во основни и средни училишта и ученици во училницата. Во активности може да бидат вклучени презентации, сеопфатни експерименти, посети на лаборатории, игри, дискусии и играње улоги. Училиштата во Кил, Германија можат да „Изнајмат-Научник“, на пример, за да предаде конкретна лекција по наука од неговата/нејзината област на експертиза.

 

Најпосле, следното издание од саемот Науката е Прекрасна!, што се одржува во Брисел во март 2023 година, ќе претстави 100 истражувачи од Европа. Ќе им даде на учениците шанса да комуницираат со водечки истражувачи и иноватори и да научат повеќе за нивната работа на возбудливи начини. Науката е прекрасна! исто така има низа на активности за во училница подготвени од страна на научници. Ако не го најдовте она што ви е потребно, зошто да не учествувате во Натпреварувањето Науката е Прекрасна! што им дава на наставниците ретка можност да се здружат со MSCA истражувач и заеднички да создадат ресурс за учење. Има неколку награди што може да се освојат, па уверете се дека сте се регистрирале пред 1 декември 2022 година!

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    ICT Coordinator
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)