Skip to main content
European School Education Platform
News item

Онлајн конференцијата за установите за иницијално образование на наставници кои се дел од еТвининг пристигнува во ноември!

Придружете се на онлајн конференцијата на 30 ноември за да ги слушнете интересните главни излагања и да дознаете која е установата за иницијално образование на наставници на годината!
ITE Conference

Годишната конференција за 2022 година, „Обезбедување колаборативни, инклузивни и одржливи професионални практики за идните наставници преку еТвининг“, ќе се одржи од 30 ноември до 2 декември. Првиот ден, односно во среда на 30 ноември, настанот ќе се емитува во живо и секој ќе може да го следи—нема потреба од регистрација!

 

еТвининг за идни наставници“ ги обединува на едно место установите за иницијално образование на наставници (ITE) од европските земји со цел вклучување на еТвининг во нивните активности за едукација на наставници. Иницијативата вклучува 145 установи за иницијално образование на наставници, над 250 едукатори на идни наставници и повеќе од 2400 студенти идни наставници.

 

Гледајте го преносот во живо од првиот ден, на 30 ноември 2022 година, на веб-страницата на конференцијата за ITE!

 

Агендата за првиот ден вклучува:

  • поздравен говор од Европската комисија,
  • главно излагање за Европската стратегија за универзитети и за Новиот европски Баухаус,
  • церемонија на доделување награда: претставување на установата за иницијално образование на наставници на годината,
  • панел-дискусија за влијанието на еТвининг според впечатоците на студентите идни наставници.

 

Еден од главните моменти на конференцијата е прогласувањето на првата установа за иницијално образование на наставници на годината.

 

Со наградата за ITE се препознаваат, уважуваат и промовираат работата и активностите на установата во три главни области: интегрирање во наставната програма, спроведување проекти и резултати од истражувања.

 

Придружете ни се и дознајте на која установа за иницијално образование на наставници ќе ѝ биде укажана ваква чест за прв пат во историјата на еТвининг.

 

Установите кои влегоа во потесен круг за 2022 година се:

  • Висока педагошка школа Штаерска (Pädagogische Hochschule Steiermark), Австрија
  • Педагошки факултет, Универзитет во Загреб (Učiteljski fakultet, Sveučilište u Zagrebu), Хрватска
  • Универзитет на Источна Финска, Школа за применета педагошка наука и образование на наставници и Универзитетски центар за обука на наставници, Финска
  • INSPE Amiens, Франција
  • Стручна педагошка школа Штутгарт Лудвигсбург, Германија
  • Università degli Studi di Firenze - Scienze della Formazione Primaria, Италија
  • Универзитет на Долна Шлезија - Dolnośląska Szkoła Wyższa we Wrocławiu, Полска
  • Универзитет на Жилина, Словачка
  • Universidad de Castilla-La Mancha, Facultad de Educacion de Albacete, Шпанија
  • Högskolan Väst, Шведска
  • Institut supérieur des études appliquées en sciences humaines, Zaghouan, Тунис
  • Универзитет Мерсин, Турција.

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Student Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Other

Tags

eTwinning community